Сакам да зготвам: ... помош!

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
И обрати пажња на свежиот зачин. Разликата е астрономска помеѓу свеж и сушен.
И секогаш правилото е прво ја правиш масата па после ставаш состојки кои доминираат по вкус и бараат само потпечување/подзагревање. Пошо термички или ќе ги напраиш карбонара, или ќе се стопат со масата и се губат.
 
C

cige

Гостин
Дајте некој предлог за сос со пишешко месо, освен кари.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Летен сос

150мл. зејтин
250мл. бело вино
Сол и црн пипер
250мл. вода
200гр. свеж магданос
Сок од лимон

Пилешкото се пржи во зејтинот. Одкако ќе се испржи пилешкото, во зејтинот (може пилешкото и да остане во зејтинот) додади го виното и продолжи така уште 5 минути. Потоа додади сол, црн пипер и вода и сето тоа готви го уште 25тина минути.
Земи исечкај го ситно магдоносот и земи испржи го во друга тава, а потоа додади го во првата тава каде беше пилешкото.
Продолжи уште 5-10 минути да готвиш и на крај додади го сокот од лимон.
Промешај и сосот е готов.

Сос со печурки

400гр. печурки
2 главици кромид
зејтин
магдонос
павлака
50-100мл. вода (јас ставам 50, со 100 е многу потечно)
сол.

Во тавче на оган стави да се загрее зејтинот. Печурките и кромидот исечкај ги (кромидот ситно сечкан) и додади ги во садот со зејтин да се испржат.
Одкога ќе се испржат исцеди ги од зејтинот и стави ги во друг сад. Ситно исечкај го магдоносот и додади го во садот и мешај.
Потоа додади ја павлаката, водата и солта во садот и мешај.

:)
 
не јадам пржено, на електрична скара ќе ги печам копаните
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
не јадам пржено, на електрична скара ќе ги печам копаните
Тогаш тартар сосот највеќе би ти одел со јадењето:P

Ианаче има еден сос за пилешко месо од мед...... знам дека @blue ladybug го знаеше ...... нека ти го каже:)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Дајте некој предлог за сос со пишешко месо, освен кари.
Med i senf. Eksperimentiraj so soodnosot na dvete sostojki, pa kako ti e najdobro po vkus, taka napravi go.

Ama ova e poveke za pileski prsti.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Како да ми добијат златна боја компирити кога ги пржам ? Дали предоцна ги вадам, на многу јако ги пржам или што е работата ?
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Како да ми добијат златна боја компирити кога ги пржам ? Дали предоцна ги вадам, на многу јако ги пржам или што е работата ?
Ваљда на јака температура ги пржиш.
Пробај вака. Исечкај ги, стави ги во ладна вода, неко постојат некое време, 20 минути до пола саат. Потоа прецеди ги и стави ги на кујнска крпа за да го собереш вишокот на вода. Ама убаво да ја собереш водата, оти ако има вишок, ќе ти прскаат компирите додека се пржат.
Уклучи рингла на некоја средна температура, стави едно компирче внатре и кога ќе почне тоа да се пржи, стави ги другите, доволно колку да се наполни тавата. Ако ставиш повеќе од тоа, ќе ти се залепат на тавата. Не ја појачувај температурата на ринглата. Ќе ти фати малку повеќе време пржењето, но би требало да ти излезат одлични за јадење со златна боја. Сепак бојата по пржење зависи и од самиот компир.
 
Вчера го направив најдобриот помфрит во мојава мала готварска кариера бидејќи се водев точно по твоиве постапки исто како вчера да си ми го кажала ова, а не сабајлево :icon_mrgr:

Додека сум тука на темава предлог за некое полесно јадење како за почетници како мене да пробам да направам? Сега за сега знам да запржам пинџур, пиперки со урда, стек да го спремам и запржам и уште некоја ситница.
 
Член од
12 ноември 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Ај некој нека ми каже рецепт за топено сирење и за фурнетките благодарам однапред :)
 
N

Nessa Alcarin

Јас знам една финта од мајка ми. Ако компирите шушкаат кога ги мешаш, готови се. Немам промашај до сега. А ако поцрнат уште пред да бидат готови, тогаш не е добар компирот, замрзнат бил претходно. И мора да е убаво загреано маслото пред да се пржат, зошто ќе се залепат.[DOUBLEPOST=1405674963][/DOUBLEPOST]
Вчера го направив најдобриот помфрит во мојава мала готварска кариера бидејќи се водев точно по твоиве постапки исто како вчера да си ми го кажала ова, а не сабајлево :icon_mrgr:

Додека сум тука на темава предлог за некое полесно јадење како за почетници како мене да пробам да направам? Сега за сега знам да запржам пинџур, пиперки со урда, стек да го спремам и запржам и уште некоја ситница.
Мусака, полесно нешто здравје.
еве ти рецепта
Само јас не ставам јајце и кашкавал на крај.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
дали некој некогаш направил ВАРЕНО јајце на око? исто како пржено да изгледа, ама варено да биде... ми го сервираа тоа чудо во еден ресторант, се убив од чудење како успеале, ама дефакто варено беше а не пржено...

има идеја некој?
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
дали некој некогаш направил ВАРЕНО јајце на око? исто како пржено да изгледа, ама варено да биде... ми го сервираа тоа чудо во еден ресторант, се убив од чудење како успеале, ама дефакто варено беше а не пржено...

има идеја некој?
http://youtu.be/pAWduxoCgVk
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
Ај некој нека ми каже рецепт за топено сирење и за фурнетките благодарам однапред :)
можам да ти кажам како го прават во еден мезе бар во Скопје, работев таму :)
за топено сирење се става La Vache фета сирење, отприлика 2 пакетчиња за 3 порции, и во тоа една лажица доматно пире и една зденка. Тоа се’ се меша, и се става најдолу во тавче или во што и да го печеш, над него можеш да ставиш што сакаш, а најгоре растителен кашкавал. И тоа се пече едно 10тина минути отприлика.
За фурнаринки, се меси тесто исто како за леб. Земаш правиш топче, го расукуваш во круг, се става црвен пипер одозгора, сусам, го печеш, и толку, ништо посебно. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom