UEFA Super Cup 2017 - Real Madrid vs. Manchester United

Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Карти продаваа пред полицајци, никому ништо.
Ја цел уплашен, клучот од дома на работа си го оставив, слушалки на работа оставив, саатот го забораив на рака се плашев да не ми праат проблеми зошто нели ова супер куп е ќе има посебни мерки, личната карта цело време до мене и на врата тој вика ајде бар кодовите скенирајте ги и влезете...

Ко шо носев поширока маица, не едно, пет знамиња можев да замотам околу мене и да ги внесам внатре.
Да не праиме муабет колку души внеле внатре цигари и упаљачи...
Ова со клучеви, железни пари, цигари, знамиња и слично е повеќе правење филм пред утакмица отколку што е реално да се спроведе. Поентата е да се допре до гледачите за истите да не носат недозволени работи, а во случајов со тебе тоа и успеално. Ако се оди на детален претрес на сите 36.000 гледачи тогаш пола од нив уште ќе беа пред стадион. Во секој случај главната опасност по безбедноста на гледачите и фудбалерите не се вакви ситници туку е нешто многу поголемо и затоа беа ангажирани преку 2500 луѓе.

п.с. За продажба на црно на карти уапсени се 10ина лица, а сигурно бројот на тие кои што успеале во намерата да ќарат е многу поголем од овие што се фатени.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
Битно им дадовме броеви на пасоши/лични карти/улици/број на кондури на дегените у КУРУЕФА, нека ги шиткаат сега во некоја „безбедносна“ база на податоци :facepalm:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Сеа само Уефа има броеви на пасоши и лични карти, а други не.

Тоа што на избирачки список ве има со број на лични карти не е важно, важно Уефа ви ги има.
Исто и ако добро се сеќавам едно време и на апликација за спортлајф клуб картичка се пишуваше број на лична карта.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.218
Поени од реакции
29.086
Топ беа бре момците и девојките од Танец, а дечињата од Партеније Зогравски ја направија уште поубава вечерта.

Незнам зошто на некои луѓе толку им сметаше церемонијата, што требаше Цеца и Аца Лукас да ги викнеме да направеа по еден мини концерт?
Не им смета церемонијата им смета тоа македонското...за нив туѓото е екстра ние не чиниме.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.337
Не знам дали приметивте ама кога Рамос го крена пехарот тие ливчињата што требаше да ги пуштат не ги пуштија, дури послем пола минута им текна на нив.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.762
Поени од реакции
20.480
Не знам дали приметивте ама кога Рамос го крена пехарот тие ливчињата што требаше да ги пуштат не ги пуштија, дури послем пола минута им текна на нив.
И за ЛШ и ЛЕ беше иста ситуација.
И Евролига играчите си го прошетаа пехарот па од после им текна за конфетите.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Зар стварно очекувавте лични карти на секој на врата да му бараат и проверуваат? Нормално дека од УЕФА потенцираат да нема препродажба и слично, ама не е возможно на врата на секого лична карта да му провериш, преголема гужва ќе се направи и преспоро ќе иде, поготово на стадион ко нашиот. А тоа што внесуваш лични податоци, е и од безбедносни причини и во случај на евентуални инциденти на стадион, многу полесно ќе се таргетира и уапси виновникот
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
Тоа што на избирачки список ве има со број на лични карти не е важно, важно Уефа ви ги има.
Kaкви се овие глупости? Избирачкиот список е ДРЖАВЕН, се работи за службени податоци кои се земаат од повеќе извори по службен пат, а луѓето што работат со истиот по избирачките места носат кривична одговорност ако ги злоупотребат тие податоци.

За разлика од тука, ние си дадовме податоци, за да на крај дноУЕФА ни покаже еден голем КУР со истите. Тотално исто како некој да направи на Google Forms од оние доброволните анкети за потполнување и 100 илјади и кусур да го потполнат истото. Без никаква цел, апла давање на лични информации којзнае каде.[DOUBLEPOST=1502285160][/DOUBLEPOST]
А тоа што внесуваш лични податоци, е и од безбедносни причини и во случај на евентуални инциденти на стадион, многу полесно ќе се таргетира и уапси виновникот
Секако дека ќе се таргетира виновникот со кодот на картите, со среќа докажување на суд дека ти си бил на стадион, а не некој друг со твоја карта која ти била изгубена/украдена/што и да е. Каков код бе не се глупирајте, без изјави од сведоци/снимки од камери дека ти си бил на стадион - јебеш код. Кодот им служи за потврда дека таа карта ја има во системот и дека не е фалсификат, за ништо друго.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Не ич нема копии на избирачки списоци разделени по членови, затоа еден куп шетаат пред избирачки места и заокружуваат кој има излезено на гласње.

Ќе сносат одговорност


Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
луѓето што работат со истиот по избирачките места носат кривична одговорност ако ги злоупотребат тие податоци.
хахаа која кривична одговорност за злоупотреба, една што ја знам тој пацерот што заокружувал ја додал на ФБ после вечерта. Стелт Македоња е бе ова, кого казниле за злоупотреба. :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
Свесен си дека еден куп странци имаа аплицирано за настанов или ќе продолжиш да трескаш глупости за избирачкиот список?[DOUBLEPOST=1502285459][/DOUBLEPOST]
хахаа која кривична одговорност за злоупотреба, една што ја знам тој пацерот што заокружувал ја додал на ФБ после вечерта. Стелт Македоња е бе ова, кого казниле за злоупотреба. :D
Реков дека носат законски, колку се спроведува законот нема везе со мојов муабет за УЕФА и нивното собирање на податоци.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.873
Поени од реакции
24.383
Ајде и мое искуство да дадам од вчерашниот натпревар. Со оглед на тоа дека немав карта до последниот ден и бев помирен со ситуацијата дека омилениот клуб нема да си го гледам во својот град, кога ми се јавија дека сакаат да ми препродадат карта не ми се веруваше. Иако не ја преплатив, ми ја дадоа по цена колку што ќе си ја купев картата за преку лотарија и да ја преплатев немаше да ми биде воопшто криво. Best money spend ever!

При влагање организацијата беше 0, ма каква 0 дури и во минус идеше. Редарите кои беа поставени таму очигледно беа истите редари кои стојат на натпревари од прва македонска лига и беа тотално не спремни за волку голем број на фанови. Имаше четири прстени на безбедност и беше се многу аматерски направено, на секој од тие прстени имаше гужва. Картите ги обележуваа со маркер, немаше никаква проверка на идентификација, беа поставени огради и на моменти на 30+ степени се осеќаше нервоза кај луѓево, ко животни во кафез беа. Си реков на момент дека чим тука има вакви заебанции, којзнае што ќе биде на стадион.

Ама на стадион се деси сосема спротивносто. Од моментот на седнување на стадионот, до излегување од стадионот се беше најдобро организирано. Церемонијата пред натпреварот беше одлична со играорците од Танец и дечињата од Партение. Многу убава атмосфера направија, моментот на паузите за вода, поставувањето на бината за трофејот експресно одма по завршувањето на натпреварот. Се беше одлично изорганизирано, се гледа дека овде умешала прсти УЕФА додека влегувањето на врата им го оставила во рацете на нашите и нормално се дешаваа пропусти.

За натпреварот и публиката. Ваков спектакл мислам дека нема да имаме пак во брзо време, се надевам дека македонски тим во најбрзо можно време ќе се квалификува во Европа, ама целата таа церемонија пред натпреварот и подигањето на трофејот, мислам дека тоа не може да се долови на такви натпревари. За тие што збореа за навивање, што очекувате кога 90% од луѓето си беа дојдени да си гледаат фудбал. Немаше шпанци, па да покренат песна они. Англичаните топ си навиваа скоро цел натпревар. Некој па ми споредува навивање у кафич со 50 луѓе максимум, со навивање на стадион со 35.000. Нема везе, секој со своето.

Изгледа Мурињо бил во право кога кажа дека имало огромна разлика во квалитетот на двете екипи. Да, Реал Мадрид во моментов е екипа две класи подобра од таа на Јунајтед. Ма да, мило ми е што успеаа и Јунајтед да дадат гол. Се израдуваа фановите на Реал на голови, се израдуваа и они на гол, имаше топ атмосфера. Иако не кренаа титула, сигурно проводот и искуството што го имале било подеднакво добро како тоа на фановите на Реал.

Уште еднаш, best money spend ever!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
И што ако имаат аплицирано странци? На тие не и е прв пат што аплицираат со пасош и друг документ и тоа на сајт на уефа, а ти се плашиш за твои информации ќе завршат во нечија база. Досега не постоеа такви бази, сега ќе ги креираат. Секако на одмор идат во хотел и оставаат пасош.

Јас ќе ти кажам дека за секој може да се добие инфо ако се сака и на многу поглупави места оставате лични информации.

Твои информации само име и презиме пример да дадам ќе те најдат во која банка имаш сметка, каде имаш патувано и сл.

Нема врска трескам глупости уживај.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom