Абе секако Арсенал ќе беа со играч помалце. Мене не ми е јасно како можеше вака глупаво да изреагира Чемберлејн. Па надвор одеше топката, а и крај краева и внатре да одела, вака ќе беше 3-0...а после неговата интервенција, пенал за Хазард, фактички 3-0 и црвен за Арсенал. Глупости.
Пенал и црвен е убедливо најретардираната казна во фудбалот. Колку побрзо ја истребат таа смешка толку подобро. Колку добри утакмици се имаат уништено поради тоа е глупаво.
Венгер настапи денес слично како и против Ливерпул, нема појма човекот веќе за дерби натпревари. А и степенот на паника кој го фаќаат играчите на Арсенал е страшен.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.