Кога ќе прочитам вакви постови тогаш си велам ,,море уште еден закон за високо образование треба да донесат, каде што ќе се полага државен испит по двапати во еден семестар ".
Финтата е што не мора да трпиш штета. Сигурно постои и друг начин. Премиерот викна претставници на СП на разговор. Јебига, значи не било сето тоа за џабе. И да, јас сметам дека ќе изгубам многу од наставата. Образованието (за кое веќе сум платил) ми е доста битно и не планирам да губам часови само затоа што некој сметал дека тоа е единствениот начин за привлекување на внимание. Кога викам некој мислам на помалку од 5-10% од студентите. Часовите кои ќе ги изгубиме ќе треба или сам да седнам дома да ги надополнам, или ќе треба да се продолжи големината на семестарот. И двете опции не ми одговараат. Значи некој одлучил во мое име, без да ме праша (исто како владава нели) и сега јас тоа треба да го почитувам ?Подобро да трпиме штета одреден период отколку во наредните 50 години.
Окупирањето е форма на граѓанска непослушност. Организиравме три протести, бевме изигнорирани.
Со ваквиот начин на окупација, мислам дека ќе не чујат. А и без тоа мислам дека ќе попуштат, сардисани се од сите страни.
Мене ме интересира зашто кога не не ебеа 2 посто не ги радикализираа протеститеа а сеа коа го повлекоа законот прават некакви автономни зони.И јас не се согласувам со ваквиот вид на протестирање против државниот испит.
Кој губи со не посетување на наставата?
Самите студенти...
Ова не е средно, па да мора да се надополнат часовите. Ако професорот не сака да ги одработи овие часови, со никаков закон не е присилен да го стори истото, бидејќи доколку тој присуствувал на предавањето, тоа ќе се смета за одржано па дури и ако ниеден студент не дошол на истото.
Плус што нема шанса сите да усогласиш цела група да не доаѓа на предавањата.
Од старт е чист промашај...
Пленумот пропаѓа се повеќе и повеќе со секој нареден потег.
Како прво прифатија нешто против кое беа во текот на целото нивно дејствување.
Мајка им да не ги тераше да прифатат одложување на испитот и во последен момент да ги сменат своите почетни ставови?
Ако веќе прифатиле некој предлог, тогаш против што протестираат сега?
Кажав и пред месец и нешто, одлично почнаа пленумците кога беа раководени од фаци кои "живеат во реалноста".
Кога почнаа да се прават главни оние кои со паметот живеат во некој свој свет и воопшто немаат допир со реалноста, се им тргна во надолна линија.
На генералниот во вторникот се даде зелено светло. У петокот имаше цели час и половина за одлука. Пишале на фб кратка координација, повеќето биле да се оди (ја полагав испит не видов). Барањето беше исполнето, можда со некоја отстапка. Имаме година и нешто за нов закон во кој треба да бидат вклучени сите засегнати страни. Доколку не' зезнат имаме и те каков легитимитет за вонинституционално делување.Исто како што и требаше да размислат двапати пред да одат на средба со премиерот во неговиот кабинет.
Инаку постот беше наменет за тој погоре што сметал дека ќе изгуби многу од наставата
Тоа е супер според мене,али што се дешава сеа?На генералниот во вторникот се даде зелено светло. У петокот имаше цели час и половина за одлука. Пишале на фб кратка координација, повеќето биле да се оди (ја полагав испит не видов). Барањето беше исполнето, можда со некоја отстапка. Имаме година и нешто за нов закон во кој треба да бидат вклучени сите засегнати страни. Доколку не' зезнат имаме и те каков легитимитет за вонинституционално делување.
Според мене, сега се дешава нешто што требаше да се дешава ако не беше постигнат тој договор. Пак требаше да има нешто, но според мене, у некој „поблаг“ вид (иако ова е малце индивидуално, кој како го сфаќа).Тоа е супер според мене,али што се дешава сеа?
А кој може да е?Дај бе не зезајте, на фб пишале и се изјаснувале
Не знам кој одлучувал за постапкиве ама се сомневам дека е тоа гласот на студентите. Пленумот почна убаво, ама после ова би размислил дали пак ќе излезам на протести во име на Студентски Пленум. Ако Грујо не сакаше да ги чуе и види 10 000 луѓе на улица, пленумот ја закопа идејата за која тие 10 000 излегоа.
Болдот е тоа што збунува.А кој може да е?
Дечките биле у Ректорат на закажана средба со ректорот, деканите и проректорите, доаѓа ректорот (видно изнервиран) и вика дека у 12:30 треба у Влада е состанокот на иницијатива од Груевски. Може за саат ипол да се свика генерален пленум? Или било каков, и локален да е...ај те молам...имаше согласност да се оди на таа комисија (иако беше за вторник, 10ти, т.е. денеска). Грујо одигра у негов стил, се убаци ко џокер у покер, али се постигна договор во рамки на нашите барања и не гледам што е проблемот тука. Ако ја слушнете изјавата на еден од двајцата претставници таму, ќе слушнете „...во наредниот период ќе приложуваме дополнителни аргументи со цел целосно укинување на овие измени...“. Плус донесувањето на новиот закон кое се надевам ќе се случи со сеопфатни работнни групи во кои ќе бидат вклучени студентите и професорите.
Да бидам подетален, откако било издејствуван мораториум на 2 или 3 члена од измените, „господата“ Груевски, Адеми и Спиро веќе станале да си одат, на што добиле реакција дека уште не е завршено. Така да споредете ја почетната позиција, со она што било издејствувано.
И престанете со мочаните шпекулации дека некој бил биран на лотарија од ректорот. Пошто очигледно не сте во пленумот, не знаете што се' се случувало.
Не ме сфати, ок јас малку лошо ја поставив тезата, извињавам се...дали си бил на некој од состаноците на Пленумот? Затоа што изгледа како да не знаеш како се случувале работите, па викаш „лотарија правел ректорот“. Во вторникот беше изгласано да се пратат двајца претставници во таа работна комисија/група/што и да е, еден од интерен пленум на Правен (како некој постручен во таа област) и уште еден друг. Се најде согласност за тие двајца, едниот од нив не можеше да присуствува зошто не беше во Скопје, така што мораше да се најде итно замена. Не глеам ништо спорно@true blue
Мочаната шпекулација е најмалку важна, поентата е друга.
И како очигледно не сме ние дел од Пленумот, кога до пред една недела сите кои на овој или оној начин бевме дел од приказнава и дел од него?
Или сега се смениле работите, па Пленум се само 50 луѓе?