Паравани за туш кабини

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Местел некој во скоро време? Да не имаме на форумов некој што ги изработува или работи со ова?
Ако не... некој да препорача човек/фирма што изработува паравани за туш кабини?
Бујрум... :)
 
Последно уредено:
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Лесно е за местење и секој што се занимава со лепење на плочки и санитарија би можел да ти среди работа. Скоро кај мене местеа, бушат дупки, подигаш на која височина сакаш, монтираш вратите на држачите, штрафиш и пополнуваш со силиконски лепак за подобро да дихтува. За изработка не знам, ама имаш евтини паравани со се када и упатство за монтажа.
И ако е од овие готовите подигни го параванот 3-4мм повисоко и да не лежи на кадата за да може да ја вадиш истата ако некогаш ти се запиши сифонот или за друга потреба, инаку треба да отштрафуваш и одлепуваш што е ѓавол ипол работа.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Познато ми е тоа, мене ме интересира: дали некој си наместил дома во скоро време, па да препорача нешто.
Да не лутам по непроверени „мајстори за стакло“... :)

Од кај го зема ти?
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Од салон за санитарија од источна македонија. Мислам дека можеш и сам да си го наместиш ако си добар со бормашината и прецизен.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Од салон за санитарија од источна македонија. Мислам дека можеш и сам да си го наместиш ако си добар со бормашината и прецизен.
Имам човек за монтажа... Само не ми брка работа источна Македонија, пошто сум од Скопје :)
Океј, потрагата продолжува :)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Имам човек за монтажа... Само не ми брка работа источна Македонија, пошто сум од Скопје :)
Океј, потрагата продолжува :)
Чекај малку, па имаш еден куп салони низ Скопје и поголем избор отколку салоните во Виница да речеме. Јас поминав со 9000 денари, сигурно ќе ја најдеш истата а можеби и поевтино.
 

Attachments

Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
не разбрав ... бараш некој што изработува или имаш купено и бараш некој да ти го намести параванот?
за местење е лесно, што е зборот, и сам можеш, ама ако е стаклен параванот тогаш би препорачал да најдеш некој со искуство (лесно можеш да го скршиш стаклото иако е калено) ...
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Vo frigo sob imas najeftini i so dobar kvalitet, imaat i majstori. Ja zamav letovo od kaj niv i sum zadovolen
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
584
Поени од реакции
247
скоро местивме со татко ми, само пази за стаклото тражи со некој заедно оти татко ми пробал сам и му паднало стаклото напукнало малце :D па после ојдов и јас и помогнав му лесно е, со силикон обавезно да се залепи
нз само од кај го е земал, од источна македонија негде
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Само барај силикон кој нема да ти појави зелено на него. :)
Ако мајсторите си носат нивни види што користат, да не излезе „да бе газда добар е без гајле“ а сакаат да си поминат со поевтино а тебе кој шиша.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Само барај силикон кој нема да ти појави зелено на него. :)
Ако мајсторите си носат нивни види што користат, да не излезе „да бе газда добар е без гајле“ а сакаат да си поминат со поевтино а тебе кој шиша.
Сите силикони појавуваат "зелено" на нив, тоа е од мувлата што се појавува заради влагата.
Затоа јас би му препорачал некој во тон како што му се плочките.
Единствена разлика е што на прозирниот силикон тоа се забележува, додека на белиот не може да се забележи.
Така што сите бели односно силикони во боја, без разлика на брендот подобро маскираат.
Инаку по темава
http://www.sezadomot.com.mk/san-hidro_paravani.htm
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Чекај малку, па имаш еден куп салони низ Скопје и поголем избор отколку салоните во Виница да речеме. Јас поминав со 9000 денари, сигурно ќе ја најдеш истата а можеби и поевтино.
Готово друже, ја таксав од Падеде. 10.700 денари, димензии 80х120, со мат стакло (5мм дебелина).
Ова беше најефтината варијанта за тоа што го барав. Додуша, имаше и поефтини, ама за сите требаше да чекам барем недела-две. Денес треба да ми ја испорачаат и да ја монтираме, па ќе споделам импресии.

Инаку, најјаки беа од Мега Куманово. Цени од 40.000 денари и јаче :pos:

Vo frigo sob imas najeftini i so dobar kvalitet, imaat i majstori. Ja zamav letovo od kaj niv i sum zadovolen
Од Фригошоб ги земав плочките. Крајно незадоволен од нив (освен од вработените во салонот).
Пакетите беа цели рападнати, влажни, со гомна од глувци, а секој пакет имаше различна нијанса на плочки. Катастрофа, шарено ми испадна купатилото, па морав да кршам плочки, па да шетам со плочка низ нивниот магацин и да си спојувам нијанси на бои, па пак да ги лепат... Да мисли човек дека ги земал беспари од ѓубриште, а не од продавница. Така да, Фригошоб - не фала. Дур бев во салон и други им враќаа плочки. Имаа земено декорација (од тие скапите), а тие исто така различни нијанси... Да не му се верува на човек.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Готово друже, ја таксав од Падеде. 10.700 денари, димензии 80х120, со мат стакло (5мм дебелина).
Ова беше најефтината варијанта за тоа што го барав. Додуша, имаше и поефтини, ама за сите требаше да чекам барем недела-две. Денес треба да ми ја испорачаат и да ја монтираме, па ќе споделам импресии.

Инаку, најјаки беа од Мега Куманово. Цени од 40.000 денари и јаче :pos:




Од Фригошоб ги земав плочките. Крајно незадоволен од нив (освен од вработените во салонот).
Пакетите беа цели рападнати, влажни, со гомна од глувци, а секој пакет имаше различна нијанса на плочки. Катастрофа, шарено ми испадна купатилото, па морав да кршам плочки, па да шетам со плочка низ нивниот магацин и да си спојувам нијанси на бои, па пак да ги лепат... Да мисли човек дека ги земал беспари од ѓубриште, а не од продавница. Така да, Фригошоб - не фала. Дур бев во салон и други им враќаа плочки. Имаа земено декорација (од тие скапите), а тие исто така различни нијанси... Да не му се верува на човек.
Kombinirav crni so beli za zidovite a crni mat za podot, super ispadna.

Tus kabinite im se dobri so solidni ceni, barem za razlika od tetovskive prodavnici. Tuka kabina 90x90 se mat staklo e 11000 den. Vo frigo zedov 100x100 so 50 sm kadicka za 9000. Zatoa i ti preporacav. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom