Ми треба ваша помош. Имам Casio серија Edifice, не знам точно кој модел. Треба да му сменам батерија, првпат и го однесов во дуќанот каде што го купив. Проблемот е што сервисерот не можеше да го отвори капакот, со објаснување дека ако навали посилно може да ја оштети главата. Остана 24 часа кај него, го потопувал со некое средство за да попуштат штрафовите, но безуспешно. Вели дека сите Casio имаат таков проблем, што мене не ми е верно. Не можат таков сериозен пропуст да си дозволат, таков сериозен производител.
Дали неговиот муабет е сериозен, дали нешто ме вози или што е? Да одам ли на друго место, да препорачате некој? Инаку се работи за часовничар со долга традиција и име.