Teтово

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Клучните моменти:

1.Активирање на сите печки = зголемување на загаденоста
2.Намалување на производството за 50% = намалување на загадувањето за 50%

Снимката од сателит , облакот од 3,5км.
Снимките од висините на Шара.

Неисполнувањето на ниеден од 29 проекти за заштита на околината. (гарантирам во Кина не би можеле на оваков начин да произведат)



Тогаш ти си со основно ?

Сами се фаќате на вашите лаги.

Случајно ли е што загадувањето се зголемува кога Југохром ги вклучува сите печки, случајно ли се намалува баш кога Југохром работи 50% ?
WoW 2012 се активирале печките и загаденоста се зголемила. Па сега се 7 печки порано биле 9 па не загадувале. Тетово важел за еден од најчистите градови до пред 10на години. Од пред 10 години југохром никогаш не работел со полн капацитет поточно повеќе од пола беше затворен и пак тетово пред тоа беше почист. Југохром не зголемил капацитет од порано туку намалил, ама затоа повеќе загадил, глупости. Плус дали знаеш како тип на чад ослободува производството на феросилициум? Земи побарај експертски. И ПМ10 честичките се гола вода во споредба со чадот од возилата, најлонот, пластиката, оловото и од другиот отпад..


И со сателитската снимака многу убаво се утепуаш самиот види до како се простира чадот ни до јанчиште не стига саглам. А јанчиште воздушно до југохром е 2-3 км, еве и нека дувне ветер најдалеку до шемшоо би стигнало.

И во југохром не работаат само “сењаци“ како што мислите можеби 30 % се од тетово и скопје.

На сите им е јасно дека моменталната власт сакајќи да си ги скрие “гомната“ наоѓа некој друг кривец. Ако беше југохром главниот загадувач во тетово и штетен по здравје колку што мислите јас прв ќе бев онаму за затварање.

И да уште некој факт, како тоа јегуновце не е загаден како тетово а во сред село им е? Како тоа живат во селото над 80-90 години ако беше толку штетно? Повеќе смрт има од инфракт и мозочни удари (предизвикани од стрес) отколку од рак на бели дробови или загушување....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
WoW 2012 се активирале печките и загаденоста се зголемила. Па сега се 7 печки порано биле 9 па не загадувале. Тетово важел за еден од најчистите градови до пред 10на години. Од пред 10 години југохром никогаш не работел со полн капацитет поточно повеќе од пола беше затворен и пак тетово пред тоа беше почист. Југохром не зголемил капацитет од порано туку намалил, ама затоа повеќе загадил, глупости. Плус дали знаеш како тип на чад ослободува производството на феросилициум? Земи побарај експертски. И ПМ10 честичките се гола вода во споредба со чадот од возилата, најлонот, пластиката, оловото и од другиот отпад..
Што е следно од вас: Југохром не загадува , туку од оџаците пушта кислород.

Ти самиот рече дека Југохром веќе 2 месеца работи со пола капацитет.
И ти докажав дека токму за пола е намалено загадувањето во Тетово.

Одговори: Како го објаснуваш ова преполовување на загадувањето ?


На 7-8 август 2012 , во медиумите пишуваа дека некој ја има запалено депонијата во Тетово.
Загадувањето во тие два дена: 132 односно 128 µg/m3 ПМ10 честички.

Еве ти слика од 13.12.2014 (кога нели треба со пола капацитет да работаат) , истиот ден мерењата покажуваат дека тој ден загадувањето достигна до 704 µg/m3 , односно дневниот просек достигна 304 µg/m3.



Секоја поголема активност на фабриката, одма дава поголеми резултати на загаденост.

Исто така на ден 14.08.2014 некој успеал да сними од височина како од Југохром огромна количина чад се пушта, со што во истиот период загадувањето достигнало на неверојатни над 900 µg/m3

Еве ти ја и снимката, во која се гледа како загадувањето под влијание на ветрот се проширува низ Полог, и исиот ден загадувањето со ПМ10 честички достигнува над 900.



И со сателитската снимака многу убаво се утепуаш самиот види до како се простира чадот ни до јанчиште не стига саглам. А јанчиште воздушно до југохром е 2-3 км, еве и нека дувне ветер најдалеку до шемшоо би стигнало.
Тоа е главното јадро, 3,5 со 2км , а потоа ветрот го носи насекаде, а во таа снимка се гледа дека поради правецот на ветрот загадувањето оди кон Дворце и Радуша па натаму кон Скопје. Се потврдува дека облакот има моќ да се прошири со километри.

Еве ти потврда




И во југохром не работаат само “сењаци“ како што мислите можеби 30 % се од тетово и скопје.

На сите им е јасно дека моменталната власт сакајќи да си ги скрие “гомната“ наоѓа некој друг кривец. Ако беше југохром главниот загадувач во тетово и штетен по здравје колку што мислите јас прв ќе бев онаму за затварање.

И да уште некој факт, како тоа јегуновце не е загаден како тетово а во сред село им е? Како тоа живат во селото над 80-90 години ако беше толку штетно? Повеќе смрт има од инфракт и мозочни удари (предизвикани од стрес) отколку од рак на бели дробови или загушување....
Твое право е да го одбраниш тоа зло, но треба се одржи референдум на цел Полог и нека се одлучи за судбнината на тој загадувач.
Тетовчани и останатите неЈегуновски села имаат само штета од таа фабрика, и ама баш никаков интерес.

Југохром против законски опстојува.
Макстил кој што е за 50% помал загадувач се затвори , ама ете го Југохром без ниеден филтер си работи.

Провери во светот што велат за истите фабрики како што е Југохром, загадуваат и со филтери, а камо ли без нив , БЕЗ филтер :tapp:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Надвор од тема си, знаеме кој е загадувачот, немаат врска граѓаните со оваа загадување.

Откако Југохром го намали производството за 50% , токму за 50% во декември се намали загадувањето.
Нека ја затвараат фабриката целосно за само еден месец, е тогаш ќе дознаеме колку точно загадуваат граѓаните и останатите компании.
Убеден сум дека Тетово нема воопшто да ги премине дозволените граници на загадување, доколку се затвори Југохром.
Тетово има бели дробови на сите страни (зеленило) , и јасно беше дека само еден објект како Југохром може да доведе до такво загадување.
Од сателит се гледа дека тој објект загадува на сите страни.

Сателитот покажува дека над фабриката се крева непрекинат облак со димензии од 3,5 Х 2 километри.
Потоа ветрот го носи низ цела околина , стигнувајќи до Тетово.




Полошкиот регион е густо населен регион, со младо население, со голем број на студенти, ако во еден ваков град има дури 310 загадени денови, тогаш во иднина ќе се појават разни болести, со што ќе се намали должината на живот, а тоа е и економски трошок за лекување на болести , а регионот и онака има висока невработеност.

Дали вреди за 1100 вработени да се трујат 300.000 луѓе ?
Dardania паметен дечко си и не верувам дека ова што го зборуваш е од не знаење туку повеќе е терање на некоја агенда. Сите се сложуваме дека Југохром е еден од загадувачите но да кажеш дека Југохром е единствен виновник и дека ако тој се исклучи загадувањето ќе го снема тоа наистина не верувам дека ќе ти го поверува и најрадикалниот Косовец населен во Тетово и околината.
Кога сме кај загадувањето би сакал од тебе да слушнам збор два за непланското и неурбанизтичко населување и градење во тој крај. Јасно е дека пренаселеноста која со себе носи и возила, која носи многу повеќе смет, повеќе грејни тела и тн. во голема мерка допронесува за поголемата загаденост. Ова пренаселеност е исто така причина и за невработеноста и криминалитетот и во другите краеви во Македонија да прават граѓаните по 10 и повеќе деца и да се населуват егејски, пирински ими Македонци од мала Преспа невработеноста исто така би била висока тие краеви но тоа е друга тема. Добро е да кажаш исто така збор два за ненормалното загадување на природата во тој крај. Не е лошо да спомнеш и за масакарот на шумите, за загадувањето на реките, за управувањето со сметот и тн.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Еве Макстил го затворија а загаденоста во скопје е зголемена за 3 пати. Југохром го загадил можеби?

Да не цитирам кажа дека откако намалил југохром со пола снага се намалило загадувањето, а во последниот пост дека се зголемило. Одлучи се што се десило.

И стварно веќе нема поента докажувањето кога јасна е целта на затворањето, најтрагично е што не од еколошка природа. И не ми е јасно што е поентата со сликите, што очекувате цвеќиња да излагаат. Сликај ги и куќине да видиш што излага од оџаците. Еве нека го затворат ама да видам после кој ќе биде кривецот, можеби македонците што ќе го издушуваат воздухот ќе бидат криви затоа што не е чист тој воздух.

Ама еве договор е постигнат за филтри и процесот е почнат успеа екологијата да “победи“ сега треба да се поработи и на другите проблеми за загадување ама некако неми ми изгледате по другите прашања.

П.С. На вести од медиуми ама баш ич не верувам затоа што пишуваат тоа што ќе им се каже,не она што треба...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Откоа ќе го затворат Југохром, низ Тетово има да мириса на лаванда.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.943
Тетово тоне во ѓубре и долгови, а граѓаните немаат ниту вода за пиење
од Зоран Димовски, НОВА | објавено на: 21-12-2014 15:15:41



Дивата депонија која Јавното комунално претпријатие од Тетово ја користи како претоварна станица за смет, секојдневно ги труе тетовци. Илјадниците тони отпад депонирани во самиот град, на само 50 тина метри од најголемиот пекарско преработувачки капацитет „Жито Полог“ најчесто се палат со што дополнително го зголемуваат аерозагадувањето во Тетово.

- Не можеме да отвориме прозорец поради чадот кој се шири од депонијата. Ова што се случува е катастрофа. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, кога дојде на власт вети дека ќе ја дислоцира претоварната станица надвор од градот, но од ветеното ништо не е реализирано, вели еден тетовец.

Експертите велат дека дивата депонија преставува еколошка бомба, загадувајќи го воздухот, но и почвата и подземните води.

- Проблемот со депонијата мора под итно да се реши, затоа што последиците по здравјето на луѓето се големи. Во последно време забележана е зголемена бројка на респираторни заболувања, вели Специјалистот по хигиена и здравствена екологија Д-р Џавид Фејзули.

Проблемот со отпадот во Тетово е стар повеќе од 1 деценија. И претходната локална самоуправа исто така сметот го претовараше на локација во самиот град, во близина на железничката станица. Но пред локалните избори одржани минатата година, проблемот се реши. Камионите го земаа сметот од контејнерите и директно го транспортираа во регионалната депонија Русино. Но, откако во април новата локална самоуправа дојде на власт започна повторно сметот пред да го носи во Русино, да го депонира и претовара во непосредна близина на погоните од фабриката Жито Полог. Градоначалничката Теута Арифи, уште тогаш веднаш излезе со објаснување дека местото е привремено и општина Тетово ќе избере нова локација за претоварување на сметот, каде ќе се работи по сите стандарди. Во буџетот за 2014 година беа предвидени 50 000 евра за првата фаза од изградбата на претоварна станица, но на терен состојбата со сметот се уште останува иста. Арифи вели дека сега се предомислила и претоварната станица ќе се градела со јавно приватно партнерство. Додека се избере партнерската фирма, тетовци се уште ќе мораат да се гушат во смет.

Последниве години граѓаните живеат во услови кои лекарите ги споредуваат со дишење во кеса од правосмукала. Концетрацијата на ситни ПИЕМ штетни честитки во воздухот е дури и за дваесет пати поголема од дозволената граница. Како што ни изјави доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, палењето депонии, брзиот индустриски развој, зголемената фрекфренција на возила но и немање на доволно зелени површини, се најголемите причини за алармантниот загаден воздух. Според него, дополнително состојбата се влошува поради географските предуслови на градот, кој е во котлина и со слабо проветрување. Ваквата состојба штетно ќе се одрази врз здравјето на луѓето ако не се преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето.Од едуцирање и донесување на правилници па до практични мерки, како и чистење и ставање филтри на оџаците од домовите и индустриските капацитети. Како најсоодветна мерка може да се издвои и регулирањето на сообраќајот, најпрво преку потикнување на граѓаните ретко да ги користат возилата а во краен случај и забрана за користење, според утврден редослед. Но, ваквите предлози кои неколку пати беа упатувани од експертите, за време на неколкуте протести на тетовци против загадениот воздух, засега не се спроведуваат во пракса од локалните власти, иако советот на општина Тетово на седница донесе низа мерки за намалување на аерозагадувањето.


Се уништива Шар Планина, изворот на кислород и чист воздух за Тетово


Бесправната сеча на дрвја на шарпланинскиот масив, но и дивоградбите кои се прават на овој планински предел на сметка на шумата, полека но сигурно го уништуваат најголемиот резерват на чист кислорд за Тетово. Досега за време на неколкугодишното уништување на овој масив каде секојдневно се крадат дрвја се фрла смет и никнуваат дивоградби на државно земјиште, ниту централните нити локалните власти не презеле никакви мерки, нити пак биле изречени некакви санкции. Дополнително овој предел се уништи и со изградбата на новиот пат кон планиското село Селце од страна на локалната власт, иако на само 20 метри од новиот, постои стар пат за ова населено место. При градењето на патот дополнително се направи штета и на останатата природа од овој планински предел. Фирмата која ги изведуваше градежните работи, ископите од земја и камења кои се вадеа од локацијата каде се пробиваше патот, ги истураше во кањонот на реката Пена. уништувајќи ја бујната вегетација.


Со пари од општинскиот буџет наменети за капитални проекти и преку кратење на плати на административците, општина Тетово го раздолжува наследениот долг.


Освен во ѓубре и загаден воздух општина Тетово се гуши во долгови, кои ги наследи од претходната градска власт. Долгот изнесуваше 8 милиони евра што преставува 30 % од просечниот годишен буџет на општината. Задолженоста како што изјави Арифи уште пред две години, била направена поради лошото финансиско менаџирање и штетните договори на претходната локална власт. Таа веднаш најави дека ќе преземе ургентни мерки за финансиска стабилизација на општината. Арифи сега се пофали дека е задоволна од преземените чекори со кои долгот е намален за околу 35 %.


Загаден воздух во Тетово

- Ги намаливме платите на административците, скративме патни трошоци, штедиме на затоплување. Преку овие мерки успеавме да го намалиме долгот, но исто така долговите спрема доворителите ги исплатуваме и од општинскиот буџет на рати, вели Арифи.

Општина Тетово најави развоен буџет за 2014 година, но во градот изминатава година, само се крпеа дупки по улиците и се градеа селски патишта.


Без блок дотациите од владата само од општинската каса, годинава беа издвоени 13 милиони евра за буџетот за 2014 година. Но, од овие пари се потрошени само 1 милион евра за капитални инвестиици, иако градоначалничата Арифи буџетот за годинава го најави како развоен а парите како што рече, ќе се инвестирале во капитални проекти. Но, наместо тоа, само 8 % од вкупните општински пари беа наменети за ако може да се наречат капитални проекти. Со овие средства се закрпија дупки на неколку улици, се асфалтираа неколку улички во градот и селата. Дел од парите беа наменети за реконструкција на неколку канализациони и атмосферски мрежи, се постави и вештачка трева на фудбалското игралиште на спортскиот центар.

Наспроти минималните капитални инвестиции, 2 милиони евра од буџетот се издвоени за плати на армијата вработени административци, чија бројка се движи околу 300 лица, двојно повеќе од општина Битола, град кој има приближна бројка на жители со Тетово. 2 милиони евра се потрошени за тековни трошоци, за патување, греење, проекти од областа на културата и спортот.

- Значи од општинскиот буџет потрошени се 5 милиони, останатите 8 милиони евра уште на почетокот од 2104 година, беа предвидени за наследениот долг. Секој месец од овие пари ги исплатуваме ратите кон доверителите, кои се со камати. Со нив имаме склучено договор, наредната година да продолжиме со плаќање на ратите, секако од предвидените 8 милиони евра, со чии пари земајќи го предвид и штедењето на општината, успеавме да го намалиме долгот за над 30 %, вели Ермира Фида раководител на секторот за финансии при општина Тетово. Фида изјави дека од 14 милиони евра кои ги добиле како блок дотации од владата, потрошени се само 10 милиони евра, поголемиот дел за образование. Останатите 4 милиони евра ќе бида потрошени до крајот на годинава а дел ќе бидат префлени за наредната година.

Рестрикциите во водоснабдувањето станаа секојдневие во Тетово


Поради честите рестрикции на водата за пиење, секое семејство во Тетово, во домовите чува резерви на вода во шишиња и буриња. Најлоша е состојбата во горниот дел на градот, каде од чешмите вода протекува само неколку часа во текот на целото деноноќие. Недостатокот на вода може да се реши со доизградба на новиот водоснабдителен систем, кој ќе донесе дополнителни 200 литри вода во секунда. Но, новиот градски водовод се уште не е е изграден, иако во изминативе 15 години, на сите локални власти, приоритет им беше реализација на овој стар проект. Секоја градска власт при истекот на мандатот, се правдаше дека недостасуваат средства за оваа намена. Сегашната локална самоуправа пак е цврсто убедена дека со финансиската помош која ја добила од владата, водоводот наредната година целосно ќе се доврши. За овој проект, вели градоначалничката на Тетово Теута Арифи, централната власт веќе издвои 500 000 евра, со кои пари годинава се реализирани 20 % од предвидените градежни активности за новиот водовод.

- Наредната година, се очекува централната власт да одобри уште 1 500 000 евра и со тие пари конечно ќе се изгради новиот тетовски водовод, изјави Арифи.

Според дел од експертите, изградбата на новиот водовод нема целосно да го реши проблемот со водоснабдувањето. Потребно е иста така целосно да се реконструира градската водоводна мрежа, која е стара речиси 1 век.

- Поради дотраеноста на водоводната мрежа се случуваат секојдневно дефекти и се прават огромни губитоци на вода. Оваа стара градска мрежа исто така не ќе може да ги издржи дополнителни 200 литри вода во секудна од новиот водовод кој се гради, затоа нејзината реконструкција е неминовна, вели инжинерот Борче Бојоски. Од општина Тетово велат дека планираат да ја реконструираат водоводната мрежа, но со кредит од Светска банка, за што претходно треба да се изработи елеборат.


Сообраќаен хаос по тетовските претесни улици и недовршени булевари


Зголемениот интензитет на сообраќај, целиот град го претвори во тесно сообраќајно грло. Хаосот и гужвите станаа секојдневие по улиците а тротоарите се узурпираат од автомобили, поради недостиг на паркинг места во градот. Порадо тоа пешаците се принудени да се движат по коловоз, ризикувајќи ги своите животи.

- Во Тетово е ризично да се оди пеш. Тротоарите се узурпирани а полицијата ретко ги казнува возачите на непрописно паркираните возила, од друга страна пак, единственото Пајак возило кое е постојано во дефект не може навреме да ги острани возилата, кои незаконски ги узурпираат тротоарите, вели еден револтиран тетовец.

И дивите таксисти дополнително го влошуваат сообраќајниот хаос.Се паркираат на места обележани за легалните таксисти, на тротоари, на коловозни ленти. Од здружението на таксисти Тетово, реагираат што инспекторите постојано ги малтретираат лиценцираните превозници, наместо да ги казнуваат нелегалните таксисти. Тврдат дека во Тетово постојат само 5 компании кои ги исполнуваат условите за работење со такси превоз. Останатите имаат добиено лиценца за превоз на патници, спротивно на пропишаните законски стандарди.Тетовци велат дека дивите превозници најчесто им го попречуваат нормалното движење низ градот. Сметаат дека со организиран автобуски градски превоз, би се ублажил проблемот со сообраќајниот хаос. Засега општинските власти само најавуваат дека ќе се справат со дивите таксисти и ќе формираат јавно претпријатие за градски превоз, но на терен од најавеното нема ништо.

Експертите советуваат дека проблемот со хаосот низ улиците може да се надмине, само доколку се изгради обиколница.

- Треба да се изгради обиколница пред влезот на градот кај фабриката Медицинска Пластика, со тоа сите камиони и други тешки возила кои се обраќаат кон Косово нема да мораат да влегуваат во Тетово, намалувајќи го сообраќајниот метеж, вели градежниот инжинер Валентин Тасески. Тој додава дека неопходно е целосно да се пробие булеварот Благоја Тоска, со што би се намалиле гужвите во централното градско подрачје.

Но, на терен ништо не се случува, иако општината вети дека ќе го пробие и целосно изгради булеварот а од Буџетот за 2014 година за целосна доградба на Благоја Тоска, издвои 85 милини денари

- Уште на почетоков на годинава требаше општината да откупи 3300 метри квадратни приватно земјиште а потоа да урне 19 објекти, за да го пробие булеварот Благоја Тоска, но работите се усложнија со постапката за регистрирање на парцелите и давање на понуди за откуп на земјиштето, каде ќе се доградува булеварот. Се надеваме дека овој процес наскоро ќе заврши и наредната година ќе започнат градежните активности и булеварот целосно ќе се изгради, изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
За изградба на обиколници кои се потребни за растеретување на сообраќајот, општината нема пари, овие проекти можеби би се реализирале, доколку добиеме финансиска помош од владата. вели Арифи.

Универзитетскиот професор Вулнет Палоши смета дека проблемот со сообраќајниот хаос може да се реши, со децентрализација на институциите кои постојат во Тетово

- Жителите од руралните општини се постојано во Тетово, поради извршување на своите обврски во институциите. Па така во градот секојдневно бројката на жители е голема а со тоа се зголемува и интензитетот на сообраќај. Доколку во секоја рурална општина би се отворило одделение на пример на Фондот за здравтво, или социјално или пак пошта а зошто да не и експозитура на некоја банка, тогаш жителите од овие средини не би морале да доаѓаат во град за секоја работа и така очигледно сообраќајот би бил порастеретен, вели професорот Палоши.

Урбан хаос во градот под Шара


Висококатници без паркинг простор, згради чие растојание од соседните објекти е на само неколку метри. Ваква е сликата во Тетово создадена по неколкугодишната градежна експанзија, во која инвеститорите не ги запазуваат основните нормативи на градба.

- Во последно време и во нашите домови немаме никаква приватност. На само неколку метри воздушно од нашите домови никнуваат нови градби, па со соседите секојдневно се гледаме а можеме и кафе заедно да пиеме, тој на неговата а јас на мојата тераса, на шега го објаснува урбаниот хаос еден тетовец.

Експертите велат дека инспекцијата треба веднаш да реагира, кога се градат згради без потребните нормативи.

- Како е можно зграда од 11 ката да нема паркинг простор. Токму ваквите градби го создаваат проблемот со паркингот во Тетово, станарите од овие висококатници буквално немаат каде да ги паркираат своите автомобили, па се принудени да ги оставаат на тротоарите и долж улиците, вели професорот по урбанизам Енис Јакупи.

Од општина Тетово најавуваат зголемување на бројот на инспектори а со тоа и зголемен број на контроли, со цел спречување на ваквите незаконски градби.

Состојбата со урбаниот хаос е слична и во дел од руралните средини. Голем број на куќи се градат надвор од населените места. Пример е шарпланинското село Селце, каде се изградени над 100 куќи на околните ридови, со тоа е уништена голема шумска површина. Причината за ваквата појава, урбанистите ја гледаат во немањето на урбанистички планови за голем број на населени места, па мештаните се принудени без план да градат каде ќе стигнат. Од општина Тетово, како и за многу недостатоци кои ги има во градот и овој пат само ветуваат. Од таму најавија, дека работат на донесување на урбанистички планови за селата.

Власта не се грижи ниту за мртвите ниту за живите

Поради недостиг на слободни парцели на православни гробишта во Тетово, голем број на семејства од православна верипосвед се принудени да купуваат гробни места, откако ќе почине нивен најблизок. Гробните места кои достигнуваат цена и до 5000 евра, најчесто се продаваат од луѓе, кои се отселени од градов.

Сето ова се прави на незаконски начин, затоа што со гробиштата стопанисуваме ние а граѓаните само плаќаат закуп на гробовите, велат од Јавнот комунално претпријатие Тетово. Од таму апелираат граѓаните да почнат да закупуваат гробни места на новата локација на православните гробишта во село Фалиште.

Но овој простор според тетовци, се уште не е достоен за погреб .

- Како да одиме таму да ги закопуваме нашите најмили, кога нема ниту изградено црква, местото е обраснато со трева, нема ниту тоалет а дел од гробовите на упокени тетовци кои тука се закопани, кога има поројни дожови се искривуваат, вели еден граѓанин.

ОД ЈКП Тетово, велат работат на подобрување на состојбата со гробиштата кај новата локација.

Местото е целосно оградено, има водоводен систем, се очекува на целата површина да се направа дренежа а се надеваме дека наредната година општината ќе издвои средства, да се изгради барем еден објект од затворен тип, вели Гоце Новески ракодоводител на православни гробишта Тетово.


Според планираното, локацијата во Фалише има просторен капацитет за гробни места за наредните 50 години, но во изминативе 10 години, тука е многу малку инвестирано за достоен погреб на тетовци.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Абе ајде сега и вие демек Југохром кислород вади од оџаците.
Југохром во комбинација со депонијата се главните загадувачи. Кога затворија еден Макстил во Скопје поради неисполнување на еколошките стандарди, зошто да не се случи истото и со Југохром.

Исто и протестиве треба да се прошират и да се дигне гласот и за депонијата. Ветија дека ќе ја тргнат, а гледам сеуште е таму.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
И ја сум на Југохром да се постават филтери тоа неминовно ама немој бе Dardan-ia да си толку провиден ја сум сигурен да беа вработените 50% - 50% немаше да ти биде само Југохром крив, криви са општинските власти што не дава у гомна со тоа ѓубрето што го палат. Пред 15-20 години имало 30,000 возила сега има 150,000 возила од кој 20-30% не знаат што е катализатор а не па да имаат у колата поставено. Исто таке е проблем и непланираната градба кој стигна доби дозвола да гради зграда, мене ми е чудно што уште спортскион центар постои и тамо што не изградија згради, му треба зеленило на градов кое све помалу и помалу го има.
 
Член од
8 октомври 2014
Мислења
489
Поени од реакции
300
Fakt e deka Tetovo e urbanisticka djungla i deka najgolem pridones za ovoj kaos imat dadeno dosegasnite lokalni vlasti
(zgradi bes parking, secenje na drva, nema parkovi, deponii, palenjeto na gubreto etc). Pridonesot ne odsustuval ni od centralnata vlast so nereguliranje na niskiot kvalitet na benzinot i dizelot i ne reguliranje na industrijata (jugohrom), so donesuvanje na zakoni za import na vozila,a i od graganite sto vo dukan odalecen 100 m od doma si odat so kola. Istotaka golem pridones vo zagaduvanjeto imaat kombinirano vlast/gragani so nacinot na greenje so nedostasokot na greenje so gas i so skapata cena na struja, naj oplatlivata opcija ti e greenje na drva.

Jas sepak smetam deka najgolem zagaduvac e tokmu Jugohrom, ako se zema u predvid deka celiot poloski region so se Sharra e opkruzen so zelenilo, a 300 dena vo edna godina ti se so visok stepen na PM'10 (sto ti e direkten produkt na cad), a celoto zagaduvanje od drvata ti trae samo 3-4 meseci. Ne znam zosto i ovde nekoj uporno saka da mu dava etnicka konotacija na ovoj problem, koga mnogu e jasna rabotava deka za 10 milioni profit godisno im se narusuva zdravjeto na 300.000 ziteli. Za lokalnata i centralnata vlast nemame sto da zborime oti sami sme gi stavile tamu kaj se (znaci sami sme krivi), ama za ruska kompanija da ne otrovi za 10 milioni ... ne miren protest, tuku molotovi treba!!!
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Абе вие што мислите дека Југохром е главен и најголем причинител за загадувањето само би сакал да се објасни овој факт:

До 2000 Југохром работи со full капацитет значи скоро 50 години, а тетово беше до тогаш еден од најчистите градови. Како тоа од 2000 почнал да загадува плус капацитетот му е намален плус повеќе неработеше отколку работеше. Еден пријател е вработан во 99 и вели дека има до сега 6 години стаж затоа што се затвара и се отвара одвреме на време. Кој го загадуваше не минатата зима претходната кога југохром не работеше?

60 години чади во полог и јадеме производи грав, пченица, пченка, па негледам да имаа проблем постарите.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
За џабе толку полемизирате, едноставно е: Виновни се и депонијата и палењето на ѓубрето, Југохром кој џабе го браните зошто сепак мора да стае филтери, енормниот број на коле низ град и немањето на доволно дрва у градот. Сите смо криви, место да се седне да се види како да се реши проблемот, да се утврди како да се започне со решавање, вие се карате кој од наши или ваши е појќе крив..

Инаку интересно е што вчера вечер уопште не беше загадено. Прв пут можев да ги видим ѕвездете у Тетово после толку време :D
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Sekogas imalo zagaduvanje ... nemalo merenje i flow of information.
Како тоа тогаш тетово беше еден од најчистите градови во македонија, ај да не кажат ништо ок ама да го прогласуваат за еден од најчистите сигурно не би го направиле тоа. Изгледа сте повеќето родени после 90 па не се сеќавате како било, ама ако прашајте постари нека ви кажат дали било вака загадено порано. Смог било незамисливо да се појави имаше ветер, јас ветер немам видено саглам во тетово да дувне да растера мглата. Најчесто загадувањето се осеќа кога ќе падне магла и чадот од колите и оџаците останува долу. А и ела клима е пореметена до св никола снемуало дрва за огрев сега 15 степена е. Ама ако кога не озрачија со бомбардирањето на косово и србија со осиромашен ураниум никој не се бунеше, последиците почнуваат да се гледаат ама јбг од ураниумот не се гледа чадот...

Туку еве југохром направија договор намалија пола капацитет и направија договор за филтри, ама негледам другиве проблеми да се решаваат ниту пак некој бара да се решат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom