Македонска Фантази Лига

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Прегледај го приврзокот 153940

Доминација! Вкупно 0 поени!

(знам дека не е апдејтирано уште..................или барем се надевам :D )
Тргни го Боби Божиновски, повреден е.

Еве го мојот тим
фантази.png
Сега ќе лапнам уште некој поен од Шишковски и супер ќе биди за прво коло.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Ако добро рачунам, само од денешнава утакмица ќе добијам 25 поени. Елмас со 2 гола асистенција и изнуден пенал растури на утакмицава :D
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Ако добро рачунам, само од денешнава утакмица ќе добијам 25 поени. Елмас со 2 гола асистенција и изнуден пенал растури на утакмицава :D
Исто и ја, само ме заеба Ерера шо бил повреден. Тој и Хамбарџумјан ми скинаа бодови, оти резерва ми беше Тошевски кој одигра цел натпревар и имаше асистенција, а јас ги стаив двајцава кои уствари биле повредени.

Исто ме заеба Недељковиќ, него и Ибраими ги планирав за главни напаѓачи, со Гафури како резерва, али пошто Силекс играа против Шкендија викам тешко дека ќе дадат гол па го симнав него на клупа а Гафури го стаив стартер, и на крај Недељко сепак дае гол, само колку да ме заебе што го симнав од прва постава.

Најтапа е што Хамбарџумјан идното коло пак нема да игра, а под знак прашалник се и Ерера и Велковски, значи мене во одбрана не ми остана никој, само на Тошевски и Ковачев останав а ми требаат минимум тројца.
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Елмаз ме искачи на 17 место во лигата иначе бев катастрофа....Браво бе дете
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Елмаз сите што го имаа доста поени ќарија.

@Bibo Смени го Ерера или Велковски за некој друг одбранбен и играј формација со тројца одбранбени :D
Следново коло интересно ќе биде :D
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Три трансфери после прво коло кај мене :D И одземање на 8 бода поради прекршување на бројот на трансфери после секое коло...

Ептен лоша прогноза направив со голманите :D
За прв голман ми беше Петровски од Пелистер, тренерот наш го остави на клупа почна со Пашовски и автоматски ми носи 0 бода во ова коло, за резерва голман ми беше ставен Јовановски од Шкендија, таму Захов прва брани, овде јас си имав некоја своја логика демек Јовановски ќе си брани во македонското првенство, а Захов го форсирал во Европа Лига :pos:
Ама не испадна така, Захов ја бранеше и првата утакмица со Силекс :D А сезони наназад Марко беше прв голман...
И на штопер една замена направив, го исфрлив од тимот Крстевски од Победа, си го внесив Тошевски од Пелистер :D

Инаку сега прв голман на тимот ми е Дино Захов, на местото од Петровски.
За резерва ми беше Јовановски и тој летна, сега го ставив некој Трајковски од Ѓорче :D Овај туку така е ставен колку да се пополни местото и да се дотроши буџетот....
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
@Bibo Смени го Ерера или Велковски за некој друг одбранбен и играј формација со тројца одбранбени :D
Следново коло интересно ќе биде :D
Па еден од нив ќе мора да го играм, ама ни за едниот ни за другиот сега за сега нема никакво инфо каква е ситуација и дали ќе отсуствуваат или ќе играат, али ќе го играм Даре. Али во право си, следново коло многу позезнато е, особено оти Вардар-Шкендија играат па главните адути за поени во играва сега ќе ги имаат најтешките дуели и прашање е колку поени ќе донесат, а кај помалите клубови потешко е да се прогнозира кој ќе даде гол и како ќе одиграат, па хаос ќе биде тоа коло

@Пеце Захов уште од зимоска кога дојде кај Шкендија им е прв голман, Јовановски првиот дел од сезоната бранеше додека да дојде Захов, и тек на крај на сезоната исто го пуштија во игра последните кола.
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
378
Поени од реакции
169
Одлична е странава дефинитивно, само има некои пропусти, на пример не можеш кога бираш тим да ти ги подреди според поените кои досега ги направиле, понатаму има пропуст што не предупредува дека ако направиш 2 трансфери дека ќе ти се минусираат 4 поени, има и други пропусти ама еве овие се најочигледни.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Одлична е странава дефинитивно, само има некои пропусти, на пример не можеш кога бираш тим да ти ги подреди според поените кои досега ги направиле, понатаму има пропуст што не предупредува дека ако направиш 2 трансфери дека ќе ти се минусираат 4 поени, има и други пропусти ама еве овие се најочигледни.
Најочигледни се играчите кои не играт поќе во тие екипи :D
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Одлична е странава дефинитивно, само има некои пропусти, на пример не можеш кога бираш тим да ти ги подреди според поените кои досега ги направиле, понатаму има пропуст што не предупредува дека ако направиш 2 трансфери дека ќе ти се минусираат 4 поени, има и други пропусти ама еве овие се најочигледни.
Па во самите правила на играта стои дека за трансфер добиваш 4 негативни поени.

А тоа првото искрено и не гледам зошто да ги подредува, прво - во принцип тимот е предвидено да се бира пред почетокот на сезоната, второ, поентата на играта е ти да покажеш колку знаеш да процениш кој играч е најкорисен, а не они да ти кажат колку поени веќе освоил.
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
378
Поени од реакции
169
Па во самите правила на играта стои дека за трансфер добиваш 4 негативни поени.

А тоа првото искрено и не гледам зошто да ги подредува, прво - во принцип тимот е предвидено да се бира пред почетокот на сезоната, второ, поентата на играта е ти да покажеш колку знаеш да процениш кој играч е најкорисен, а не они да ти кажат колку поени веќе освоил.
Стои не велам дека не стои, инаку од кај знам дека намалува 4 поени, ама не предупредува при самото правење на втор, трет трансфер, а тоа да подредува сите слични сајтови го имаат, затоа го спомнав.
Спортски поздрав
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.083
Поени од реакции
1.910
Znaj nekoj kako mozi da se iskoristi vajld karta za da smenam nekolku igraci a da ne mi zemi poeni?
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Znaj nekoj kako mozi da se iskoristi vajld karta za da smenam nekolku igraci a da ne mi zemi poeni?
Кога ќе стиснеш потврди тим те прашува дали сакаш со вајлд карта или без.
Иначе кога можам да направам трансфери, ми вика дека не можам уште...Не е апдејтирано или?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Кога ќе стиснеш потврди тим те прашува дали сакаш со вајлд карта или без.
Иначе кога можам да направам трансфери, ми вика дека не можам уште...Не е апдејтирано или?
Не е апдејтирано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom