Термин одложено плаќање не сум сигурен дека постои. ДДВ е таков каков што е. Е, сега, има еден член што може да го толкува кој како сака:
9. Увоз на добра
Член 15
За увоз на добра во смисла на овој закон се смета :
1. Внесувањето на добра
преку царинската линија на Република Македонија и
2. Внесувањето добра
од слободните зони,
царинските зони и царинските
складови во земјата.
Ова едно со друго се коси. Преку царинска линија и ОД царински складови се две различни работи. И во царински склад веќе е помината царинска линија (тоа е државната граница, а во некои случаи и во територија на други држави).
Еве ти
линк
Според Царински закон Член 4
19. “Царински дозволено постапување или употреба на стока” е:
а) ставање на стока во царинска постапка;
б) внесување на стока во слободна зона или слободен склад;
в) повторен извоз на стока од царинското подрачје;
г) уништување на стока и д) отстапување на стока во корист на државата;
Линк
Затоа ти реков...Ако успееш да ја продадеш уште пред да ја вадиш од склад, може. Инаку не. Се додека не е во "слободен промет", немаш обврска да платиш данок. А, за да ја "пуштат", треба да платиш царински давачки. Кога ќе видиш, исто ти се фаќа