Апел до сите хумани луѓе: Да му помогнеме на Ацо Конга!

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Пејачот Јоце Панов денеска на својот фејсбук профил сподели упати апел до сите хумани луѓе информирајќи за загрижувачката состојба во која се нашол неговиот колега, добро познатиот музичар Ацо Конга. Имено, на музичарот неодамна му била извршена операција во која му ја ампутирале раката, но за несреќа болеста метастазирала и потребна е терапија која чини 15 000 евра. Во продолжение Ви го пренесуваме целиот текст што го објави Панов:

„Се обраќам буквално до целата македонска јавност, до секој еден жител на оваа држава, па и надвор од неа, до сите институции, фирми, до сите мои колеги од естрадата, па и до Владата на РМ. Никогаш во мојот живот не сум се нашол во ваква ситуација. Веке 15 дена размислувам како да го направам првиот чекор, а јавноста да не ме сфати погрешно, цело време сум во грч и не знам што да направам, а од цело свое срце сакам да помогнам. Да сум во состојба, сам би го направил ова што денес го споделувам и го барам од вас.

Се работи за човек кој со еден збор ми помогнал мене кога ми била потребна негова помош, човек кој знам дека на многу луѓе им се нашол и им помогнал на каков било начин. Се работи за еден великан и уникат на македонската естрада, се работи за АЦО КОНГА.

Пред 15 дена му се јавив да го слушнам и од тогаш наваму немам мир во душата, сакав да го прашам како е и да се видиме, а тој ми прозборе со најболен глас и ми рече дека му се случила трагедија, дека му ја ампутирале раката до лакт… во тој момент светот ми се сруши, ми се отсекоа нозете затоа што веднаш ми дојде сликата пред очи како овој човек пред само неколку месеци ми свиреше на мојата промоција во Белград на 17.01.2013.Јас живеам на само 50 метри од него, комшии сме, и чувствувам голема одговорност да најдам начин да му помогам со ваша помош.

За да е уште пожагрижувачка ситуацијата, после овој зафат, метастази му се прошириле и на други места, па ИТНО му е потребна најдобра и најусовршена терапија, разбрав дека тоа ќе биде индиска терапија и дека ќе чини околу 15 000 евра, што мислам дека не е многу пари ако сме сложни и ако сите направиме нешто.

ВЕ МОЛАМ ВЕ МОЛАМ ВЕ МОЛАМ. Можеби некои од вас ќе речат зошто сега токму јас го правам ова, но ќе ви кажам дека чекав 15 дена нешто да се случи и некој да преземе нешто, можеби и многумина не се информирани, но човекот се бори за живот и секој поминат час за него е голем како планина. Знам и дека вистински хуманите и добри луѓе помагаат и никаде тоа не го спомнуваат, никој не знае дека направиле големо дело, јас не сум тој, јас само со ова сакам да најдам прави хумани луѓе, јас ги барам вистинските луѓе за да помогнат.

Можам да земам негова жиро сметка, можам да трчам и да пробам да направам некој хуманитарен настан, но за жал немам толкава моќ сам да ги соберам парите за краток период. Се надевам дека ќе наидам на разбирање од ваша страна. Ви благодарам. ЗА ДА ГО ОБЈАВАМ ОВА, ДОБИВ ДОЗВОЛА ЛИЧНО ОД АЦО КОНГА.“
jocep.jpg
Драги кајгнаџии кој има идеја некаква и сл. да му помогнеме на човеков било од голема помош. Да имаше жиро сметка ќе донирав пари но моментално нема ништо ако има некој од форумов тука контакт со Панов би било добро некако да се отвори жиро сметка или пак телефонски да може да се донира бидејќи сепак се работи за сериозна работа. :)
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Лошо. Ајде нека дадат броеви за донација.
Знае некој за каков вид на рак се работи ?
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Еве ја жиро сметката:

*ACO BOGDANOVSKI - SPARKASSE BANKA*
*BROJ NA SMETKA: 250-0010009953-94 *
*BROJ NA LICNA KARTA: A0087494 *
*ULICA "VERA JOCIK" br 25 OPSTINA KISELA VODA - SKOPJE*
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Еве ја жиро сметката:

*ACO BOGDANOVSKI - SPARKASSE BANKA*
*BROJ NA SMETKA: 250-0010009953-94 *
*BROJ NA LICNA KARTA: A0087494 *
*ULICA "VERA JOCIK" br 25 OPSTINA KISELA VODA - SKOPJE*
Абе се тоа убаво искрено и јас би донирал, али некако без лекарска потврда не ми се даваат пари и не директно на сметка.
Додека кога се иде преку број па и не може баш секој да ги добие бројчињата треба да се однесат документи потпишани од конзилиум па да се одреди бројче.
Мислам да не бидам лошо сватен и да не ме разберете погрешно.

И ај до сите овие упатениве нека објаснат каква е таа “ ИНДИСКА ТЕРПАИЈА “ прв пат слушам.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
site-za-aco-konga-2-620x350.jpg

Сите за Ацо Конга – голема хуманитарна акција на „Горила“‏
„Горила продукција“ и „Бекстејџ“ заедно со сите нејзини артисти и соработници со поддршка и од НУ „Театар Комедија“, следниов викенд ќе го посветат на нивниот голем пријател, соработник и колега – Ацо Конга. Во негова чест и сè со цел да му се помогне, „Горила продукција“, „Бекстејџ“ и НУ „Театар Комедија“ во соработка со уште многу локали, клубови и кафулиња ширум Македонија, организира голема акција за собирање на дел од средствата потреби на скапата терапија. Собраните средства од влезниците и кутиите за донации ќе одат на жиро сметката за помош на Ацо Конга.

Ова е и Ваша можност да помогнете! Влезницата која секако би ја платиле, сега ќе биде искористена да му се помогне на човекот кој разубавил многу Ваши вечери. За оние кои сакаат да помогнат повеќе и се во можност да го направат тоа, ЖИРО СМЕТКАТА ЗА ПОМОШ НА АЦО КОНГА е отворена во „ШПАРКАСЕ БАНКА“ на име:



АЦО БОГДАНОВСКИ

БРОЈ НА СМЕТКА: 250-0010009953-94

БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА : A0087494

ул. „Вера Јоциќ“ бр. 25 Општина Кисела Вода, Скопје

ИЛИ МОЖНОСТА ДА ДОНИРАТЕ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ +389 75 143 777,

САМО ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ОНЕ



ВИКЕНД АГЕНДАТА ЗАПОЧНУВА

ЧЕТВРТОК:

НОКАУТ – Расчекор, Битола

ПАНКИ – ресторан Дион, Скопје

ПЕТОК:

ДАРКО ИЛИЕВСКИ & 3G БЕНД – клуб ВИП, Прилеп

ДИМИТАР АНДОНОВСКИ (live) – GT, Битола

ТАМАРА ТОДЕВСКА (live) – Маркафе, Скопје – ЗАЕДНО СО ДРУГАРИТЕ НА АЦО КОНГА

SAXATION – клуб Привилејџ, Скопје

диџеј ГОЦЕ САФ – Маф Маф, Струмица

диџеј ИЛИЧ – клуб Амнезија, Тетово

диџеј ЧВАРЕ – клуб Pulse, Неготино

диџеј ОКИ ДОКИ – Ескејп, Радовиш

THE SOUND MESSENGERS – Ноктурно, Велес

диџеј FACKY FARRIS – Круна, Кавадарци

АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ – Акрополис, Неготино

ВЕРА ЈАНКОВИЌ – кафе бар Москва, Куманово

САБОТА:

ДИМИТАР АНДОНОВСКИ (live) – клуб Оаза, Струга

диџеј ОКИ ДОКИ – Републик, Тетово

диџеј МАЦ – Ноктурно, Велес

диџеј ИЦКО – Ескејп, Радовиш

THE SOUND MESSENGERS – клуб Шкорпион, Тетово

ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ – Frame, Ресен

МЛАДЕН ТОМИЧ, НЕНАД ОМЕН, К. ПЕТРОВСКИ GREEN FEST – Дом на млади, Штип

РОБЕРТ БИЛБИЛОВ – GT, Битола

ВЕРА ЈАНКОВИЌ – ВИП, Виница

НЕДЕЛА:

Претстава „ХАМЛЕТ ВО ПИКАНТЕН СОС“ – Театар Комедија, Скопје … ВЛЕЗ: 140 ДЕНАРИ.

СРЕДСТВАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ЗА АЦО БОГДАНОВСКИ – КОНГА

СИТЕ ЗАЕДНО ЗА НАШИОТ И ВАШ АЦО КОНГА… ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШАТА ПОДДРШКА!
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Познатиот музичар Ацо Богдановски (1960), познат како Ацо Конга ја изгуби битката со карциномот на коските и утрово почина.
Откако му беше дијагностициран ракот некогашниот член на "Нокаут" се бореше со лошата болест, дури и му беше ампутирана раката, а колегите се обединија да му помогнат, одржуваа концерти и настани преку кои собираа пари за негово понатамошно лекување.
Првата група во која членувал Конга е Макакусс (1979) кога почнува да удира на конги.
Потоа беше дел од бендот Нокаут формиран 1997 година, на два албуми: Нокаутт (1997) и "До последен здив" (2001) каде што се големите хитови "АБЦ", "Фатална опсесија", "Временска машина", "Би се викал те сакам", "Телефонскиот број не постои", "Илјада причини за крај"...
http://www.sitel.com.mk/mk/pochina-aco-konga
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле како ми се појави пред очи ова, ептен се потресов... Лесна нека му е земјата, штета што не успеа да се спаси. :(
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.291
Поени од реакции
3.665
Лесна му земја, канцер на коски е заебана работа, нема лек ... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom