- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.589
Целата оваа работа има единствено врска со членството во Нато, за Еу ќе се сликаме. Додека дојдеме ние во позиција да станеме членки на Еу има еден куп работи да се сменат, и тоа не во наша полза. Претпоставувам дека си информиран за негативното расположение кое што владее во Еу кон проширувањето и настојувањата за реформи внатре во Унијата после Брегзитот, водени пред се од Франција. Ние имаме уште многу фурни леб да изедеме додека добиеме датум за членство. Сегашниот договор по секоја цена би имал друга тежина ако требаше веднаш по потпишувањето да станеме Еу членка, вака за што си ја ставаме главата в торба? Кои гаранции Македонија ги добива од Грција дека понатаму нема да ги опструира нејзините еу аспирации?Јас сметам со оглед дека е СИРИЗА на власт ова е релативно добар договор и е релативно добра шанса да се влезе во ЕУНАТО, ако се сака. Иделано не би требало воопшто да има договор туку МК веќе да е во ЕУНАТО ама реалноста е различна. Ако ова не се фати може ќе мора ЕУНАТО да е одложен за уште некоја година ако не и деценија, а веќе е одложен доста. Иако мислам дека дебатата треба да се фокусира дали воопшто ЕУНАТО или само НАТО ама за жал тоа не се случува во МК за што е крива и Меѓународната заедница и Албанците и Македонците па и други.
Договорот може да се одложи и сега а особено ако тепа Неа Демократија или Злата Зора па и ПАСОК а тоа е можно а, од наша страна да тепа ВМРО, Заев-Ципрас се најдобра можност за влез во ЕУНАТО и ако не се искористи ќе се одложи можно и на подолго време.
Грците имаат универзална политика кон македонското прашање, не битно која партија е на власт. Ова што опозицијата го прави кај нив е само политички обид за собирање на поени кај народот пред избори. Исто е и со Вмро кај нас. И на едните и на другите му одговара да не бидат баш тие кои што би го решиле прашањето и на тој начин би се обележале пред своите народи дека ги продале националните интереси.