Giethoorn-холандската Венеција

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Giethoorn- познат и како северна Венеција - место без улици
Убава природа , стари куќи, вожња со чамци по каналите и шетање по многубројните дрвени мостови .Место каде ќе заборавите на автомобилите -но затоа пак ќе можете да користите велосипеди.









Местото е основано од доселеници од Медитеранот почетокот на 13 век, а станува познато после 1958 година кога познатиот холандски режисер на ова место го снима филмот- комедијата “Fanfare”, http://www.imdb.com/title/tt0051600/

Mестото има околу 2600 жители и околу 180 мостови кои се единствениот начин да се дојде до некои од куќите или се разбира со чамец.И во зима ова место е исто толку атрактивно за љубителите на клизање на мраз




Giethoorn се наоѓа на северозапад од покраината Еверијесел во централниот дел на Холандија . Од Амстердам е одалечено 90 км , а од Ротердам и Хаг околу 110 км.





 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
требало холанѓаниве да си ќутат- а не да го нудат ко туристичко место, оти ќе им отидат туристи и се’ ќе им усерат набргу
Ваква убавина штета е да се ништи
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Браво ѕвер, клапам пари за во Амстердам во септември, ама дефинитивно ќе се сместам овде. Првпат го гледам местово и се заљубив, па се гледаме таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom