Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    230

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.462
Поени од реакции
42.761
Ковентри ви даде 3 гола. Оди покриј се со ќебе преку глава и испоти се малце.
Тоа не го менува фактот дека ерата на самопрогласениот најдобар тим што бил некогаш виден во ПЛ завршува со едвај една лигашка титула.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
7.730
Повеќе би рекол се чудиме како ерата на самопрогласениот најдобар тим што некогаш бил виден во Премиер Лигата завршува со едвај една лигашка титула. :coffee::coffee:
1 > 0 од најдобрите индивидуалци на својата позиција, подобри и од оние на Сити сите овие 11 години
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.462
Поени од реакции
42.761
1 > 0 од најдобрите индивидуалци на својата позиција, подобри и од оние на Сити сите овие 11 години
Океј е де, ние си ја признаваме грешката. Сега вас ви е редот. :icon_mrgr:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.858
Поени од реакции
7.434
Друже, последната голема титула ви беше Лига Европа со Мурињо пред 7 години. ЛШ немате од 2008ма, тоа се 16 години. Премиер Лига немате од 2013та. Тоа се 11 години.


За греота сте вака генерално гледано, ама океј... :)
За греота е кариерата на вашите играчи единствена утеха им е парите што ги плаќате. ;)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
7.730
Океј е де, ние си ја признаваме грешката. Сега вас ви е редот. :icon_mrgr:
Види една работа, уствари повеќе.
Прво, Ливерпул не е тим со неограничени пари како некои други клубови.
Второ, Ливерпул беше на чекор од банкрот, самата трансформација што ја направија новите сопственици и Клоп беше речиси и незамислива пред тоа.
Трето, Ливерпул успеа да стигне од просечен клуб, до еден од најдобрите тимови што ги видела Премиер Лигата и сето тоа беше крунисано со титула и рушење на еден куп рекорди од победи, поени во лига, постигнати голови, млатење на ривали по 5-0 резултати и се останато,
Четврто, тоа што се постигна, не значи дека ќе трае вечно, особено што ако ја прочиташ првата работа, тимот нема неограничени финансии, па така ако се повреди Ван Дај, ќе се замени со дете од академија, што за разлика од наголемиот ривал за титули, ако му зафали играч на клучна позиција, нема проблем да си го купи најдобриот играч на позицијата слободен на пазарот.
Петто, нема навивач на Ливерпул што би замислил подобро сценарио од ова, а и нема навивач што не би му честитал на Сити и Гвардиола за тоа што освоија повеќе титули.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.858
Поени од реакции
7.434
И така "Најдобар клуб" кој некогаш постоел у премиер лигата траеше 3 сезони. :lolzz:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.261
Поени од реакции
16.846
Арсенал како ураган против Челзи и Тотенхем, менталитет шампионски, штета шо сега не зависи се од нив
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
482
Поени од реакции
1.678
Види една работа, уствари повеќе.
Прво, Ливерпул не е тим со неограничени пари како некои други клубови.
Второ, Ливерпул беше на чекор од банкрот, самата трансформација што ја направија новите сопственици и Клоп беше речиси и незамислива пред тоа.
Трето, Ливерпул успеа да стигне од просечен клуб, до еден од најдобрите тимови што ги видела Премиер Лигата и сето тоа беше крунисано со титула и рушење на еден куп рекорди од победи, поени во лига, постигнати голови, млатење на ривали по 5-0 резултати и се останато,
Четврто, тоа што се постигна, не значи дека ќе трае вечно, особено што ако ја прочиташ првата работа, тимот нема неограничени финансии, па така ако се повреди Ван Дај, ќе се замени со дете од академија, што за разлика од наголемиот ривал за титули, ако му зафали играч на клучна позиција, нема проблем да си го купи најдобриот играч на позицијата слободен на пазарот.
Петто, нема навивач на Ливерпул што би замислил подобро сценарио од ова, а и нема навивач што не би му честитал на Сити и Гвардиола за тоа што освоија повеќе титули.
Како фан на Ливерпул уште од минатиот век, откако почнав да гледам фудбал, можам да се сложам со нешто од ова, ама претежно не се сложувам.
Прво, парите не играат најважна улога. Играат голема улога, ама не најважна. Има премногу докази за тоа. А не заборавај дека откако дојде Клоп, ние купуваме играчи за доста добри суми што не ги оправдале парите.
Второ, за ова си во право.
Трето, Ливерпул никогаш не бил просечен клуб, може не бил шампионски, ама секогаш бил во англискиот врв, во топ 4 сме биле најчесто. Многу пати сме биле први во голем дел од сезоната или во борба за прво место, за на крај на сезона да ја оплескаме.
Како фан на Ливерпул, во таа сезона кога ја освоивме титулата во време на п(л)андемија, можевме да срушиме уште неколку рекорди со само уште еден постигнат гол дома. Памтам изигравме нерешено со некоја небитна екипа и пропуштивме можност да поставиме неколку рекорди наеднаш.
Четврто, пак е до парите. Клоп подобри многу работи во функционирањето на клубот генерално и остава една добра основа за работа во клубот на наредниот тренер/менаџер.
Петто, што сите сме свесни за ова, Клоп е во тимот истовремено во време на Пеп во Сити. Да не беше Пеп во тие 4-5 години во прајмот на Клоп во Ливерпул, од кај 2018 до 2022, ќе освоевме уште некоја титула сигурно. Ама и реално имаме лајно менталитет, да бидиме искрени. Многу сме променливи во форма и игра. И Клоп дури сега во последната сезона почна со ротирање на играчите, му требаа години за да почне да ротира.
Тоа е тоа од мене.
Имам другар во Мк, кога се враќам обично седнуваме на по некоја пура и некоја пијачка и едно добри 2-3 саати го дебатираме тимот, небаре испит спремаме. Затоа чудно ми е на форум вака да се распишам.
Инаку би сакал оваа година Арсенал да ја освои Премиер лигата само поради Анри, дека откако замина тој никако клубот да освои титула и мислам дека тој најмногу ќе се израдува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom