Дискретна 1 и 2 прв колоквиум ПЕТ полагаа од 14 часот, КНИ, МТ и други смерови од 17, за вторите колоквиуми не ме фаќајте за збор мислам дека бевме во еден термин сите. За други предмети не мешаа сите смерови.
Колку што се сеќавам на првиот колоквиум ДМ1 ПЕТ имаа малку полесни задачи, ама вкупно како генерација извадивме послаби резултати не заради тоа што ни се паднале малце потешки на другите смерови него заради тоа што премногу се потпревме на испитни/колоквиумски од претходните години. Со убаво поминати предавања и аудиториски лесно се поминуваа нешто потешките комбинации.
Значи џабе во кој термин и да се паднете, дали сте на КНИ, МТ, ИКИ или ПЕТ, ако немате научено нема да поминете.
Затоа на идните студенти јас би им препорачал да не се осврнуваат на комбинации од претходни години него примарно на аудиториските и предавањата (и лабараториските по тие предмети што имаат) од нивниот семестар, тие од претходни години може само како бонус на крај да ги поминете. И да учите редовно, ова е најбитно.