Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    230
Член од
28 мај 2023
Мислења
148
Поени од реакции
148
Слабо користиш интернет од нова година се посраа скаусерите за quadruple посебно вашиот клубски гуру и дворски шут Карагер, и сега кога ви удираат сеир криво ви е. Дали ти сакаш да прифатиш или не сите го ставаа Ливерпул пред Јунајтед сезонава.
Па добро де и се пред Јунајтед, исто како да предвидиш дека ќе се пред Евертон. Не е некоја мерка.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.858
Поени од реакции
7.434

Спреми се бантер оваа сезона не е ништо од тука почнува удолницата. :D
 
Член од
21 април 2024
Мислења
46
Поени од реакции
34
Зошто не играше денеска Фоден знај некој ? Воопшто не беше ни пријавен за утакмицава...повреда е во прашање или тактика на ќелчото,го одмараше ???
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.462
Поени од реакции
42.761
Види една работа, уствари повеќе.
Прво, Ливерпул не е тим со неограничени пари како некои други клубови.
Второ, Ливерпул беше на чекор од банкрот, самата трансформација што ја направија новите сопственици и Клоп беше речиси и незамислива пред тоа.
Трето, Ливерпул успеа да стигне од просечен клуб, до еден од најдобрите тимови што ги видела Премиер Лигата и сето тоа беше крунисано со титула и рушење на еден куп рекорди од победи, поени во лига, постигнати голови, млатење на ривали по 5-0 резултати и се останато,
Четврто, тоа што се постигна, не значи дека ќе трае вечно, особено што ако ја прочиташ првата работа, тимот нема неограничени финансии, па така ако се повреди Ван Дај, ќе се замени со дете од академија, што за разлика од наголемиот ривал за титули, ако му зафали играч на клучна позиција, нема проблем да си го купи најдобриот играч на позицијата слободен на пазарот.
Петто, нема навивач на Ливерпул што би замислил подобро сценарио од ова, а и нема навивач што не би му честитал на Сити и Гвардиола за тоа што освоија повеќе титули.
Околу тимот што го изградија со паметна трансфер политика и со внимателно бирање на играчи целосно се сложувам. Имаше Ливерпул бантер ера после Бенитез, а рекострукцијата почна уште со Роџерс, а беше комплетирана од Клоп.

Дека Сити има повеќе пари на располагање е исто точно, но не е дека и Ливерпул го изгради тимов за три гроша. Своевремено најскап дефанзивец, најскап голман, Фабињо беше околу 50че, Нуњез и Собослај од овој тим, итн.. Мислам дека Слот сепак ќе мора да ја заврши смената на генерација која започна летово, но ќе му биде огромен проблем ако на крај треба да бара замена и за замените и влезе во барабанот во кој Јунајтед постојано се врти веќе 10+ години.

За сценариото, сепак да не се лажеме. Фудбалот се игра за резултати и титули. Ливерпул под Клоп имаше стварно одлични резултати, меѓутоа титулите ќе недостасуваат. И тоа ќе остане мала дамка на неговиот мандат во клубот. Сепак, несомнено ви е број еден тренер во 21ви век. Крај краева друг ни толку нема освоено. (морав, јебига :D :D )
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.653
Поени од реакции
62.971
јбг тоа е, и јас мислам дека Сити не кикснува до крај,
поголеми се шансите Арсенал да се посере кај мизерниот Јунајтед.
Шанса нема за вакво нешто, мислам дека Арсенал многу лесно ке победи. Јунајтед е во таков нокдаун моментално, Арсенал и со 10 играчи би не победил. Ван Бисака, Хојлунд, Рашфорд надвор од форма, Касемиро на CB, половина одбрана крпена и без одмор овие што играат. За ваков моментално Јунајтед, и нерешено би бил позитивен резултат.

Ни Евертон ни Форест не се за оваа сезона Евертон пр беа оваа сезона 40м плус од трансфери ама Сити не верувам да ги казнат и за тие 100 обвинувања што ги теретат ќе направат како нашиве со Мијалков застаре делото и нема казни.
Нема никакво навестување КОГА ке им се одземаат бодови на Сити. Посрани се во ФА од Сити, им имаат ненормален страв.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
7.730
Околу тимот што го изградија со паметна трансфер политика и со внимателно бирање на играчи целосно се сложувам. Имаше Ливерпул бантер ера после Бенитез, а рекострукцијата почна уште со Роџерс, а беше комплетирана од Клоп.

Дека Сити има повеќе пари на располагање е исто точно, но не е дека и Ливерпул го изгради тимов за три гроша. Своевремено најскап дефанзивец, најскап голман, Фабињо беше околу 50че, Нуњез и Собослај од овој тим, итн.. Мислам дека Слот сепак ќе мора да ја заврши смената на генерација која започна летово, но ќе му биде огромен проблем ако на крај треба да бара замена и за замените и влезе во барабанот во кој Јунајтед постојано се врти веќе 10+ години.

За сценариото, сепак да не се лажеме. Фудбалот се игра за резултати и титули. Ливерпул под Клоп имаше стварно одлични резултати, меѓутоа титулите ќе недостасуваат. И тоа ќе остане мала дамка на неговиот мандат во клубот. Сепак, несомнено ви е број еден тренер во 21ви век. Крај краева друг ни толку нема освоено. (морав, јебига :D :D )
Не знам зошто упорно се заборава дека Ливерпул само од Кутињо искешира 150 милиони со што беа купени Ван Дајк и Алисон. Доколку не беше таа скапа продажба, никогаш немаше да се троши толку многу затоа што американците ги интересира само профитот. Клоп реконструкцијата ја почна со играчи како Рагнар Клаван, Матип, Роберстон, земени за беспари. Притоа клубот продаваше смешни играчи од академија како Соланке за по 20-30 милиони.

Во ниту една сезона, разликата на купени со продадени играчи не надмина сума од 30 милиони, а ве неколку сезони имаа и чист профит. Тоа плус им овозможи да направат надоградба на стадионот од 40000 на 60000 гледачи и да изградат нов тренинг центар. Колку титули освои Венгер кога му беше наредено дека ќе мора да брка профити...

Уште една од најбитните работи што Клоп ги направи е што го претвори Ливерпул од тим кој ги продава најголемите ѕвезди како Овен, Алонсо, Маскерано, Стерлинг, Суарез, Кутињо, во тим што одбива 150-200 милиони за Салах. Пред тоа освен Џерард, никој друг не одолеа на понудите од поголемите клубови. Можеби некоја цифра плус на трофеи ќе зафали, ама не верувам дека пред осум години ако беше понудена ваква ситуација, ќе постоеше навивач кој ќе каже не е доволно.
 
Освен директор за фудбал никого не го интересира нет спенд, инче со години сакате да се правдате дека сте имале ограничени ресурси што не е и баш така у реалност.

Liverpool have spent around £851 million during Klopp's reign at Anfield.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.193
Поени од реакции
14.470
Aко не киксне Сити до крај, на Арсенал му се пишува ливерпул сценарио. Одлични преку цела година, за да на крај го испушат за 1 бод или на гол разлика. Не е реално ова што го прави Сити скоро секоја година. Во состојба се 15 по ред да ги победат на крај.
2019: 14 consecutive wins to win the league
2022: Unbeaten in last 12 games
2023: 12-game win streak to win the league
2024: Currently on 19-game unbeaten run

Нема чаре, не се нормални на крај кога треба, Пеп е доктор за лигашки натпреварувања.
Јас сум убеден дека ниту еден друг менаџер не може да го направи ова, шанса нема.

Не очекувам да изгубат никаде бодови до крај, Тотенхем до нивниот дуел многу веројатно ќе бидат аут од борба за топ 4 така да гледам кој би им скинал бодови. Форест вчера имаше прилика, имаа и шанси и добар притисок еден период, им гори под нозе, ама имаат дрво (хе-хе) напред.
Автоматски споено мислење:

In 2024, Arsenal have picked up 40 out of a possible 45 points and City have 39 out of 45. The standards are so high.

Два од тие 5 поени се кај Сити нерешената.
Штета, мислам дека од нова година наваму играме убедливо најдобар фудбал во лига.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
7.730
Освен директор за фудбал никого не го интересира нет спенд, инче со години сакате да се правдате дека сте имале ограничени ресурси што не е и баш така у реалност.

Liverpool have spent around £851 million during Klopp's reign at Anfield.
Како никој да не го интересира кога реалноста е таа. И на времето беа ветувани Давид Виља, Дани Алвес, баш кога составија добар тим и им требаа неколку клучни играчи, сепак беа носени Вороњин, Роби Кин, Клајн и слични.

Оваа бројка од 851 милион може да биде и милијарда и петсто, ќе биде џабе и за само за весници ако претходно се продале клучни играчи кои чинеле милијарда и шестотини. Пак ќе речам ако не беше Кутињо, немаше ни Ван Дајк ни Алисон да се видат. А останатите од тој најдобар тим никој не надминува цифра од 40-50 милиони, а тука беа Мане, Салах, Фирмино, Фабињо, Вајналдум. ТАА од академија, Матип 1 евро, Робертсон 10, Хендерсон 20... Само тројца дефанзифци на Сити чинат повеќе од целиот најдобар тим на Ливерпул.

Факт е дека Клоп направи машинерија со боранија играчи, таа машинерија изигра три финалиња ЛШ, прекина 20 години без титула и беше до последната секунда од последните натпревари конкурент за плус уште некој трофеј, со конкурент кој што има неограничени финансии и 120 тужби за прекршување на правила.

Ниту еден навивач не можеше ни да сонува за нешто подобро.
 
Друже никој не му го оспорува успехот секако и е заслужен Ливерпул играше добар фудбал за времето на Клоп.
Разликата на потрошени пари на Клоп и Пеп е тука некаде.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.189
Поени од реакции
3.525
Друже никој не му го оспорува успехот секако и е заслужен Ливерпул играше добар фудбал за времето на Клоп.
Разликата на потрошени пари на Клоп и Пеп е тука некаде.
Ама ова е бош муабет со временски опсег. Еве ајде ќе мериме следна сезона. Јунајтед се очекува да прави целосен ремонт и да фукне 200м затоа што тимот шкрипи од сите страни. Астон вила нема да купи никој да речеме. Дали тоа значи дека Јунајтед нема изговор за полош пласман од Астон Вила со оглед на парите дадени за трансфери? Ако се земе предвид следната година само.

Пеп и пред да дојде имаше тим што освојувал титула со Манчини, Пелегрини и кои и да беа таму. Клоп наследи боранија тим.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.858
Поени од реакции
7.434
Ама ова е бош муабет со временски опсег. Еве ајде ќе мериме следна сезона. Јунајтед се очекува да прави целосен ремонт и да фукне 200м затоа што тимот шкрипи од сите страни. Астон вила нема да купи никој да речеме. Дали тоа значи дека Јунајтед нема изговор за полош пласман од Астон Вила со оглед на парите дадени за трансфери? Ако се земе предвид следната година само.

Пеп и пред да дојде имаше тим што освојувал титула со Манчини, Пелегрини и кои и да беа таму. Клоп наследи боранија тим.
Нема изговор ни за Јунајтед ни за Челзи да завршат позади Вила,Њукасал можда и Спарси. Ниту оваа сезона ниту било која.
Никој не му го оспорува успехот и како го трансформира тимот. Но да имаш потрошено скоро милијарда и викаш дека имал ограничени ресурси е лудост.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.462
Поени од реакции
42.761
со конкурент кој што има неограничени финансии и 120 тужби за прекршување на правила.
И Јунајтед на кој му се смееш ти само страна-две поназад, во последните 6 години заврши два пати втор, зад конкурентот со 120 тужби за прекршување на правила. Ама за нив тоа не важи, а од друга страна Клоп треба да го жалиме бидејќи се натпреварувал со лошите момци. А исто така "испушти" две титули, завршувајќи втор позади Сити.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom