Таксират 16 - Bad Copy, Sander Van Doorn... 07.12.2014

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Сандер Ван Дорн и „Бед копи“ се приклучуваат кон програмата на „ТАКСИРАТ“ фестивал

По одличната забава која сè уште ја паметиме од денс-халата на последното издание на „Таксират“, за фановите на електронската музика, фестивалот и оваа година во својата програма вклучува дел од светските диџеј ѕвезди. „Таксират“ го претставува вториот изведувач од програмата за главната вечер, кој пак редовно се појавува на самиот врв на топ листите на најрелевантниот магазин за електронска музика „ДЈ Маг“, а станува збор за холандскиот диџеј и продуцент САНДЕР ВАН ДОРН (SANDER VAN DOORN).

Сандер Ван Дорн според многумина е вистински технички и музички гениј и еден од највлијателните и популарни диџеи и продуценти. За многу кратко време, ова име стана бренд на електронската сцена, артист чиј уникатен стил никогаш не се класифицира во жанровските поделби и еден од уметниците кои ја обликуваа и променија перцепцијата на денс музиката. Тој прв пат се претстави пред пошироката публика во 2006 година, кога на „ДЈ Маг“ Топ 100 листата дебитираше на 32. место. Поздравена и поддржана од сите значајни имиња, неговата продукција со типичниот „СвД-стил“ ги освои врвовите на сите клубски листи во светот и резултираше со неговиот прв долгоносечки албум „Supernaturalistic“ (2008). Но, ваквиот старт на кариерата никако не го натера да успори со својата работа – под своето име, но и разни псевдоними (Sam Sharp, Purple Haze, Filterfunk & Sandler) од тогаш неуморно објавува и настапува ширум светот и веќе во 2009 година влегува во Топ 10 листата. Својот молскавичен успех до врвот го забележа таа година и со освојувањето на наградата за најдобар нов успешен диџеј („Best Breakthrough DJ“), по што постојано е на врвот од топ листите на најценетите списанија за електронска музика. По бројните хитови и соработки (дав пати по ред неговите синглови во соработка со Marco V влегуваат во Топ 20 и потоа бележи „хет трик“ со „Close My Eyes“ и соработката со Роби Вилијамс), статистиката во неговата кариера вели дека секоја претходна година тој настапувал пред најмалку милион фанови. Покрај соработката со Роби Вилијамс, тој работеше и за познатите светски ѕвезди како што се Сиа (Sia), „Д Килерс“ (The Killers), „Свидиш Хаус Мафиа“ (Swedish House Mafia), „Депеш Мод“ (Depeche Mode). Со своите албуми, бројни хит-синглови, ремикси на најголемите светски ѕвезди, распродадени настапи на сите најзначајни арени и фестивали ширум светот, успехот на неговата сопствена етикета „Дорн Рекордс“ и неделното радио шоу, речиси е невозможно да се посомневате дека на 7. Декември во „Метрополис Арена“ нè очекува одлична забава со која ќе биде затворено овогодинешното издание на фестивалот.

Помеѓу претставниците од регионалната сцена пак, покрај култната хрватска електро-поп група „Денис&Денис“ на главната вечер на Таксират ќе настапи и конроверзното, немилосрдно, најпопуларно српско хип-хоп трио, „БЕД КОПИ“ (BAD COPY)!

Од офф-програмата на последното издание на „Таксират“, еден од настапите кои остави најголем впечаток кај публиката и кој сигурно ќе остане најзапаметен од јубилејното „Таксират“ издание е токму настапот на белградскиот хип-хоп состав „Бед Копи“. Но, она што овие момци го презентираат на нивните настапи дефинитивно заслужува поголемо внимание и главната бината на „Таксират“. Со сигурност мора да го посведочите нивниот препознатлив сатиричен стил поради кој станаа и една од најпопуларните хип хоп групи во регионот. „Бед копи“ во 1996 година ја основаа Ајс Нигрутин и Мики Бој. Истата година го објавија првиот албум „Орбод мебеј“. По трагичната смрт на Мики Бој во 1999. година, Ајс Нигрутин направи пауза и во 2000. година заедно со Тимбе и Скај Виклер, ја обновува групата во состав кој и денес заедно работи. Заедно го објавија албумот „Све сами хедови“ (2003) снимен во радиско студио, кој за кратко време стана хит, благодарение и на првиот сингл „Uno Due Tre“. Во 2006 година го објавија својот трет студиски албум „Најгори до сада“ по кој, во 2008. година групата се разединува. Во 2013 година „Бед копи“ сепак се вратија на сцена и тоа на голема врата со новиот албум насловен “Кригле” кој беше најавен со видео спот за синглот „Љубав или Пиво“. Во досегашната работа имаат забележано и повеќе соработки со артисти како Хорнсман Којоти („Ајсбрн“), Блајнд Бизнис, Кибу, Прти Бее Гее, Бвана, Ху Си?, Марчело, Београдски Синдикат, Едо Маајка, Баук Сквад, В.И.П. и други.

Главната фестивалска вечер на шеснаесеттото издание на „Таксират“ ќе се одржи на 7. декември во „Метрополис Арена“, а покрај тоа фестивалот ја подготвува дополнителната офф-програма. Во рамки на оваа програма веќе го најавивме повторното одржување на „Лузер Фест“, на 29. ноември во МКЦ, а наскоро ќе бидат објавени и останатите детали од програмата, како и информациите за влезниците.

http://republika.mk/?p=334108
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
1/3. Но коа ќе размислам, Бед Копи ко за 2 се рачунаат, значи добро е.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Колку очаен беше Сандер во Експо пред некој месец :facepalm:
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Sander ... не фала , минатиот пат слабо слабо.
Bad copy .... о да да , никогаш немат да здосадет. :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И годинава нема да одам, а баш би сакал:)
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Бунтовната музика и гласното озвучување на BOOM Taksirat Festival годинава ги предводат стрит-панк легендите GBH (official) - повеќе од 30 години верни на чистиот панк-рок!
:::7. декември 2014, „Метрополис Арена“:::

 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.278
Поени од реакции
22.551
Тие Денис и Денис ги знаат од дома дека ке идат на Таксират !?!?? На толку хрватски бендови најдоа анонимци да носат !?!?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
А таман бев слободен годинава да одам....................ништо. Не ми фати око програмава ни тро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom