IspT, прашано во МВР и проверено, не се работи за измама!
Секоја чест на храброста на Зорица да настапи јавно во нашево малограѓанство. Верувам дека не си единствен случај на кој наишла на ваков одзив. Можда и оправдан е одзивот со оглед на бројот на преваранти во државава. Некои тргаат и од себе, но небитно.
Еве да речеме и дека Зорица шарала наоколу, тоа не е никакво оправдание за семејно насилство. Но и да речеме дека, како во радикално-муслиманските земји тоа е оправдано насилство врз неа. И во таков случај тоа не е никакво оправдание за да причиниш терор и страдање на твоите деца! За такво нешто треба да си психички тешко оболен. За жал Зорица тоа не го увидела на време, па сега свесна за грешката го понела и сиот товар на свој грб. Тоа е храбро и човечки и секоја чест за тоа. За мене е човечки да помогнеш на друг кој се бори за истата цел како и ти. А тоа е најсветото и највредно на овој свет, твоите деца... Се друго е гола вода...
Ако веќе не можеш да помогнеш, барем не одмагај и не отежнувај. Се работи за човечки чувства и нечии судбини.