[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Чекаме да видиме што конкуренција ќе имаме :gjavol:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Немам вода и нема да имам уште некој ден дома, така да амин готвење.
Планирав да ги правам овие: https://youtu.be/J6ChWhsU5U0
Ги имам правено еднаш, само наместо доритос ставив презла и вкусни беа. E овие од страна со некоја павлака и едно Дабче комбинација боли глава.
Како и да е, ако нема уште некој пријавено ве отепав! Пилешко барем може на милион начини. :D Дај барем кажете како да ве мотивирам, очигледно ова ,,отепам" не функционира. :ROFLMAO:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.384
Немам вода и нема да имам уште некој ден дома, така да амин готвење.
Планирав да ги правам овие: https://youtu.be/J6ChWhsU5U0
Ги имам правено еднаш, само наместо доритос ставив презла и вкусни беа. E овие од страна со некоја павлака и едно Дабче комбинација боли глава.
Како и да е, ако нема уште некој пријавено ве отепав! Пилешко барем може на милион начини. :D Дај барем кажете како да ве мотивирам, очигледно ова ,,отепам" не функционира. :ROFLMAO:
Кажи дека ќе го венчаш победникот и ќе му готвиш доживотно. :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.384
Се мислев за сарма, ама штом за претходнава тема немаше интерес, сармата ќе ги исплаши. Не ми се верува што правам. :icon_lol: Ама...
Свинско месо. Што ви душа сака со свинско месо.
@leandra
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Ај тогаш да се префрлиме на благо. Пудинг. Изи пизи, лемон скуизи. :D
Вкусови има милион, башка можете и да си направите со густин наместо со прашок од кесички, па дополнително уште нешто за вкус или арома или степче за боја. Па комбинација тирамису, па чиа семе, па тантара пантара.
Less talk, more cooking. :D
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Бидејќи форумот беше подолго време недостапен, ќе го продолжиме рокот до крајот на викендов. Евентуално некој член доколку изрази желба за од понеделник да го почекаме. :D

Ќе се пријавам и јас деновиве ако направам. Ако не со нова, со постара слика секако. :D
Ај сите во кујна да ве видам. :P
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Малку сама со себе си зборам, ама нема везе. :D
Пудинг од чоколадо, ред мелени какао бисквити, па топено црно чоколадо со рум.
Малку може само да ве удри во глава шеќер, ама ништо страшно. :D



@Agda Beata што ќе правиме следно? :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.384
Кој ќе готви, јас и ти ли? Другиве ги има па ги нема.

Што знам... Ајде спремајте макарони на ваш начин. Подгответе ги како ви душа сака, како вас ви се најубави.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
^ Па така испаѓа во поголемиот дел од натпреварите. :unsure:
Koга дојдов на форумов на почетокот постојано имаше гужва во ваквите теми. Имаше доста покомплицирани рецепти, буреци се месеа, што не, и пак имаше поголема заинтересираност. Сега ем се ресетирани темите, ем има каде-каде попрости, најосновни рецепти и јадења, за тоа да не правиме муабет (реално ретко кој не знае да ги приготви). Палачинки, пудинг, тестенини... нема теоретски шанси никој да не пробал да приготви ниту едно од овие, не е некоја посебна философија или квантна физика. И пак двајца без тројца сме. За тост па бевме само две пријавени, а камо ли да поставиме некоја потешка тема. Дали дека голем дел од членовите што беа активни ги снема поради обврски - од која причина не знам. Или пак можеби треба да се обидеме со потешки теми, можеби ќе ни претставува предизвик, па повеќе ќе бидеме. Се обидовме и да го смениме концептот, да нема конкретен рецепт, туку само неколку состојки, па повторно се вративме на старо. Не знам повеќе што друго да преземеме. Може веќе сум досадна, ама луѓе кажете шо ви смета, како-што да направиме... На почетокот знаеше и по некоја дисквалификација да летне, сега не се ниту толку строги правилата. Но, фидбек слабо. Кон неколку члена сум знаела и да бидам пијавица за да се пријават, но повеќето се држат до ставот дека срамота било, ќе изгубеле. И ме нервирате искрено многу. Нема да го носиме на клада тој што ќе изгуби. Најобичен наптревар е, за забава. А навистина сакам да живне готвачов, омилена тема ми е уште од почетокот. Еднаш во неделата секако можам да издвојам време за готвачов, некогаш и си заштедувам на страна и онака ми е хоби и не се откажувам од него. :X3:

Сега ќе почнете да се пријавувате или да продолжам со реферативе? :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom