Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.542
Здраво друштво!
Според вас кои зимски гуми се најдобри од средна класа? Од кој сте биле најзадоволни?
И мислење ако може за Сава Ескимо С3.
Иначе ми требаат за БМВ 3 модел е90, големина на гума R16.
јас ги иам савата и добро се покажаа зимава


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
Здраво друштво!
Според вас кои зимски гуми се најдобри од средна класа? Од кој сте биле најзадоволни?
И мислење ако може за Сава Ескимо С3.
Иначе ми требаат за БМВ 3 модел е90, големина на гума R16.
читај повеќе во тема гуми!
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Вчера при возење на колата (Citroen Xsara 1.9 td) почна да свети ламбичето за ниско ниво на масло во моторот. Само неколку секунди послем тоа се запали и црвеното ламбиче за низок притисок на маслото и црвениот "STOP" правоаголник.

Паркирам на страна, гасам мотор и отворам хауба и има што да видам, задниот дел од моторот покриен со масло цел, испрскано на сите страни. Веднаш си помислив дека е турбото или цевката што му носи масло на осовина ама колку што можев да видам немаше тука течено.

Му се јавувам на мајсторот што ја сервисира колата и нема да му заборавам што дојде на 10-тина километри од Прилеп за нецели 20 минути. Носеше и некој три литри масло со него ставивме во моторот и ја запаливме колата. И сеа гледам од вакум пумпата горе тече масло како од тубе да тураш, значи на нејзе дупка има можда 1 см во пречник. Ме шлепаше до кај него и ќе се види што и како со пумпата утре.

Мене ми е како е можно значи толкава дупка да се отвори на вакум пумпата. Колава не беше ни прегреана ни малтретирана, ни пак смени звук или нешто. Работи перфектно моторот само шо тече масло ко лудо од тоа дупката.

Јас реално првпат со ваков проблем се среќавам. Како е можно толкав притисок во пумпата да се створи за да избие и на куќиштето нејзино да се отвори дупка
Не избило од притисок, туку излетал некој дел од пумпата и го скршил куќиштето.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Не избило од притисок, туку излетал некој дел од пумпата и го скршил куќиштето.
Изгледа тоа е. Баш денес бев до кај мајсторот и ги најдовме парчињата од куќиштето на пумпата. Всушност дупката на куќиштето е огромна, поголема одошто шо мислев. Ваљда имав среќа што не се скина ребрастиот каиш, зошто пумпава директно на брегаста е врзана. :confused:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Бев на редовна проверка на возилото опел астра и ми кажаа дека е истечен десниот армортизер и баферите и двата не чинат и дека имам неколку опции оригинален , заменски или репарација на истиот. Што сопред вас е најдобро решение гаранцијата за сите опции е една година! Плус дали некој некаде нуди и прави поефтини репарации во овластен сервис ми барат 150 евра за таа интервенција плус баферот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
Во стручни списанија сум читал дека доколку се направи комплетен сервис на амортизерите, тие траат колку и новите.

Јас единствено го знам Зајко од Радишани, но репарираните амортизери(тој ги понуди како ``италијански``) што ги стави на Ауди А4 не издржаа ни година.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Види провери можеби се исти со тие на Пунто од таа генерација. Таа е модуларна кола само со скратено меѓуосовинско растојание во однос на Пунтото.

Имаш пунтовци по отпади колку сакаш, а ако спомниш Ланчија, нормално дека ќе те заколат[DOUBLEPOST=1485088085][/DOUBLEPOST]

Која је викаш вакуум пумпа? Таа за серво кочницата?
ме плаши да не е некоја разлика па да не не одговара и џабе пари да дадам....
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Бев на редовна проверка на возилото опел астра и ми кажаа дека е истечен десниот армортизер и баферите и двата не чинат и дека имам неколку опции оригинален , заменски или репарација на истиот. Што сопред вас е најдобро решение гаранцијата за сите опции е една година! Плус дали некој некаде нуди и прави поефтини репарации во овластен сервис ми барат 150 евра за таа интервенција плус баферот.
Репарирање на твоите амортизери е 1500 мкд со година дена гаранција, меѓутоа прашај си обавезно цени за нови амортизери од повеќе брендови. Кога ми дојде ред да ги менувам на едното возило за Монро добив цена од 1800 мкд по амортизер, јасно е што одбрав. Додека за репарирање кога се распрашував различни искуства има, кај некои добри - кај други лоши.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
да си прашам и ја со мојава мака нешто... ми требаат буфери за амортизери за ланчија ипсилон 96та. најдов на едно место 1000ка парче што мислам дека е малку скапишко ко за таква кола од таа година.. незнам дали сака да ме избричи на суво човекот или реална е понудата

и препорачајте ми какви гуми и од каде да ги земам - летни ми требаат димензија 165 65 14
Ако сакаш можам да ти прашам за буфери што цена се доколку најдам. Ако си заинтересиран пиши на ПП што мотор има во случај да е потребно при пребарување.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Бев на редовна проверка на возилото опел астра и ми кажаа дека е истечен десниот армортизер и баферите и двата не чинат и дека имам неколку опции оригинален , заменски или репарација на истиот. Што сопред вас е најдобро решение гаранцијата за сите опции е една година! Плус дали некој некаде нуди и прави поефтини репарации во овластен сервис ми барат 150 евра за таа интервенција плус баферот.
Јас зедов од Ленди во Чаир за реното германски со 2 години гаранција, тие се браќа мислам дека врата до врата, во едниот дуќан продаваат за француски возила, во другиот за Опел и останати германци. Помини до кај нив, може ќе ти најдат со по 2 години.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Дечки што ќе кажете за опел астра ГТЦ 1.4 бензин/плин?
Поточно за овој оглас:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2357302
Колку што знам јас често имаат проблем со брегастата, ваква имаше пријател и брегастата два пати во три години му отиде. Еве нека ти пишат луѓе што работат во сервиси дали е чест дефект со брегастата на овој модел, или баш кај пријателов се загрешила.
Исто знам дека после кога надмина 150тина илјади почна да му троши и прилично масло, еднаш ме носеше од Прилеп за Скопје и кажа дека имал менето масло пред 2000км, а пред да тргнуваме во Прилеп дотури уште цел литар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom