Актуелни воени судири ширум светот, дискусија исклучиво од воен аспект

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
Сигурен си ?

Дали си осетил како е во среден век врз тебе да истурат топло масло или со истото масло да ја полијат тревата и да те запалат да гориш жив ?
Камен од катапулт да те рокне дирекно, со импровизиран пламенофрлач да те изгорат додека си качен во дрвена кула и чекаш да се прекачиш на ѕидот, да паднеш во јама со наострени колци, покрај масло да ти истурат камења , стебла од дрва итн итн итн.
Затоа кажав дека за пешадија никогаш не е добро... Ама никогаш не било вака. Пази, тие во замоците горе долу биле безбедни додека се одмараат. Ок, нормално освен ако во моментот противничката пешадија не им го сече грлото додека се заспани. :D На должност тие горе на кулите се прилично заштитени во однос на противничките стрелци долу кои се на отворено. Дури и тие долу на отворено, не можеле да бидат елиминирани од еден стрелец горе. Итн, итн.

Спореди со ова денес. Еден дрон оператор со дрон кој носи дузија фраг гранати може да реши цел вод. После да кликне на „врати се“ и да активира нов дрон и да реши нов вод додека првиот дрон се враќа на полнење батерии. А дронови и гранати се секогаш поевтини од војници, додека дрон оператор не бара повеќе време од квалитетна обука на војник.
Дури и во дефанзивна позиција војниците денес се повеќе како глинени голуби, но се користат затоа што никој (сеуште) нема толку дронови колку што има војници.

Ова што го гледаме денес е огромна смена на парадигма. Да бидеме живи и здрави па јасно ќе биде дека за некоја деценија војните ќе изгледаат сосема поинаку. Притоа се разбира дека ние обичните луѓе навиваме да нема војни, но тие најгоре на хиерархијата имаат други интреси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom