деца баталете тоа компјутериве оти се што гледате верувате во тоа/ Најголем причинител за анскиозност и стрес ти е компјутерот, зрачењето од екранот, еден куп глупости што читате и гледате, се што е со негативна содржина, особено глупии статии и филмови, мнгоу дома седење. потиснување на чуства и мисли, несоцијализирање и комуницирање, премногу обврски и грижи, па умот не можи да се справи соодветно, недоволна физичка активност, премногу замарање со неважни работи.
Јас не зборам од памет од искуство зборам
решение следново:
Не користи ни компјутер ни смартфон, немаш никаков ќар од него, освен ако не работиш преку компјутер, тогаш гледај да намалиш времето
Продај ги или подари ги сите непотребни работи дома што не ти требаат, како материјални работи, украси, облека, козметика, електронски апарати, бидејки нивното одржување ти создава грижи, а натрупаноста низ дома ти го натрупува мозокот со мисли. Гледај дома секогаш да ти е средено и чисто.
Излегувај повеќе и дружи се, барај социјални и интерактивни спортови, курсеви, хоби
Избегнувај негативни особи, запознавај и дружи се со позтивни и интересни, оти со кој си таков си
Секоја работа прави ја посебно, сега едно, после друга, денес ова, утре тоа, и не практикувај мултитаскинг да правиш повеќе работи истовремено
Ако си ставаш многу обврски, и временски интервали за завршување на нив, елиминирај ги небитните и зголеми си го временскиот интервал за неколку пати на приоритетните
Секогаш кога ке се занесиш со умот, штом забележиш веднаш вракјај се во физичката реалност, оти една мисла води кон следна
Не ги анализирај работите, се прави спонтано, искрено и едноставно без многу тупење
Ако работата ти е умствена, гледај да ја промениш со некоја физичка работа каде се бара визуелна концентрација на околината, тимска работа и интеракција, за да развиваш физичка и моментална снаодливост, а не длабоко размислување и анализирање
престани да се секираш што мислат другите за тебе, додека се гришиш за тоа си роб себеси, зборај, прави како што се чуствуваш, ти како што се гледаш себеси така те гледаат и другите, не се секирај и да правиш нешто глупаво и погрешно, ако тебе ти е убаво и интересно, никој нема да забележи дека е глупаво
Престани да ги потсинуваш мислите, се што ти иди кажувај го на глас макар било и без врска
Престани да се замараш со перфекција, оти нема да ја достигниш, прави ги работите, ендоставно без многу труд, и пофалувај се дека одлично си ги направил
Јади повеќе овошје и зеленчук а избегавај алкохол, слатки и брза храна
Парите повеќе да се трошат на патувања и излегувања, а помалце на материјални работи, така се станува посреќна личност
Започнување разговор со непознати луѓе и запознавање, не мора да му ја тупиш што паметно да кажиш забележи нешто што прават, носат, било што и постави отворено прашање каде треба личноста да зборува проширено на таа тема, да не се одговараат со да или не, или прашај демек ти треба мислење од друго лице за одредена ствар,
Спиј доволно и легнувај и станувај секој ден во ист интервал
ИЗложувај се секој ден барем 3 часа на сонце
Барај вентили во кафана, кафичи, природа, фудбал, кошарка, јога, часови по самба, румба
Барај го решението во мисли и сонови, тие ти го нудат одговорот, на пример ако си замислуваш нешто тоа значи дека сакаш да ти се случи ама немаш муда во реалноста да преземиш акција да се оствари желбата. Ако ти е страв од нешто значи пак недовлоно преземаш акција во животот и си прајш тешки филмој во глата оти нмаш друга работа, Се е начин на перцепција и верување, не постои ни црно ни бело, ни добро ни лошо, ти му даваш сам значење на работите со твоите мисли, верувања и искуства од минатото. Сега за нешто што имаш негативно мислење за 1 година можи скроз да го смениш мислењето. Стравот се шири како вирус, за 3 работи можи да ти е страв ама со секоја наредна мисла што ке ти дојди на ум стравот се лепи и на тие работи и после од се имаш страв. Затоа почнувај да го надвладуваш со излегување од кофортната зона и соочување со стравот. Тогаш кога ти рипа срцето за одредена работа направи чекор напред и преземи акција, бидејки најчесто е стравот продукт на несигурност од непознатото и нашата бујна имагинација, значи помалце мислење и планирање и преземање акција за се што посакуваш да направиш
Насочај го умот кон тоа што сакаш да направиш, постигниш, твоите идеали и стремежи, како веќе да е завршено постигнато, бидејки е прелесно за тебе,
елимирај ги сите мисли што се негативни, сите стравови и несигурности, не им обрнувај внимание за да не ти го кочат умот кон остварување на твоите желби
сатот е 5 сабајле не ми текнува ништо друго, некој друг член нека предложи ако сака интерактивни места за социјализирање и запознавање на нови луѓе бидејки тоа е најдобар лек за депресија и анксиозност, за зголемување на позитивната енергија и ментален склоп