Мене ми изгледаше како да сакаат да го вратат ефектот на Супер Бинго... Го седнаа Игор на голема маса со различни реквизити (буквално исто како Супер Бинго), Натали покрај него... Она што фали за атмосфера е публика во студио, ама според текстов во наредните кола ќе се оствари и тоа.
ПРВОТО КОЛО ОД ИГРАТА НА СРЕЌА ЏАМБО БИНГО СО РЕКОРДНА УПЛАТА
Скопје, 25. 10. 2011. Вчера се одржа извлекувањето од првото коло на играта на среќа Џамбо Бинго на Државна лотарија на Македонија. Уплатата на ова коло од вкупно 1.582.920,00 денари ги надмина очекувањата, а за 30% ја надмина и највисоката уплата на претходната Бинго игра на Државна лотарија. Зголемениот интерес на Бинго играчите во Македонија се должи на подобрениот концепт, поголемите можности за добивки и секако атрактивноста на водителскиот пар - шоуменот Игор Џамбазов и убавата Натали.
Зголемената уплата се одрази и на висината на Џамбо Бинго добивката која од почетокот на приредувањето на игри на среќа на Државна лотарија на Македонија е најголема Бинго добивка до 90тиот број и изнесува 316.584,00 денари. Останатите парични добивки од вкупниот фонд од 791.460,00 денари се распоредени по категориите "Линија", "Две линии", "13 погодоци", и "14 погодоци". Среќната Џамбо Бинго картичка е уплатена во салонот на Никофон во ТЦ Бисер во Скопје.
Сценарист на емисиите е Игор Џамбазов и согласно концептот во секоја ТВ емисија ќе гостуваат по две познати лица – секој од нив со Џамбо достигнувања во своето поле на делување. Првите Џамбо Бинго гости беа кошаркарот Тодор Гечевски и фудбалскиот судија Александар Ставрев кои во непосреден разговор во студиото ја збогатија содржината на емисијата. Публика на првото ТВ извлекување беа вработени во Државната лотарија на чело со Генералниот директор Дане Кузмановски и тим кој работеше на реализација на играта и емисијата. По првите емисии се планира да се отвори студиото за публика од сите краишта на Македонија, откако ќе се објави механизмот за пријавување на публика.
Играта на среќа Џамбо Бинго е пласирана само еден месец по почетокот на приредување на спортската прогноза Тото плус, што е извонреден успех за малиот тим вработени во Државна лотарија на Македонија и пред се сведочи за добрата деловна стратегија. Паралелно се работи и на пласман на нов инстант лоз, како и на подготовки на дополнувања на постоечките игри на среќа. Посебен акцент во наредниот период е на продажната мрежа која до крајот на оваа година ќе има далеку поголема распространетост од моменталната што секако ќе ефектуира со зголемено учество во игрите на среќа.
Уплатата на второто коло од играта на среќа Џамбо Бинго е веќе во тек, а играчите ги очекуваат бројни добивки: Гарантираните добивки за категориите "Џек пот линија" и "Џек пот две линии" од по 600.000 денари, гарантираната добивка Супер Џамбо – автомобил Пежо 107 и дел во пари, добивката од 300.000 денари за Џамбо Џокер како и добивката МАКСИ ЏАМБО која за наредното коло изнесува 2.063.316,80 денари.
Слоганот на играта – Вежбај радување, се однесува на сите потенцијални добитници на една од бројните добивки од богатата игра на среќа Џамбо Бинго, за која на радост на приредувачот интересот е навистина голем.