Јешуа Назаренот

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Ова е биографија на Јешуа Назаренот, или како некој го викаат Исус Христ, Роден 5 или 6 година пред новата ера, осуден на смрт и погубен во 36 година нова ера на свои 41-42 години.

За полесно да се сфатат некои факти околу Јошуа, за почеток ќе дадам кратка историја на времето и местаата каде пред околу 2000 години се родил и условите кои од него направиле утемелувач на една светска религија. Тие години биле бурни немирни и крвави, на престолот на Израел беше Херод, кој иако бил омразен од народот (тој не беше од израелска кралска лоза, по потекло беше од Идумеја каде било присутно паганството) , сепак бил еден од најдобрите кралеви на Израел. Го возобновил храмот, државните благајни биле полни изградил аквадукти, јавни згради, патишта и владеел мир. По неговата смрт Израел е поделен меѓу синовите на Херод Ирод Антип ја добива Галилеја, Архилеј Јудеја а Филип Јордан

Некаде во 6 година нова ера, Рим го свргнува од власта Архилеј и Јудеја заедно со светиот град Ерусалем го припојува на Римското царство - го претвара во римска провинција со која управува римски префект. Во новата провинција, рим праќа свои службеници, воспоставува своја власт воведува свои закони, стационира своја војска и спроведува попис за да се оданочат новите римски поданоци.

За Евреите во Јудеја тоа беа времиња на катастрофа, верски фанатици кои цел свој живот му го посветуваа и живееа према светото писмо и верба во својот Бог - добија цар - паган (незамисливо за нив) кој цар за себе велеше дека е бог (незамисливо за нив) кој бараше во храмот да се крени олтар за него и да се споменува во молитвите како бог (незамисливо за нив) на зидовите на палатите се ставија слики и призори на пагански војски и управа (незамисливо за нив) низ светиот град врвеше паганска војска со пагански амблеми, симболи и натписи на штитови и шлемови (незамисливо за нив) и богатствата на на Божјата земја - требаше да му се даваат на пагански цар кој за себе велел дека е бог (незамисливо за нив). Така да мошне брзо се разви неприателство кое прерасна во постојани борби востанија напади, киднапирања убиства.... Евреите беа фанатици, нив не можеше да ги заплаши силата на римските легии ниту моќта на Рим, тие слепо веруваа во својот Бог и се надеваа во неговата помош во борбата против злото.

Веднаш по воспоставувањето на римската власт, евеитее кренаа востание водено од Јуда Галилеецот, востанието било задушено во крв, Јуда убиен а неговите синови заедно со останатите бунтовници - распнати како неприатели на Рим. Преживеаните избегале во пустините и ридиштата од каде продолжиле со герилска војна следните 60 години со подршка и заштита од народот. Тие биле познати по неколку називи, зелоти, сикаријци, лестаи... се служеле со ненадејни напади на римски војници, киднапирања и убистава на нивните неприатели, биле храбри, и безмилосни, нивните тактики во многу личат на денешните терористички напади во Ирак, Авганистан. Во период од 6 до 66 година се забележани уште најмалце 5 бунта, еден против проримскиот првосвештеник Јоазар, еден поради поставување на знамиња и римски симболи во Ерусалем, еден при изградбата на аквадуктот за Ерусалем, при кој бунт Јосиф Флавиј, запишал дека имало неколку иљади убиени Евреи, потоа бунтот под водство на Тевда, бунтот на еден евреин од Египет наречен “новиот Јошуа“, бунтот во Куман каде према Јосиф биле убиени 20.000 евреи..... Во 66 година се крева нов сеопшт бунт на евреите во Јудеја при што е ослободен Ерусалем и поголем дел од територијата на Јудеја, во Ерусалем еден од потомците на Јуда галилеецот (водачот во првото востание) со царски симбли на него одржува служба во храмот и се спалуваат јавно архивите на римската власт. Рим испратил голема војска (3 легии плус помошни трупи) под водство на сирискиот Легат Цестеј, кој успева да поврати дел од териториите но не успеал да го завземе Ерусалем и се повлекол. Тоа повлекување значеше огромен успех за евреите кои беа убедени дека Бог им помогнал но и голем срам за римјаните кои изгубија од многу послаб неприател, од евреи кои рим ги презираше како народ. Новата римска војска по 4 години крвави војни конечно го завзеде Ерусалем го разурна храмот како казна распна иљадници бунтовници, уби спали и уништи многу народ и населби. Најголемата трагедија за евреите беше однесувањето на најсветите работи од храмот во Рим каде беа покажани како воен трофеј (пердето од храмот, златниот седумкрак свеќнак, и многу сребрени и златни религиски предмети.

Но фанатизмот на евреите не застана после ова катастрофа, тие во следните децении поведоа уште 2 големи бунта против римската власт, првиот познат како “Војна во дијаспората“ кога евреите кои живееа во Египет, Либија, Месопотамија, Јудеја и Кипар се кренаа на бунт и спрема римски писатели (Касиус Дио) убија 200.000 во Либија и 240.000 римски граѓани на Кипар ги урнаа паганските храмови, бунтот се прошири во многу градови каде живееа поголеми еврејски заедници, беа нападнати римски гарнизони, завземени територии. дури влегоа и во Александрија. Крајот беше страшен, целосно беа истребени евреите на Кипар и во Ливија и десеткувани во Јудеја и Египет, одмаздата на рим беше крвава, и бунтот заврши по 2 години борби во 117 година НЕ. Последен голем бунт против Рим Евреите крена во 132 година, иако беше внимателно планиран и орагнизиран, бунтовниците немаа шанси против моќта на Рим, по почетните успеси (дури и уништија 2 римски легии) Рим го задуши во крв востанието, према пишани извори Римјаните 580.000 евреи, колежот бил масовен не се гледаше ни на возраст ни на пол, према записи “коњите на римјаните биле прекриени со крв до ноздрвите“, со земја беа срамнети 50 градови и 985 села, а останатите беа протерани од својата земја, и се иселија низ медитеранот, со закон беа иселени сите Евреи а Ерусалем го смена името во Елија Капитолина и стана римски град.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Секоја биографија почнува со нечие раѓање и завршува со неговата смрт. За Јешуа знаеме према евангелијата дека се родил на година - две пред смртта на Херод и дека бил распнат кога првосвештеници биле Ана и Кајафа.

Херод умрел во 4 година пред нова ера, Ана и Кајафа биле првосвештеници во 36 година нова ера, така да Јешуа е роден 5-6 година пред нова ера и погубен е 36 година нова ера на свои 41 или 42 годишна возраст. Бил со благородничко - кралско потекло по својот татко Јосиф. Во евангелијата се наведува неговото родословие од царот давид се до него по таткова линија. Дека бил престолонаследник на Израел зборува и прикаската за колежот на првородените, имено во Матеј 2, цароt Херод исплашен од веста за раѓањето на Јешуа, наредува да се изврши покољ на сите деца до 2 години возраст во Бетхлеем. Се поставува прашање зошто еден крал на Израел би бил толку смртно исплашен од раѓање на некое дете. Одговорот е едноставен, Како што напишав во првиот дел - историјата, Херод не беше законски крал на Израел, тој беше поставен за крал со помош на Рим, не беше од еврејска кралска лоза. Од како дојде на власт нареди да се уништат сите родослови на еврејските кралеви, но како што забележа Флавиј, многу од нив беа со време скриени а некои и по сеќавања на луѓето повторно напишани. Појава на некој законски престолонаследник на престолот на Израел преставува закана за Херод и неговите наследници посебно пошто неговото кралство евреите не го прифаќаа туку го поднесуваа како со сила наметнато, така да (како и во многу други случаеви) власта на престолот се сочувува со истребување на конкурентската лоза - убиства на можните претеденти на престолот. Дека Јошуа бил скметан како легален крал на евреите се гледа секаде низ писмата и приателите и неприателите него го нарекуваат крал, цар. Дури и Римјаните на крстот ставаат таков натпис - зошто и кој распнале - крал на евреите, а и Јошуа во Ерусалем влегува на начин на кралевите качен на магаре додека народот го поздравува како крал[DOUBLEPOST=1416758340][/DOUBLEPOST]За детството на Јешуа нема многу податоци, всушност нема речиси ништо се до неговите последни години, но спрема она што го знаеме за него , дека проповедал за писмото по синагогите (значи знаел да чита, пишува и го познавал добро законот), го ннарекувале “рави“ - учителе, што значи и дека бил и оженет во меѓувреме. Имено спрема еврејските традиции и обичаи, девојките се мажеле од своја 14 година додека за момчињата возраста била од 16-17. Брак и семејство се светиња во еврејското општество и некој да биде ерген на свои зрели години било дури и скандалозно, таков човек не можел да подучува други. Од семејството знаеме дека покрај татко му Јосиф и мајка му Марија имал уште 4 браќа и најмалце 2 сестри (чии имиња не се споменуваат), прашање е каде го поминал детството, имено вообичаеното мислење дека живеел во Назарет не е точно бидејќи Назарет не постоел во времето на Исус, таа населба настана 1-2 века ПО Исус и тоа како римска населба најверпјатно производители на вино пошто е откриена римска винарија. Веќе 60 години се вршат археолошки ископувања околу денешен Назарет, но нема ни трага од некоја еврејска населба, исто така Назарет не се споменува во ни еден пишан документ од тоа време, го нема во ни една мапа патопис опис на војните... само на километар од Назарет се наоѓаше штабот на бунтовниците во првата римско еврејск авојна, Флавиј кој детално ја опишува војната, местата населбите - нигде не ја споменува ја нема ни во римски ни во еврејски извори ни археологијата и науката не можат да го најдат. Така да сега за сега местото на детството на Јешуа е непознато. Тоа што научил да пишува и чита и го знаел законот значи дека посетувал учител или школо. Денес е тоа секојдневна работа но во тоа време, школување на деца можеа да си го дозволат само имотни - богати луѓе. Прво било скапо, второ значело да детето место да работи и помага дома (а почнувале да работаат од најрана возраст)- треба да учи и оди на школо, луксуз кој само богатите го имаа. Во евангелијата кратко се споменува дека и Јосиф и Марија биле задоволни од растот и напредокот на Јешуа, што значи дека учењето му одело добро. За родителите на Јешуа исто малце се знае, татко му Јосиф бил некаков мајстор но не е прецизирано каков, со оглед на имотната состојба можно е да бил и предузимач, да договарал и изведувал со работници градежни работи. Тоа дека бил сиромав дрводелец е само мит кој со ништо не е докажан во писмата, називот на татко му на Јосиф е “мајстор“ (но истит назив се користи и за предузимач) а директно за Исус се кажува само дека бил учител (по занимање) што е исто така ретка професија која не можел секој да си ја дозволи.
 
Последно уредено:

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
@Let 3 Лет брате, со религискиве теми си легенда. (y)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Кој сака и има желба од неговите постови многу можи да научи. Посебно за историските невистини и митови кои денес некој ги земаат здраво за готово како непобитен факт.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
Како што стално потенцирам:
И ја можам да напишам на парче хартија (или да отворам тема на форум), каде што ќе пишува дека ми е долг 45 сантиметри, но сепак, во реалноста ќе морам да се помирам со моите скромни 32 cm :(
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Зрелите години (или година) која е најмногу опишана ни го кажува Јошуа како учител, познат меѓу народот, има свои следбеници, го нарекуваат цар - крал, го помазаа со скапоцено миро, верски водач го прогласи за “избраниот“. Во него луѓето гледаат месаја. Но еврејски месаја (помазан крал) ги нема истите карактеристики како и христијанскиот. Еврејскиот месаја е човек, пипадник на кралска лоза кој ќе го обедини поведе и владее со еврејскиот народ и земја во склад со божјите закони. Нема ништо натприродно во него. И ако направи чудо, тоа не е негово дело туку Бог преку него тоа ќе го направи, поедноставно речено - тој е врската на народот со Бог. Во веме на Јешуа, под власта на Рим, евреите го исчекуваа месаја кој ќе ги обедини и поведе во борба против окупаторот. Многу поединости од писмата тоа ни го кажуваат, Јешуа меѓу своите најблиски (апостоли) имаше зелоти - вооружени борци против Рим кои во негово време веќе 3 децении непрекинато војувале против римската власт, Јешуа (према евангелијата) собрал неколку иљади народ во гора кои барале од него да им биде крал. Преточено во евангелиски текст, тој настан не изгледа ништо страшно, но во реална Јудеја во време на непрестани борби на окупатор против народот, појава на личност која народот масовно ќе го следи и нарекува свој крал - е рамна на бунт. Исто како што заминување на неколку стотици македонци во Османлиско време во планина под водство на некој кој го нарекуваат свој цар, или заминување на неколку стотици народ под бугарска окупација во планина... колку да се дообјасни, Римјаните убивале и за помалку од тоа, има еден пример кога под водство на еден евреин кој тврдел дека знае каде Мојсеј скрил свети предмети на гората Герасим повел неколку стотици фанатични евреи да ги бараат, римјаните пратиле војска по нив и сите до еден ги убиле иако биле невооружени верници. Реалноста на животот во Јудеја во тоа време не била така мирна и идилична како што се опишува во евангелијата, дури и зборовите на Јешуа кои (ако) ги рекол денес се толкуваат поинаку, имено фарисеите да го испровоцираат, му поставуваат прашање за плаќење на данок (со парата), Јешуа им вели “Вратете му го на царот царевото а на бог божјето“ Таа изрека која денес се зема за пример дека Јешуа бил за да му се плаќа данок на римскиот цар а народот да се моли на Бог не значела така пред 2000 години. Сите евреи знаеле дека земјата им е окупирана. Таа земја беше божја земја, секој камен, поток, река, рид планина.... беа божји, и по божјите закони над таа земја требаше да владее цар евреин од еврејска лоза. Требаше да се врати на бог - божјето - неговата земја, на царот (Јешуа) царството кое беше узурпирано, одземено од пагански владател. Таа изјава пред 2000 години значела повик на бунт. Ко сме кај фарисеите, Исус всушност бил на иста линија со фарисеите, евангелијата и тоа го искривуваат па фарисеите ги преставуваат како неприатели на Јешуа, но Јешуовото дело и зборови се всушност профарисејски, имено познатата изрека “како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив“ е всушност позната фарисејска изрека на фарисејскиот учител Хилел, самите фарисеи беа преставници на нижото свештенство, оние кои не беа задоволни со понашањето на високите свештеници и исто како и Јошуа бараа промени во храмот, и пофлексбилно толкување и применување на религијата, така да веројатно Јешуа беше одраснат и воспитан во фарисејски дух
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
:facepalm:

По којзнае кој пат - Библијата е духовна книга.

Секој човек е потенцијален Исус.
Сепак интерсено е ова што си го напишал,но за жал истото нема никаква врска со Исус.

п.с.врати се во утробата од која си дошол,повторно да се родиш,првиот пат си роден телесен(каков што си сега),а вториот пат духовен.;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Jeшуа бил Назарен. Назарени беа едни од многу правци во Јудаизмот, беа познати и како “ебиони“, “цадокити“, “хасидими“, “есени“... Назарен беше неговиот прекар, Јешуа назаренец кој во грчки погрешни преводи дојде до “Исус од Назарет“. Кај назарените владееше принцип на династичко водство (на чело на заедницата се наследувале роднини) - како во кралките лози, и завет на сиромаштво и заедничка сопственост, затоа и ги викаа “ебиони“ - сиромашни. По смртта на Јошуа, неговото место го завзеде брат му Јаков, по смртта на Јаков, на челото дојде Симеон - братучед на Јешуа. Свитците од мртвото море ни даваат слика на животот и организацијата на Назарените, тие имале совет од 12 члена, ја имале зедничката вечера на која свештеникот го благословувал лебот и виното пред да го подели, тие лечеле луѓе делеле милостиња и верувале во месијанство на нивните водачи.

Јешуа меѓу своите најблиски соработници (апостоли)имал и двајца зелоти. Денес малкумина знат што е тоа “зелот“(или “сикариец, лестаи...“ како што уште ги нарекувале. Тоа беа борци против Рим, тоа беа... еврејски комити, ајдуци, партизани... па дури и муџахедини бидејќи нивната жесокос и фанатизам можат да се споредат со нив. Вршеле атентати, напади на римски војници, римски службеници, евреи кои соработувале со римјаните... биле немилосрдни и ревносни на својот пат. Тие не беа посебна верска секта или верско движење во јудаизмот ниту имаа свои посебни теолошки ставови, единствено за што се бореа , беше пораз и истерување на римските окупатори од светата земја. За нив беше неприател секој кој го поджуваше или преставуваше рим, и беа бестрашни, какпо што ги опишув Флавиј “Тие не се плашат да умрат од било каква смрт, ниту се грижат дали ќ умрат нивни блиски, роднини и приатели, ниту било каков страв може да ги натера да друг човек наречат Господар“ Јошуа беше опкружен со зелоти, Симон зелотот (или Симон кананит - кананит е арамејски назив за зелоти) Симон Барјона (барјона - значи бунтовник, одметник од законот, борец... нешто као наш збор за ајдук) дури и Јуда Искариот е мошне веројатно дека е Јуа Сикариот (сикариец - зелот), но најголемта поврзаност на Јешуа со зелотите е при неговото распнување, лево и десно од него беа во ист ден на исто место распнати и двајца зелоти (лестаи).
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Делувањето на Јешуа беше подготовка за неговото прогласување на крал на евреите, од раѓањето па до смртта го следи таа титула крал (цар) еврејски, роден е со кралско родословие, спрема еврејските обичаи и закони како што ги потврдуваа и еврејските цареви во минатото и него го потврдува за избран - верскиот водач (Јован Крстител), го помазуваат со скапоцено миро - исто така кралски обред, (мирото со кое беше помазан беше во вредност од некои денешни 12-15.000 евра), во Ерусалем влегува на начин на еврејските цареви, јавајќи на магаре додека народот го поздравува како цар - наследник на Давид, бара од својот народ да му врати на бога божјето и на царот царевото (а за евреите постои само еден цар - нивен од нивна лоза) и постои само една божја земја - Израел). Но имаше еден проблем, неговото царство беше под власт на друг цар, пагански цар, кој не го признаваше еврејскиот бог, цар кој убиваше и палеше низ неговата земја, цар кој им наметна даноци и туѓински закони на неговиот народ. Единствено со оружје и војна Јошуа можеше да седне на својот престол, затоа и нис писмата се среќаваат н прв поглед чудни пораки, да се купи оружје, дека е дојден да донесе меч дека дојде светот да го види во пламен, пораки за воспоставување на кралство божје, пораки за неплќање данок и повик да му се врати на бога она што е негово.... Историскиот Јешуа мораше да се промени во евангелијата, мораше од крал - воин Јешуа да стане кротко јагне Исус, во евангелијата немаше мместо за римските злодела , за војните убиствата, тешкиот живот, борби.... сето тоа мораше да се замагли, прикаже поинаку, “толкува“. Историски евангелијата настанаа после разурнувањето на храмот, после 70 година нова ера, 35 години по смрта на Јешуа, во времиња кои беа многу тешки и опасни како за евреите така и за следбениците на Јешуа (кои речиси по ништо не се разликуваа од евреите). Сите тие беа на удар на римската власт на римските граѓани, сие беа сметани за неприатели за предавници, за помалце вредни. Во омаздата на рим против евреите, римјаните не се задржуваа на тоа да испитаат шо се фарисеи, терапети, есени, назарени садукејци..... ги фрлаа во арени и ги распнуваа сите подеднакво, и машко и женско и старо и младо. Во тие историски услови, евангелијата настанаа како обид да се прикажат христијаните и тие како неприатели на евреите а приатели на рим. Секако општо познато беше дека Јешуа беше фатен од римјани осуден и погубен како бунтовник против римската власт, основата на прикаската не можеше да се смени, но ожеше да се искриват изобличат и сменат причините и последиците, Да Рим го фати и осуди и уби Јешуа, но за тоа беа виновни лошите евреи... Да Јешуа беше со зелоти и беа вооружени но за тоа имаме посебно толкување, да Јешуа рече да му се врати на царот царевото но тоа не значи она шо рекол туку како ние ќе протолкуваме, Да Јешуа велеше дека е дојден да донесе меч и војна, но тоа не значи како што рекол туку како ние ќе ви објасниме, Да Јешуа рече дека ќе го донесе кралството божје, али не е то вистинско кралство туку некое неодредено , духовно.... и така полека од Јешуа назаренот, борец за слобода на својата земја настана Исус Христ, мирен учител полн со љубов разбирање и еден куп несфатени реченици кои треба некој да ни толкува за да не помислиме дека се на Јошуа.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Aкциата за кревање бунт против римјаните се одвиваше со напад на римскиот гарнизон и напад на храмот, имено, двата столба на римската управа беше римската војска и високото свештенство кое се противеше на борба против рим (а во некои случаеви и римските управители ги поставуваа високите свештеници), покрај тоа во храмот најлесно можеше и да се разбунтува религиозната маса на евреи. Римскиот гарнизон беше поставен во близина на храмот непосредно над него и од неговите зидини имаше поглед кон храмот, ова го користеа римјаните да набљудуваат и контролираат нередите кои најчесто таму и започнуваа посебно за поголеми верски празници кога во храмот и во ерусалем се собираа евреи од цела јудеја. На храмот удар изврши Јошуа со неговата група а на римскиот гарнизон Бараба со своите зелоти. Во евангелијата, упадот во храмот се опишува “племенито“ и му се дава духовна карактеристика, небаре туку така некој ќе влезе во храм во кој имаше храмски стражари, свештеници, верници (познати по својот фанатизам и почитување на храмот)... и ќе му преврќа тезгите и заработката на луѓето кои од тоа живеат и сите мирно ќе седат и гледаат... Тезгите на менувачите во храмот беше сосема легална и законска работа, во ерусалем и во храмот идеа евреи од сите страни, идеа од дијсапора идеа од далечни места со себе носеа пари со кои не можеа да платат услугите во храмот, пари на кои имаше втиснати пагански богови, или за евреите неприфатливи натписи, со такви пари не можеа да платат обредите или жртвите, така да на тезгите пред храмот ги сменуваа во локална валута - во храмски пари, исто така тука се продаваа и жртви за обреди кои се пропишани со божји закон, значи ништо забрането ниту против бога не се одвиваше. Од процент на прометот на тезгите се плаќаше одржување на храмот плата за свештенството и стражарите. Единствен начин да некој без попречување превртува тезги и ги растура парите на луѓето и никој да не го попречува - е ако е во придружба на поголема група вооружени следбеници. Знаеме дека Јешуа наредил сите да си купат мечеви непосредно пред нападот на храм така да се создава јасна слика шо всушност се случило, додека група негови соработници со мечови стојат наоколу , Јешуа упаѓа во храмот, и се обидува да ги крене на бунт присутните евреи додека римскиот гарнизон е нападнат од Бараба и неговите воини. Но акцијата не успева, Бараба е заробен, групата која ги напаѓаше римјаните разбиена и Јешуа мора брзо да се повлече со своите на Маслиновата гора
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.747
Поени од реакции
7.920
@Let 3, здраво си запнал да го преведеш твојот идол Истархов на македонски:sneaky:.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
@Let 3, здраво си запнал да го преведеш твојот идол Истархов на македонски:sneaky:.
никад чуо, сега ко напиша побарав на интернет да видам кој е, можеби и тој ги пиши сличните работи, тие не се некоја тајна илиу нешто шо не може да се дознае, со векови постоеа мислења за исус човек, цркви постоеа кои го славеа исус како месаја не како бог и кои се држеа до стариот завет, само шо тогаш беше опасно да се изнесуваат истражуваат и пишуваат такви работи... по здравје опасно
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ништо не сте пропуштиле: ова е саде почеток...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom