Сакам да зготвам: ... помош!

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Pizza rolls
Барав рецепти на нет, ама сите ги прават со готово тесто (јас сакам домашно, со млеко по можност)

Вака изгледаат

Состојќи:
350гр. брашно
230мл. топла вода
1 квасец
1 лажичка мед
1 лажичка сол
1 лажица зејтин

За фил:
200гр. шунка
150гр. кашкавал
100гр. печурки
2 патлиџани
2 чешлиња лук
оригано
сол
бибер

Подготовка:
Во еден сад стави го медот. Во истиот сад стави ги топлата вода и квасецот. Измешај малку, покриј со крпа и оставете да отстои 5-10 минути. Кога квасецот ќе нарасне, стави 1 лажица зејтин, сол и измешај. Додади 150гр. брашно и измешај. Потоа додади уште 100гр. брашно и повторно измешај. На крај, додади го останатото брашно и измешај. Тестото кое ќе го направиш набрашни го и меси 5 минути. Меси и додавај брашно се додека тестото престане да се лепи. Намачкај го тестото со зејтин, стави го во сад, покриј го со крпа и остави го околу 1 саат на топло за да нарасне.

После еден саат тестото подели го на онолку дела колку што планираш и пица кругчиња. Секој дел убаво растегни го, но не го истенчувај...., да има некоја дебелина од 1цм. Растегнатото тесто во средината со лажица или со прст притискај го за да направиш простор за смесата.

Во друг сад на огин стави го зејтинот и лукот да се пржат, излупи ги патлиџаните и додади ги во садот на оган. Додади сол, бибер и оригано и остави да се допржи.
Остај го сосот да се олади, а за тоа време исецкај ги печурките и изрендај ја саламата и кашкавалот.

Во парчињата растегнато тесто нанесувај од сосот, капкавалот, шунката и печурките и почни да виткаш. Основите на кругчето (цилиндарот:D) притисни ги за да не истече дел од содржината (се зависи од тоа како ќе ги завиткаш).

Загреј ја рерната на 250 степени, а за тоа време во тепсија стави хартија, па нареди ги кругчињата или само стави малку зејтин во тепсијата и размачкај, па нареди ги. Намали ја температурата на 200 степени, стави ја тепсијата и печи 20тина минути.
Одкога ќе ги извадиш покриј ги со крпа.

И после уживај јадејќи:)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ај кажите ми рецепт за тесто за една пица, значи испробано не препишано од интернет. Имав едно ама 2-3 пати правев и некако не ми се погодува. :mad:
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Ај кажите ми рецепт за тесто за една пица, значи испробано не препишано од интернет. Имав едно ама 2-3 пати правев и некако не ми се погодува. :mad:
Јас вака го правам: На пола кило брашно додавам лажиче ипол сол, малце зејтин и помалце од половина квасец, предходно разматен во млака вода. Во водата со разматениот квасец додавам и пола лажиче шеќер. Се заедно мешам и си додавам вода или брашно во зависност колку смесата е тврда или кашеста. Откако ке измешам се го премачкувам со малце зејтин и го оставам да стаса. По 10 мин го размесувам повторно и го оставам уште еднаш да стаса. Tоа би било тоа накратко :D
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Рецепт за пилешка чорба со вкус како онаа по кафаните?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Рецепт за пилешка чорба со вкус како онаа по кафаните?
Имам пробано и со запршка и со пасиран компир за густина и не е истата чорба. Ова во случај да пробуваш рецепти од нет. Некој од кафана да ни каже би било добро.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Имам пробано и со запршка и со пасиран компир за густина и не е истата чорба. Ова во случај да пробуваш рецепти од нет. Некој од кафана да ни каже би било добро.
Правам и ја по рецепти од нет, со варијации, ама секогаш ми се различни вкусовите. Затоа мислев да не има некоја "тајна состојка" што ја прескокнувам. :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Рецепт за пилешка чорба со вкус како онаа по кафаните?
Финта на кафански чорбиу е во количината која се готви, друго е кога во казан спремаш 100 литри чорба, друго е дома литар ипол или два.
Јас сакам чорби и ги правам редовно, зеленчукова, пилешка, телешка, а поретко јагнешка и рибја, за пилешка чорба варам пиле или пилешки копани, пола сат само тоа вриам, после тоа сецкам праз (секогаш користам праз место кромид), компир, морков, целер, пашканат, црна бибер во зрно, и го варам во истата вода на тивко 15 минути (за то веме чистам месото - пилето од коски), после додавам малце грашок (пошто тој е или замрзнат или од кнзерва му треба малце време да врие) ставам месото иситнето, фиде, вегета, е сега за да си направиш ѓо кафанска на крај, измати во шоља со ладна вода лајца - две брашно и црвена пипер (не многу), убаво промешај , да се направи густа маса и тури во зовриената чорба нека поврие 5-10 минути со тоа, гасни, стави магдонос исецкан, нароси сио свежо мелен црн пипер, клај едно гранче пашканат ако имаш нека поседи така уште 10 минути и послужи
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Место брашно, за густина да добие, можеш да ставиш јајце.
 
Член од
23 февруари 2014
Мислења
72
Поени од реакции
68
Сакам да испечам пица готова замрзната само да додам месо (пилешки стек) незнам дали директно да го сватам на пицата и во рерна или прво да го сварам па го ставам со пицата во рерна?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Сакам да испечам пица готова замрзната само да додам месо (пилешки стек) незнам дали директно да го сватам на пицата и во рерна или прво да го сварам па го ставам со пицата во рерна?
е сешто ставаат луѓето в релна....
а пробај да му наредиш копани на пицата

за стек мислам дека би му требало 20-30 минути в релна да се испече, а тестото ќе ти изгори за 10 минути, башка.... остајте ја пицата онака како Бог му ја даде на човекот, со шунка, печурки кашкавал и кечап.
 
Член од
23 февруари 2014
Мислења
72
Поени од реакции
68
е сешто ставаат луѓето в релна....
а пробај да му наредиш копани на пицата

за стек мислам дека би му требало 20-30 минути в релна да се испече, а тестото ќе ти изгори за 10 минути, башка.... остајте ја пицата онака како Бог му ја даде на човекот, со шунка, печурки кашкавал и кечап.
да ама не јадам салама изледа бог не ме сака, ке пробам ондак прво да го сварам па ке го ставам
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
да ама не јадам салама изледа бог не ме сака, ке пробам ондак прво да го сварам па ке го ставам
Сварено, кога ќе пушти вода врз тестото мх мх. Плус ќе биде како гума. Подобро испржи го сосема малку на тенки малечки ленти , стави го на салфета да впие вишокот зејтин и така направи ја.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сакам да испечам пица готова замрзната само да додам месо (пилешки стек) незнам дали директно да го сватам на пицата и во рерна или прво да го сварам па го ставам со пицата во рерна?
Незнам зошто би ставал пилешки стек..............., како и да е, твое си е тоа:)
Варење не би ти препорачал, прво поради вкусот, а после и поради тоа што CafeDelMar ти го кажа.
Земи исчукај го убаво стекот, исечкај го на коцкички, малку пропржи, додај врз пицата и печи:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom