Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Даниел има скоро 300 илјади фанови на фејсбук, додека од финалистиве мислам само Тамара има над 50 илјади.
Многу нормално може да собере доволно гласови за да победи, ама се некако ми иде дека од продукцијава ќе ги наместат Доктори или Тамара.
 
Лол ја сеа тек ја видов Илма како е облечена, на малечката невеста ми личи.
proxy.php
Интернет експлорер а ? :icon_lol:
Па добро не касниш многу, само една недела :icon_lol:
 
Добро што испадна оваа брклестата ,одбивна ми е цело време,според мене најмногу шанса за победа имаат Тамара и Даниел.
Инаку фаворит ми беше Александра Секулич добро пееше а уште подобро изгледаше,штета што испадна толку рано.:(
 
Криво ми е Илма што излезе, нормално човечката завист и цинизам секогаш се фокусираат на она што можеби не е совршено, али кога некој ќе го има нејзиниот талент да ми се јави. Имала стомак, бркови... свашта. Мислам, сериозно. Ај муабетиве 13годишни да ги прават, ќе разберам, децата знаат да бидат такви, ама +18.. мислам шта реќи, недозреаност. И двајцата отпеаа прекрасно во дуелот, не заслужија да отпаднат. Даниел го форсирале, жими газот, Тамара со тоа пискавиот глас пробива звучен ѕид, ама пошто е симпатична она била супер, жими такво. Тамара требаше да излезе и точка.

1.Маид - Си беше солиден и на двата настапи, иако во песната за спас беше подобар, според мене. Заслужено помина, иако повторно, не требаа тие двајца да се најдат во дуел.
2. Доктори - Почнаа ок, после ми се изгубија, едноставно изгубив волја да ги слушам, а и Армин со тоа дерењето повторно успеа да направи да ми се одмили некоја песна.
3.Лукијан - По “Све моје зоре“ за мене ова му беше најдобар настап, а и воглавно беше најдобар настап вечерва, некако со највеќе емоции.
4. Тамара - Единствено фризурата на Беквалац во комплет со нејзината песна беа полоши од Тамара. Додуша има девојкава талент, треба да имаш талент да направиш секоја можна песна да ти биде ужасно досадна и одвај да чекаш да заврши. Даниел можеби го има во сите медиуми, ама барем има 100 пати повеќе талент од неа, а таа ја има секаде, ама на многу суптилен начин и многу суптилно е форсирана, сосема незаслужено. Секулиќ може немаше најсјаен глас, ама девојката знаеше сосема коректно, ок и без глумење принцеза да ги долови песните. Па и во куќата на судиите беше подобра од Тамара. А после ова веројатно и ќе победи или ќе биде втора. Страшно.
5. Даниел - Најслаб настап до сега, несигурно на почеток, промаши малку текстот, но на крајот се извлече. Одвај чекаа да му се фрлат на човекот, најмалиот кикс со радост цел фејсбук и цел интернет каде има македонски јазик блискаше од радост што има што да искритикува. Каков народ.. фацинантно. Ниеден од тие што сега се први да критикуват, ниту еднаш до сега не го пофалија или тоа го правеа со пола уста, а сега први се со аплаузи... Исто ко со примерот со Илма, човековиот цинизам и среќата која ја доживуваат кога некој малку ќе киксне е немерлива, тажна и трагична. Башка му се фатија на човекот што проговори две реченици на српски, а човекот кој е таму со месеци цело време збори на македонски, ама проблем биле овие две реченици.

По мое, вака ќе излезе:

1. Тамара
2. Доктори
3./4. Даниел/Маид
5. Лукијан

Во моментов само ќе кажам, кој сака нека победи, ако треба Ќато нека го вратат за да победи, само тоа да не биде Тамара.
 
Зошто секогаш кога човек ќе даде негативно свое мислење или критика мора да се надоврзи дека било од завист,љубомора,... таа е реалноста а критики добиваат сите јавни личности.
Доста и беше на Илма до тука,не е за победа,кој било нека победи од преостанатите само да не се Доктори,сепак се група за тинејџерки,и незнам зошто не би можела Тамара да победи девојката одлично пее и на сцена супер изгледа така да тоа е тоа (и доколку се тргне настрана зависта и љубомората:)) може слободно до победа!
 
Стварно ме изненади тоа што излезе Илма....... , а по вчерашниот настап на Маид со одисеја можам слободно да кажам дека он треба да победи..... :)
 
Според мене мислам дека ниту еден кандидат не ми остави WoW во теков на настапиве како што направија на аудицииве. Пеат ОК ама немам wow да ме занеме. За тоа сметам дека се криви менторите како да ги осакатуваат некако, незнам што точно ама како што испеаја илма даниел, тамара на аудиција ни 70% не го направија во настапиве во живо. Не дека пееја лошо но многу ми пееја еднодимензионално. На моменти даниел може да отскокне и мислам дека да му беше Кристина менторка многу повеќе ќе покажеше. Оној Жељконо многу влече кон неговион стил ко само таа музика да постои. Затоа сметам дека најдобра менторка е Кристина затоа што групиве ги направи да звучат многу добро и иако испаднаа 4U сепак беа многу подобри од некои други.
 
Последно уредено:
Јас сепак мислам дека Даниел ќе победи, иако сум против тоа. Човекот има многу голема фан база и во Србија. Имаше на некој од српските сајтови анкета кој е фаворит за победа: Даниел имаше двојно повеќе гласови таму од сите останати заедно.

Сепак, јас би сакал победата да ја однесат Доктори - тие полека ми станаа фаворит број 1, а и баш би сакал да видам како ќе им го поделат мини куперот. :D Или ако не тие, тогаш Тамара.

По мое мислење, Лукијан и Маид немаат никакви шанси.
 
Даниел без разлика дали ќе победи или не , очекувајте да направи добра кариера. Тешка работа продукцијата на Јоксимович да испушти толку голема фан база , има да се дупнат од пари правење со Даниел и ќе го направат ѕвезда барем на балканските држави. Ништо чудно Даниел во наредните 2-3 години да не застапува и на евровизија , што според мене и заслужува , дечкото си е онака искулиран , убаво пее од повеќето наши ѕвезди како пепа прасе и томче жирафа и остали.
 
Вчера најдобар настап имаше Тамара,а не е првпат Тамара да има најдобар настап.Веднаш зад неа беше Лукијан а Илма,Докторите и Даниел сите испеаја многу погрдо од нивните вистински спосбности.Маид си пееше исто како и сите останати лајвови,катастрофа.Не можам да ги сфатам луѓето на кои Маид им е НАЈДОБАР.
Доколку се смета исфрлањето според настапот од еден лајв требаше во дуел да одат Даниел и Маид,но бидејќи фала богу тоа не е случај,требаше Маид и Лукијан да бидат во дуелот и Маид да отпадни бидејќи Лукијан има 1-2 настап каде што заблеска.
Илма можи не звучеше толку добро на првиот настап поради одбраната песна,која што е одлична но не е за Илма,во дуелот беше :cuc:
и дефинитивно заслужи да оди понатаму.
Даниел требаше да ја одбере Synonim (англиската верзија од Није љубав ствар) а Маид можеше да одбере било која песна од Жељко бидејќи која да ја одбереше пак ќе беше :гомце:.
 
Ќе прашам пак. Ај ако може попрецизно да напишеш зошто Тамара имала најдобар настап, а Маид катастрофа. Од музичка гледна точка? Пошто гледам некако однесувањево ти е експертско, ако може да го образложиш мислењето.
 
Вчера најдобар настап имаше Тамара,а не е првпат Тамара да има најдобар настап.Веднаш зад неа беше Лукијан а Илма,Докторите и Даниел сите испеаја многу погрдо од нивните вистински спосбности.Маид си пееше исто како и сите останати лајвови,катастрофа.Не можам да ги сфатам луѓето на кои Маид им е НАЈДОБАР.
Доколку се смета исфрлањето според настапот од еден лајв требаше во дуел да одат Даниел и Маид,но бидејќи фала богу тоа не е случај,требаше Маид и Лукијан да бидат во дуелот и Маид да отпадни бидејќи Лукијан има 1-2 настап каде што заблеска.
Илма можи не звучеше толку добро на првиот настап поради одбраната песна,која што е одлична но не е за Илма,во дуелот беше :cuc:
и дефинитивно заслужи да оди понатаму.
Даниел требаше да ја одбере Synonim (англиската верзија од Није љубав ствар) а Маид можеше да одбере било која песна од Жељко бидејќи која да ја одбереше пак ќе беше :гомце:.

Go home.
 
Девојчињава ја мрзат Тамара дека машките ја сметаат за згодничка и убава,мене лично не ми е нешто посебно ама факт е дека не изгледа ко проклетата медуза брковиќ и факт е дека убаво пее.
 
Девојчињава ја мрзат Тамара дека машките ја сметаат за згодничка и убава,мене лично не ми е нешто посебно ама факт е дека не изгледа ко проклетата медуза брковиќ и факт е дека убаво пее.

Александра Секулиќ беше 6 пати поубава од Тамара па немаше толку негативни мислења за неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom