Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

R

red.devil

Гостин
Прва работа другар. Овде дискутираме. Твоето несогласување со мојата размислување и перцепција околу актуелнава состојба во клубот можиш да ја искажиш на многу посмирен начин зошто во ниту една поента од моите постови не ти се обраќам лично со цел твоја лична деградација и мислам нигде не заслужив таков третман. Размислував тоа да ти го кажам ова и во претходниот пост, ама еве сега ја користам можноста.

Да се надоврзам на репликава. Никој не вика дека ЛВГ имаше лесна задача кога дојде во Јунајтед во првата сезона, туку дека нивото на конкуренција тие 2 сезони кога беше тој на чело никако не можат да парираат на конкуренцијата во ПЛ која е во актуелнава сезона. ЛВГ ја имаше истата моја подршка во тој период, како што ја има сега и Мурињо, слободно можиш да бараш мој пост за истиот период на нивно менаџирање на клубов. ЛВГ имаше далеку поорганизирани предсезонски подготовки во споредба со годинашната која ја доби Мурињо (која беше испланирана пред неговото доаѓање).

И кажи кај реков дека не беше најмлад состав во лигата, што ги вртиш упорно работите не ми е јасно. Најмлад состав не беше со план, туку принудно. Немој да ми кажиш дека против Арсенал дома планираше да игра со МекНер, Менса, Рашфорд и др при фит првотимци.

И една полусезона од ЛВГ во рок од 2 години на чело на клубот ти е репер за топ менаџирање како што гледам.
Поготово во сезона кога не игравме во Европа и каде каде можеше полесно да се фокусира во ПЛ. Дај коментар како до 5-6 коло се мачевме? За тоа како ЛШ испаднавме од најлесна група и ред други бледи изданија на Јунајтед. ЛВГ беше доведен да го врати Јунајтед во топ 4 и да го врати да се бори за титула. Тоа го наговести и со првиот трансфер период каде донесе солидни играчи кои добро ги плати Јунајтед, а немаше задача да прави стратегија за после 5 години. И носењето на Ди Марија сигурно било со давање зелено светло од негова страна, како претходно со Ерера и Шо. Не е мој спин, туку споредба со трансфер политиката меѓу Мурињо и ЛВГ за која тврдиш дека вториов имал стратегија за иднината, а не купувал играчи со кои ќе прави атак за титула и топ 4.

Околу тоа дали е неспособен или способен, доволно ти говори фактот што во ПЛ имаш 5-6 претенденти за топ 4 кои имаат исклучиво добри состави. Ете го и генијот Пеп колку лесно се снаоѓа во ПЛ иако наследи екстра тим на кој додаде солидни засилувања. Конте со Челзи имаше блед старт за после да ја фати формата во која се наоѓа сеуште, но тука голем фактор игра тоа што не игра во Европа, а и рано испадна од Лига купот, плус исто така наследи екстра костур на кој даде мали промени за да даде резултат. Наспроти Конте и Пеп, Мурињо наследи тим без костур врз кој ќе го гради. Единствено ДДГ стандареден поединец, друго ништо.

Мен менаџмент во мојот прв пост нигде не спомнав, слободно види си ама нема врска. И каде гледаш двојни аршини? Упорно за Ибра и Погба се фаќате. Едниот прв стрелец кој со потег можи да реши меч и кога не му оди, фигура на терен која влечи 2ца играчи околу него, вториов полека прераснува во моторот од средниот ред и ради една победа без нив над “исклучтелно опасниот“ Виган се носи заклучок дека треба да се седнат на клупа, но поради тоа што Мурињо нема авторитет врз нив двајца не можи да ги седне. Сите фудбалски анализи говорат дека Ибра ни е најконстантен играч годинава.

И за ситауцијата со Марсијал, според тоа што го прочитав Мурињо барал поконстантни изданија од него и нешто поинаков пристап во играта, нешто налик мечот кој го одиграл со Ридинг каде направи неколку влезови во казнен простор и постигна гол од таква позиција. Шпекулациите викаат дека на тоа реагирал неговиот агент кој го притиснал клубот и се заканил со трансфер доколку Марсијал не е постојано во прв тим откако беше изоставен од мечот со Стоук. Има некоја тензија во релација од неговиот агент со Мурињо која според мене е недозволива.

@apidrone
Брат, од помладава генерација играчи кои ќе доаѓаат доволно за 11ката е само Гигс.
Заслужуваш со тоа што имплицираш работи кои не сум ги кажал. Џабе толкави четива пишуваш кога ништо не кажуваш.

Земав да ти објаснувам со болдирања ама очигледно на инат ти е дискусијава.

Затоа у право си и чао пријатно. Од увек сум бил пет чекори пред тебе во перцепција на играчиве и тимов така да знам дека залудно е да се објаснувам. Настрана што си проектираш фантомски заклучоци.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
493
Поени од реакции
937
Мене ми е глупо да се тешиш со тоа дека во втората сезона освоил. Ќе освои ај наредна сезона, не е битно што ќе направи оваа. Иначе првата сезона со Челзи беше прв еден месец пред крај на сезоната. После го заеба муабетот мало коњче , па на крај и ние си се тешевме со тоа дека треба повеќе време :D

Ама во Јунајтед сезонава е скроз друга приказна. Наследи добар тим. Го засили со играчи како Ибра, Погба, Мики. Засилувања за освојување титула, а не за обезбедување топ 4. Го има можеби нјсилниот тим во ПЛ на хартија, и самиот си кажа гордо и сигурно дека оди на титула. Во моменталнава ситуација да, со топ 4 треба да сте задоволни. Ама тоа не го менува фактот дека амбициите за сезонава беа освојување титула, и дека мораше со овој тим да се бори за титула, а не за топ 4.

Потфрли ептен, и воопшто не изгледа добро по интервјуава. Колку и да не ве сакам, ме фаќа жал кога го гледам ваков, сепак ми е омилен менаџер :D

А Конте наследи тим кој заврши 10ти и имаше катастрофална сезона, плус по заслуга на Мурињо не игра во Европа, ама тоа е веќе друг муабет :D
Да се тешам ни најмалку, примерот со Челзи и втората сезона таму е само да напоменам дека дури и на најдобриот при-пејд менаџер му треба време.
И таму беше разликата евидентна во играта на Челзи од почетокот и крајот на таа сезона..и сега во Јунајтед е..

Океј секој си има право на свое мислење.
Моето од старт е дека успешноста на Мурињо ќе биде ставена на кантар втора сезона, па макар и ништо не купил нареден трансфер период.

А што се случи третата? :D Дали по оваа логика значи дека за 2 сезони ќе крка отказ, бидејќи Јунајтед ќе биде во втора половина на табелата? xD
Тоа ни тие со најака дрога не го предвидуваа за отказот после титулата.. :)

Али како тргнала работава и Раниери ќе лета како шампион уште некое коло :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Заслужуваш со тоа што имплицираш работи кои не сум ги кажал. Џабе толкави четива пишуваш кога ништо не кажуваш.

Земав да ти објаснувам со болдирања ама очигледно на инат ти е дискусијава.

Затоа у право си и чао пријатно. Од увек сум бил пет чекори пред тебе во перцепција на играчиве и тимов така да знам дека залудно е да се објаснувам. Настрана што си проектираш фантомски заклучоци.
Еве го мојот прв пост и твојата реплика на него. Мен менаџмент цело време кое ми го препишуваш дека јас го почнав и ред други работи. Никаде не ти се обратив на твој начин за тоа што мене ми го препишуваш како работа што сум ја кажал, никаде!

Во ек на нормална дискусија, ако ти не се сложуваш со моето мислење не е причина да си земаш за право да ми удираш разни етикети, поготово кога јас најнормално се поставувам према тебе, но тоа сепак говори за тебе.

Барем сум флексибилен на форумов, поготово во фан клубов кој добро ме знае и кога сум грешел сум признавал. Еден период со @Ryan Giggs водевме нормална дебата околу Велбек и во моментот кога видов дека е во право му признав дека сум бил во грешка и дека тој бил во право.

И крајов од постов ти е јак муабет, стварно многу јак...


И да завршиме надвор од топ 4, јас пак би го оставил Мурињо за следна сезона. Мојс и ЛВГ не во такви ситуации! Зошто?
Има позитивни промени во тимов. Прво ред и дисциплина во однос на фудбалските задачи, Мурињо е поставен како авторитет во тимот. Втора работа е тоа што имаме позитивни промени во играта, играме далеку поофанзивен фудбал, поконкретен од многу фудбалски аспекти, дефанзивно сме солидни и дисциплинирани. Единствен недостаток е реализацијата што верувам дека и за тоа има Мурињо лек и тоа ќе го воочиме во следната сезона.
Јас кога би се прашувал, гледам позитивни промени во клубов и верувам дека ќе дадат резултат за брзо време. Ја гледам позитивната промена и во натпреварите кои не ги добиваме ама играме фудбал и можеби сега немаме поентирано во таквите мечеви но ќе се случи и тоа.
Во споредба со сезоните на ЛВГ и Мојс кога завршивме надвор од 4, сега играме страшно подобар фудбал од тогаш.
Има лек, уште едно стотче за Гризман јер специјалниот така ги "решава" проблемите.

Кур играме страшно подобар фудбал и кур што дисциплината е на поголемо ниво отколку со Ван Гал.

Имало позитивни промени. :pos: Едина позитивна промена е што привлекува готови производи и тоа е за почит. За тактичар, разочаран сум со оглед што е специјалниот - Ван Гал е доктор за овој, мотивирањето на карта сите се против нас му е застарено исто како и автобусот што го користи на 1:0, да не зборам за мен менаџментот - НУЛА! Како што реков, едина разлика во напредокот е инвестицијата во квалитетни играчи, Мурињо потфрла на големо. Види му ги оправданијата и фацата и се е јасно, впрочем и нему му е јасно колку е за никаде.

Како од вчера да гледате фудбал и уште не ја сфаќате суровоста на неуспехот. Фрчна 200м за два месеци и ќе го чекаат да ги научи играчите... Секако.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.479
Пак си у фазон нешто, легни наспиј се и ќе ти помине.
Ај може ќе имаш шанса и да стајш некој хаштаг овој месец. Помина бајаги долго време. :)
Легнав, отспав, ама ни тоа не ја намали магнитудата на глупоста на месецов дека сме играле фудбал како Барса под Ван Гал.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Ајде да видиме неспособниве како ќе не изнервираат денеска. Прогнозирам уште едно реми. :гомце:
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
А Конте наследи тим кој заврши 10ти и имаше катастрофална сезона, плус по заслуга на Мурињо не игра во Европа, ама тоа е веќе друг муабет :D
Ова е интересен муабет. Дали Конте наследи квалитетен тим? Другото не го дискутирам зошто самиот твој одговор(aко е искрен и на место) ќе даде одговор уште на десетина прашања. :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Легнав, отспав, ама ни тоа не ја намали магнитудата на глупоста на месецов дека сме играле фудбал како Барса под Ван Гал.

Магнитудата. :pos:

Извинете на оф, морав.
 
R

red.devil

Гостин
Многу атрактивен фудбал, ај ќе напраам уште едно кафе... Заспав.

Паметен @vidooq се наспа убаво сега ќе може на раат да го гледа атомскиов фудбал на жозето. Паметно (y)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
23 мин чекаме на удар кон голот и таа шанса ја посра рашфорд.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Во овој состав моментално проблем и со никаков придонес за играта се : мата (дефензивно не постои а дуел играта му е нула), ерера ( креираше неколку шанси за варди ) и миктаријан ( кој како и велбек освен што трча како мува без глава не знае со топка да се спои ). Тоа се тие тројца кои не го поврзуваат нападот, ниту креираат ниту прават простор за Ибрахимовиќ-Рашфорд. Погба сам игра средина и затоа изгледа дека уствари ништо не прави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom