Д ФЕСТИВАЛ 2018

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.486
Генерализирање и стереотипи не е доволна причина за забрани и поделби. Без разлика дали некој ќе свири на харфа, ќе тропа на тенџериња или ќе пушта музика од компјутер - ако сите 3 работи ги сметаме за музика не може на некој да му забраниш да ја презентира својата музика затоа што луѓето што ќе дојдат ја слушаат таа музика не ти се допаѓаат.
Не сфаќам, Ману Чао кога биле било океј, ама сега техно журка не било океј? Пошо трева > мдма?
Веројатно не се разбираме. Јас не сум ни против техно, ни против мдма, ни трева, напротив уживам во нив. Поентата ми беше дека НИТУ ЕДНА журка, од ниту еден жанр не треба да се одржува во црква. Мислев дека претходно било одржувано нешто ултра свечено, Ману Чао дефинитивно не е за во црква. И пак тука нагласок ставам не на музиката, туку на алкохолот, дрогата и лапањето/драпањето.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.134
Поени од реакции
5.880
И тоа проблем мислам дури е настанато откога имало реакции пошто со купачи иделе нагоре женски, а не пошто имало журка некаква во црква. Јас дури сега дознавам дека и други години имало, дека не сум одел на фестивалот, ама според мене не треба да се дозволи никаков концерт или журка во црква, независно каква е музиката. Црквата служи за луѓе да си го најдат мирот внатре, мене ми смета секакво крекање кога сум внатре или зборење на телефон, а не па журка организирање каде што луѓето се драпаат, дрогираат, им се истура пиво на подот итн. Не го кажувам ова како некој религиозен човек, одам во црква 1-2 пати годишно, но сепак мислам дека има милион локации каде што може да се организира журка/концерт и дека верските објекти не треба да се дел од тие локации.
Веројатно не се разбираме. Јас не сум ни против техно, ни против мдма, ни трева, напротив уживам во нив. Поентата ми беше дека НИТУ ЕДНА журка, од ниту еден жанр не треба да се одржува во црква. Мислев дека претходно било одржувано нешто ултра свечено, Ману Чао дефинитивно не е за во црква. И пак тука нагласок ставам не на музиката, туку на алкохолот, дрогата и лапањето/драпањето.
Прилично сум сигурен дека барем 5та година е ова како во таа црква има музичка програма за време на Д-фестивал. Значи не е дека во саботата од никаде дошле наркомани да се журкаат во црква, туку дека веќе со години организаторот планира музички стејџ таму за кој што не е можно да нема одобрение/дозвола (како и за сè останато поврзано со фестивалов).

Така што ако некаде барате кривица, барајте ја во општина Дојран, затоа што би требало они да се одговорни за издавање на тие дозволи.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.486
Прилично сум сигурен дека барем 5та година е ова како во таа црква има музичка програма за време на Д-фестивал. Значи не е дека во саботата од никаде дошле наркомани да се журкаат во црква, туку дека веќе со години организаторот планира музички стејџ таму за кој што не е можно да нема одобрение/дозвола (како и за сè останато поврзано со фестивалов).

Така што ако некаде барате кривица, барајте ја во општина Дојран, затоа што би требало они да се одговорни за издавање на тие дозволи.
Баш така, мислам дека никој не ги ни криви дечките што се журкале, него организаторот.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.780
Поени од реакции
13.112
Komita i vardari vo srceto beter od shiрtari ste,za dzamija odi vakvo neshto da procitash od niv
А па не знаев дека нашата цел е цивилизациски да се сведеме на шиптapи и нивното третирање на верските објекти. Не дај боже ете девојки по купачи да биле на журка, сепак тоа е спротивно на куранот и нашите исламски верувања.
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Добр журка на church stage. Краток исечок од атмосферата во првиот пост на профилов. Не знам зошто линкот не се праќа ко што треба:

Генерално фестивалот беше океј ама не си го искористува потенцијалот. Отидов ради xenia и anfisa. Двете имаа одлични сетови ама некој (веројатно во општина или мвр) одлучил програмата да трае до 03:00. Досега не сум бил на фестивал кај што програмата се крати толку рано, затоа и ќе си остане безвезен фестивал, иако локацијата има голем потенцијал за журки, особено стариот lake awake stage кај што порано трансот и техното траеа до изгрејсонце. Сега беше преместен бидејќи не им ја дале плажата, па се изгуби ефектот на журка на плажа до сабајле.

Програмата беше многу рандом, како некој глув да ја правел. Имаш техно од 18, па рок, па рап, па пак рок и завршува со техно. Треба да поработат на усогласување и групирање на жанровите. Како и да е со програма до 3 сабајле не се тера фестивал, не би одел во иднина ако продолжат така. Се потрудиле да донесат добри изведувачи од различни жанрови, ама можеле многу подобро да ги искористат.
 
Последно уредено:

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.084
Една работа која е слободна и во која секој има право слободно да размислува во 21 век е религијата (во колку толку развиениот свет), секој има право да верува во тоа што сака, никој нити те присилува ниту очекува од некој да биде верник, исто како што никој не го ни наметнува спротивното како што било во едно блиско минато кај нас.

Црквата сама по себе е објект во кој се изведуват религиски обреди и во кој има строги правила и кодекси како треба да се однесуваш, од начин на облекување, место каде што треба да стоиш за време на служба, како се изведува обредот и.т.н., кога влегуваш во црква влегуваш по своја лична желба и таму треба да ги почитуваш тие правила, никој не те присилува ти си избрал си влегол и со самото тоа имаш одговорности кои треба да ги извршиш и почитуваш, сама црква е место каде што оние кои вистински веруваат во тоа (лаиците верници од празник на празник не се во таа категорија) каде таму го наоѓаат својот мир, спокој, така да оддржување на техно забави и журки сигурно не е во тоа што е црква и составен дел од животот во неа, значи ако не веруваш, имаш било што против религијата тоа е твое лично право и мислење кое никој не може да ти го смени, но тоа не значи на тие места да вршиш работи кои не се според правилата и да ги исмеваш и понижуваш оние кои се дел од тоа.

Друга работа покрај својата духовна вредност како објект црква, самата црква е споменик на културата и со огромно значење од национален аспект па ако толку сме опседнати во одбрана на националниот идентитет а на ваков начин се однесуваме со објект кој е од историска важност тогаш што повеќе има да зборуваме за нашиот идентитет.

На крај дебилно е поради одредена група на луѓе без морални вредности и почит да се забрани еден цел фестивал на кој и јас сум одел, и ќе одам во иднина, но сепак се треба да си има свои граници кои треба да се почитуват, а токму ова со црквата е една од нив.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.030
Поени од реакции
7.646
Да гледа некој видео од журката нема да поверува дека е во црква ако не знае дека е црква бидејќи во таа црква нема фрески колку јас што знам.

Сум бил во Дојран но не на фестивалов и сум ја видел црквата знам дека сеуште е во реставрирање и не се задржав премногу во неа. Црквата е многу убава.

И јас не сум за журки во црква, највеќе не сум за техно и било каква електонска музика. Црквата дека е во реставрација и нема сеуште фрески, нема можеби и за палење свеќии сеуште и е празно внатре па им дозволуваат да организираат забави.
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.356
Поени од реакции
28.045

Црквата е една од најлошите работи што и се имаат случено на религијава. И едното со другото ама баш никаква врска немаат. Вербата во бог нема никаква врска со црква, со носење алка од 150 денари, со крст на врат, прекрстување 100 пати при поминување пред црква, а ниту па вербата има врска со палење свеќи, оставање 100 денари за здравје, или пак со попот што ќе ти пее вечна јапамја на погреб за 100 евра и 50 евра за да ти крштева дете.
Кога самите овие попови неверници ги кршат сите правила на црквата со сите нивни гревови, кој сум па јас да ги почитувам тие правила. Вербата е едно, црквата друго.
Не се сметам оддамна за верник, ама почитувам сечие право да верува во што сака без разлика дали е христијанин, муслиман или нешто трето. Црква нема никогаш да почитувам од погоре спомнатите причини. А, интересно е како толку навредени луѓе се најдоа у нашава држава. Верници се само кога им треба да фатат на спортска, и кога палат свеќа за некој починат. 90% од народов ниту иде во црква редовно, ниту се моли ниту знае како. И ова биле верници, седи бе.

Никогаш не сум помислил да одам на журка во црква ниту би поддржал нешто такво, ама после ова комотно би ги организирал металика и пантера таму и со ѓаволски рогови да се прави журка.

Да не тераме оф топик, нека си се журкаат луѓето.
 
Секој има свое лично интимно право за тоа дали е или не е верник, дали верува во постоење на Бог, која религија ќе ја практикува и дали воопшто ќе ја практикува, дури до која деноминација во самата религија ќе припаѓа, ти самиот си имал такви искуства какви што си имал, поради тоа си ја замразил црквата како институција и тоа си е твоја интимна одлука, јас може да не се согласувам но мора да го почитувам твоето мислење, исто како што ти би требало да го почитуваш моето дека јас во таа црква го проанаѓам својот духовен мир и спокој, која ми била водилка да не западнам во милион проблеми исто како и за многу други кои преку црквата се спасиле од разни пороци кои им го уништувале животот.

Јас лично како верник сум дел од духовниот живот во црквата со години и ниту за еден религиски обред не ми било побарано финансиски надомест туку напротив, имаш манастири во кои монасите ги вршат сите религиски обреди без да наплатат ниту денар, помагале и помагаат на најразлични ранливи категории, во рамки на црквата еве како православен зборам, за православната имаш неколку хуманитарни организации кои се занимаваат со хуманитарни активности, болница која лечи зависници од дрога бесплатно, истото го има и во другите деноминации и цркви, така да не е се така црно има и доста позитивно, друга работа што многу личности кои ја злоупотребуваа мантијата за лични богатства се отстранети од црквата, конкретно зборам за мојата струмичка епархија.

Значи ако ти нешто мразиш поради X причини не ти дава право да правиш скрнавење врз него, бидејќи нема никаква разлика меѓу терористиве на УЧК кои тоа го правеа врз Лешочкиот манастир и тоа што го превеле напијани и издрогирани технаџии во црквата во Дојран.

А ако си толку решен ете направи си метал журка на Св. Спас во Скопје, кога е бал нека биде маскенбал нели.

И за крај разбери, никој нема ништо против тоа луѓето да се забавуваат, опиваат, дрогираат, секој што сака нека прави но на местата кои се предвидени за тоа а не во објекти кои имаат сосема друга намена која значи многу за илјадници луѓе без разлика дали се согласувате со нив или не.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Да гледа некој видео од журката нема да поверува дека е во црква ако не знае дека е црква бидејќи во таа црква нема фрески колку јас што знам.

Сум бил во Дојран но не на фестивалов и сум ја видел црквата знам дека сеуште е во реставрирање и не се задржав премногу во неа. Црквата е многу убава.

И јас не сум за журки во црква, највеќе не сум за техно и било каква електонска музика. Црквата дека е во реставрација и нема сеуште фрески, нема можеби и за палење свеќии сеуште и е празно внатре па им дозволуваат да организираат забави.
Црквата има за палење свеќи внатре во неа и има стари фрески на ѕидот.
Може во другата црква си бил.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.030
Поени од реакции
7.646
Црквата има за палење свеќи внатре во неа и има стари фрески на ѕидот.
Може во другата црква си бил.
Во таа Св Илија кога бев внатре беше све бело ѕидовите и одма излегов не се задржав многу, немаше ништо посебно што да се види.

Бидејќи прв пат бев во Дојран не бев ни информиран за црквата и случајно ја видов шетајќи со татко ми. Го прашувам што е црква ли е и он не знаеше па отидовме до таму.

Во Дојран поточно Стар Дојран отидовме некаде октомври 2020 мислам беше за да искористам тоа ваучерот што го даваа за туризам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom