ФИНКИ или ФЕИТ?

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Да ама барем поусмерено е ваму на ФИНКИ, може уште од старт да си избаци некои предмети иако како што гледам и на ФИНКИ е уште комунистичката програма, 3948302 математики со по неделен фонд од 10+10+10 часови. Џабе толку паламудеа кога пак не ставаат акцент на најважното.
Проблемот со факултетите наши е шо целата програма е базирана за фацките кои некогаш у животот ќе одат даље, т.е. за оние будучи научни истражувачи. Затоа и има толку многу математики, математики и уште повеќе математики.

Додека факултетите не нудат програми кои ќе бидат 2 години рецимо и у нив се фура само тоа шо ти треба, тогаш нема да ја биде. Ти ако сакаш да бидеш некогаш истражувач оди и расположи се предмети шо не ти требаат, ама 98 посто од фаците кои се на факултет немаат намера да бидат научни истражувачи.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако психопатка е Михова шо да се каже за другите :D Оваа може да се смести у најдобра од најлошите :icon_lol:

На ФЕИТ не знам како е ама на ФИНКИ уште од старт у прва година на мојата насока МТ буквално ниеден предмет нема во животот да го користиш освен Структурно и Објектно другите се тешки срања поготово математиките.
Леле дај не го плашете детево. Што и фали на Михова?? Па не може сите да се фини, не е градинка тоа. Да ве фатела вас таа лошотијата Веројатност и статистика што пола факултет чекаше да се пензионира за да дипломира, па тогаш да ве чујам дали збор ќе кажете за Михова. Глупости.
Добро што толку лошо видовте во Михова? Понижува ли? Крати на поени ли? Што?
Марија Михова е една од најглупите професорки мене ми предаваше предмет што беше поврзан со В и С иако претходно по овој предмет имав 10, а кај оваа ништо не разбирав. И асистентката беше малку забегана од учење и двете гуски материјалот го направија каша. Едни задачи на предавање и вежби, а други на испит. А тоа што студентите не можат да положат е до нив, затоа што не знаат да објаснат.
Она може е добра ама е убиена во мозокот и се замислува дека е којзнае што. Ја менувам за десет професори како Аристотел. Го мразев, ама сега го сакам највеќе зошто е најреален. :icon_lol:
За мене ФЕИТ сеуште е пред ФИНКИ.
И оној Љупчо Антовски педерот ме нервира. :D
 
Последно уредено:
S

StormRage

Гостин
Да ама барем поусмерено е ваму на ФИНКИ, може уште од старт да си избаци некои предмети иако како што гледам и на ФИНКИ е уште комунистичката програма, 3948302 математики со по неделен фонд од 10+10+10 часови. Џабе толку паламудеа кога пак не ставаат акцент на најважното.
Тоа, апстрактно знаење кое никогаш нема да го користиш, професорите се добро потковани ама 95% од нив нема ништо да ти кажат, да не зборам за практична работа каде појма немаат (голем дел) и не трујат со математики и „инженерски премети“ а се и сами свесни дека сите ќе заглавиме или да бидеме програмери или веб девелопери...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Тие математики и такви предмети повеќе се за развивање на способности за логичко размислување, решавање проблеми, трпение, работна навика, анализа и истражување, рутина, дисциплина итн. што треба да ги поседува секој инженер.

Незнам како е на другите смерови ама на ксиа кај мене според мене баш сите предмети што сме ги поминале ни требаат сега. Баш се. Од електротехники, физики, (посебно кинематика, динамика), електроники, мерни техники, програмирање, логички кола итн.. секој втор предмет имаме изводи, интеграли и ни е математика и решавање проблеми (од област на управување, системи и автоматика).
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
По кој предмет жити се ти бараат 60% од прв за да присуствуваш на втор?
Бараа по Калкулус, поточно Смиле. Сега незнам како е и дали е исто. Јас пишувам како беше на почетокот.
И не само тоа, туку и собрани бодови од лабораториските + редовно присуство бараше :)
Така да подобро ова горенаведеното, отколку на испит да отидеш (и на тоа сум бил).
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Моја препорака ти е да се запишеш на Математика има два смерови слични на информатика. После тоа положуваш два курсеви, еден за програмски јазик (Java или C#) и еден за бази на податоци (Oracle).
Јас студирав на ПМФ-ИИ и математиките беа главна окупација (писмено задачи, усмено докази) и главната суштина на овој начин на полагање е да се развие инжинерското размислување, за после било што и да работиш нема да имаш проблем. За било каква работа со програмирање потребно ти е да знаеш математика, а за да го завршиш факултетот не е потребно да си некој гениј по математика, ама и не можеш да бидеш дудук.
за ФЕИТ незнам, ама она што ми го имаат кажано за професорите што беа најдобри по број на студенти што презапишуваат одново година на ПМФ, а сега се на ФИНКИ дека не се тие истите и ФИНКИ е само бледа слика од она што беше ПМФ-ИИ.
Ако после факултет сакаш лесно да се снаоѓаш на работа теориските основи се удираат на факултет.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Абе луѓе, ако толку ви сметаат математиките, запишете еден курс по програмирање па станете програмери, никој не ве тера на факултет да се запишете....
Моја препорака ти е да се запишеш на Математика има два смерови слични на информатика. После тоа положуваш два курсеви, еден за програмски јазик (Java или C#) и еден за бази на податоци (Oracle).
Јас студирав на ПМФ-ИИ и математиките беа главна окупација (писмено задачи, усмено докази) и главната суштина на овој начин на полагање е да се развие инжинерското размислување, за после било што и да работиш нема да имаш проблем. За било каква работа со програмирање потребно ти е да знаеш математика, а за да го завршиш факултетот не е потребно да си некој гениј по математика, ама и не можеш да бидеш дудук.
за ФЕИТ незнам, ама она што ми го имаат кажано за професорите што беа најдобри по број на студенти што презапишуваат одново година на ПМФ, а сега се на ФИНКИ дека не се тие истите и ФИНКИ е само бледа слика од она што беше ПМФ-ИИ.
Ако после факултет сакаш лесно да се снаоѓаш на работа теориските основи се удираат на факултет.
Moжеш да кажеш кои се тие професори ? Ме интересира што е толку полесно на ФИНКИ него ли на ПМФ што било :D
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Проблемот со факултетите наши е шо целата програма е базирана за фацките кои некогаш у животот ќе одат даље, т.е. за оние будучи научни истражувачи. Затоа и има толку многу математики, математики и уште повеќе математики.

Додека факултетите не нудат програми кои ќе бидат 2 години рецимо и у нив се фура само тоа шо ти треба, тогаш нема да ја биде. Ти ако сакаш да бидеш некогаш истражувач оди и расположи се предмети шо не ти требаат, ама 98 посто од фаците кои се на факултет немаат намера да бидат научни истражувачи.
Тогаш зошто запишувате факултет? Ако сакате да програмирате тоа можете да го работитет и со сертификати од курсеви и секакви разни глупости што ви се достапни да научите програмирање.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Moжеш да кажеш кои се тие професори ? Ме интересира што е толку полесно на ФИНКИ него ли на ПМФ што било :D
Математиките најчесто беа писмено задачи, усмено докази и ретко некоја дефиниција (сега слушам да се докажуваат докази не давале), во втора година имаше предмет Алгебра, што моментално е во пост-дипломски на ФИНКИ и ако го положиш предметот си скоро дипломиран :)
Смиле и Јованчевски беа тандем во дисциплината пишење квадрат и куб прва година, кај Смиле ако учиш ќе положиш, но имаше интересни техники на чистење на студенти, на пример, во Јунска сесија, испрашувањето е на табла, ако виде многу студенти поминати на писмено, прво ќе рече ајде во лабораторија и ќе полагаш или Prolog или Matematica зависи што предмет, иако е некоја едноставна задача, дел од студентите ќе се откажат, дел нема да ја решат и така може да се ослободи од 10-20% од тие што се за полагање. Усмено стандард, дефиниции и докази, иако ги напишеш сите дефиниции не положуваш, мора да напишеш барем 2 докази.
Јованчевски посебна приказна, материјал за учење од слајдовите на предавања, а ако не му доаѓаш на предавања, слајдовите ти се како ништо. Некои викаа треба до детаљ да пишуваш од слајдовите, некои викаат не треба толку многу, а Јованчевски викаше треба да го опишеш со свои зборови.
Јованчевски и Смиле држеа по два предмети во прва и втора, во трета имаше само 4 математики, ама и тие беа смрт, Магдалена моментално е во пензија и предаваше теорија на информации и на усно бараше теорема 1 од таа и таа лекција, а ја научи и Бакева па и таа почна на теорија на веројатност да дава така дефинирани прашања.
Генерално, предмет математика не се положуваше без да докажеш барем две теореми
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164

:pos:
Ех да беше така (иако не усмено)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

Смиле и Бакева се океј. На Бакева ако и научиш, гарантирано ќе положиш. А реално теоријата Калкулус не е тешка, за два дена се учи.
Кај Смиле кога полагав, имаше едно прашање да докажам некоја теорема. И таа он ни ја имаше докажано на час пример со графови. А јас знаев дека доказите за тој колоквиум беа или графови, или индукција или нешто терсене. Мене не ми текнуваше доказот за таа теорема и си викам дај ќе пробам со индукција. Значи напишав сосема различен доказ од тој што Смиле го имаше предадено. Ми ги имаше ставено сите поени за таа задача.

Јованчевски никогаш не ми предавал.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Смиле и Бакева се океј. На Бакева ако и научиш, гарантирано ќе положиш. А реално теоријата Калкулус не е тешка, за два дена се учи.
Кај Смиле кога полагав, имаше едно прашање да докажам некоја теорема. И таа он ни ја имаше докажано на час пример со графови. А јас знаев дека доказите за тој колоквиум беа или графови, или индукција или нешто терсене. Мене не ми текнуваше доказот за таа теорема и си викам дај ќе пробам со индукција. Значи напишав сосема различен доказ од тој што Смиле го имаше предадено. Ми ги имаше ставено сите поени за таа задача.

Јованчевски никогаш не ми предавал.
Бакева океј? Бакева е излезена од пеколот, олицетворение на Лукавиот.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Бакева океј? Бакева е излезена од пеколот, олицетворение на Лукавиот.
На Бакева ако и ја научиш теоријата (барем 50%, или 60% беше?), проаѓаш без проблем. Значи без проблем. Не мораш ни на предавања да идеш. Напиши тоа од тетратка (значи од тетратка, не мора ни од книга да учиш) и уживај. А тоа што го предавала по Калкулус се учи значи за два дена. Поставува прашања од тоа што го предавала и тоа го бара. Епа вие што сакате?

Ај објасни ми те молам зошто е излезена од пеколот? Поставила прашање кое го немало во тетратка или книга? Ти се развикала некогаш? Те понижила? Не ти објаснила зошто ти скратила поени?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
На Бакева ако и ја научиш теоријата (барем 50%, или 60% беше?), проаѓаш без проблем. Значи без проблем. Не мораш ни на предавања да идеш. Напиши тоа од тетратка (значи од тетратка, не мора ни од книга да учиш) и уживај. А тоа што го предавала по Калкулус се учи значи за два дена. Поставува прашања од тоа што го предавала и тоа го бара. Епа вие што сакате?

Ај објасни ми те молам зошто е излезена од пеколот? Поставила прашање кое го немало во тетратка или книга? Ти се развикала некогаш? Те понижила? Не ти објаснила зошто ти скратила поени?
Затоа што е "најкрената" од сите професори. Затоа што за 0.0001 поен ќе те натера да преполагаш. Затоа што ако не ја напишеш дефиницијата како што таа ја напишала на табла ќе ти ја земе за грешна. Затоа што недајбоже да прашаш на увид зошто некаде ти зела поени (мене лично ми се има изнасмеано во фаца). Затоа што на еден колега на кој му фалеа 0.4 поени за поголема оцена му даде цел испит да решава (ова за време на увид). Што е најгратично колегата ги реши задачите и оваа му вика, па точни ти се ама ќе размислам дали ќе ти дадам поени ( не му даде ). Така да, не е за џабе еден од најомразените професори на факултетот....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom