Интересна статистика, Надал на турниров во Хамбург направи многу брејкови.
Одиме од последниот меч, денешниот против Фоњини. Од 12 гема на ритерн, 6 брејкови за Надал, секако изгуби 4 сервиси и Надал во овој меч. (50%)
Полуфинале против Сепи, 7 брејка од 8 гејмови на кои ритернираше Рафа. (88%)
Четвртфинале против Куевас, направи 5 брејка во 9 гема на кои ритернираше. (56%)
Второ коло против Весели, 5 брејка од 11 гема на ритерн. (45%)
Прво коло против Вердаско, 6 брејка од 12 гема на ритерн. (50%)
Во просек од цел турнир, 58% од гемовите на ритерн му се брејкови, одлична статистика, игра улога во тоа и подлогата што е земја. Лоша работа во неговата статистика веројатно се претрпените брејкови, секако поради истата причина е поголем бројот, меѓутоа не е тоа вообичаено за Надал. На турниров претпре вкупно 13 брејка од вкупно 48 сервис гема (27%). Во статистика му доаѓа изгубен сервис на нешто повеќе од секој четврти сервис гем.
Мора да поработи на сервисот, не смее да му биде мек бидејќи на тврда подлога тоа може негативно да му се одрази со оглед на тоа што ќе му биде многу потешко да прави брејкови во споредба со земјените мечеви.
Сепак, ова нека служи барем како капка самодоверба која ќе е мотивација и верба за нови победи, посебно на оние поважните турнири. Сигурен сум и убеден дека ќе се врати барем на втората позиција на ранг листата, со тоа логично оди и освојување на уште некој грен слем.