Шест сезони од The Walking Dead и една сезона од Fear the Walking Dead, а ние сеуште немаме никаква информација за вирусот. Каде настанал, кога, кој е првиот инфициран, дали има лек, дали воопшто се размислува за лек. По овој тек The Walking Dead можи да има 1000 сезони, а ние да чекаме да се случи нешто интересно. Во секоја сезона се случува по еден пропуст, во 5тата сезона (или 4та, не се сеќавам најдобро) беше сцената со комбето, сега со преживувањето на Глен.
Ќе побегнат и од тука, во следниот дел од сезоната ќе продолжат да талкаат низ шума, ќе застануваат некаде колку да се одморат и да соберат средства за преживување, 1-2 епизоди ќе посветат на неколку ликови и толку.
Исто така, дел од ликовиве се досадни многу. На пример. Eugene, Gabriel, Русокосата и нејзините синови, докторката, Морган и неговиот аикидо, Деана.
Единствено серијава ја следам заради тоа што мразам да ги оставам недогледани, иначе шо ги е*ам ќе ги сечам. Затоа сега ќе си пуштам Six feet under, за да се рехабилитирам малце.