Руска ископирана технологија

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
...демек американскиот Никола Тесла у Русија..Неможел да се реализира во Америка каде веќе владееле Морганските и Ротшилдските хиени , па побарал поблагопријатна средина.... :) :) :)
Русите кога беа комуњари, не можеа и не смееа јавно да покажат како америка и запад со помош на нивна технологија и нивни експерти им ги гради капацитетите со кои се гордееле, па поради тоа се случувале и бројни несреќи и катастрофи, пример во магнитогорск, во најголемата светска железара која на русите им ја изградија американците по узор на америчките топилници и железари, на стратешки места беа поставени одговорни амерички експери и инженери - 27 амерички инженери. До нив седеа руски преведувачи и руски инженери кои учеа. Али кога требаше да се пушти во работа званично и да се сликаат за весници и пропагандни цели, американците ги тргаа. Такја идеше и до несреќи, познати се тешките деффекти баш во магнитогорск, или во фабрика за куглични лежаи во Запороже или кога францускиот експертски тим од Дистик, поради такво понашање на русите демонстративно напушти нивниот проект за фабрика и со се нацрти планови - се вратија во Франција.
Руската зависност од амерички ум и технологија се виде и во уште еден гигантски потфат - иpигацијата на пустинската централна азија. Овој монументален проект беше остварен под директно раководство на големите амерички инженериски умови Артур Дејвис, Вилард Гордон и останати кои на покана од самите руси дојдоа во русија беа поставени на највисоки положаи да го испланираат и спроведат планот за иригација на стотици иљади пустинско земјижте а за потребите на руската текстилна индустрија (одгледување на памук)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
како со мерак ја читам темава,поради добрата дискусија во која
тука не улетуваат познатите:drk::drk::drk:расипувачи на теми.
Посебно пак за тенковиве, а јас бев во ЈНА-возач тенка,ама со таа дозвола не даваа овде цивилна б за старо фиќо,само за трактор.
Е во таа ЈНА имаше и шермани и т 34-т-55, ама и едни големи Патонци.
Амерички ли беа тие,беа многу високи према рускиве тенкови.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
како со мерак ја читам темава,поради добрата дискусија во која
тука не улетуваат познатите:drk::drk::drk:расипувачи на теми.
Посебно пак за тенковиве, а јас бев во ЈНА-возач тенка,ама со таа дозвола не даваа овде цивилна б за старо фиќо,само за трактор.
Е во таа ЈНА имаше и шермани и т 34-т-55, ама и едни големи Патонци.
Амерички ли беа тие,беа многу високи према рускиве тенкови.
Да патони беа амерички тенкови, имаше од добрите американци и Шермани и Стујарти и некои самоодни ПТ топови кои личеа на тенкови
Патон:

M47.jpg

Патон во ЈНА

PAtton.jpg
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Русите кога беа комуњари, не можеа и не смееа јавно да покажат како америка и запад со помош на нивна технологија и нивни експерти им ги гради капацитетите со кои се гордееле, па поради тоа се случувале и бројни несреќи и катастрофи, пример во магнитогорск, во најголемата светска железара која на русите им ја изградија американците по узор на америчките топилници и железари, на стратешки места беа поставени одговорни амерички експери и инженери - 27 амерички инженери. До нив седеа руски преведувачи и руски инженери кои учеа. Али кога требаше да се пушти во работа званично и да се сликаат за весници и пропагандни цели, американците ги тргаа. Такја идеше и до несреќи, познати се тешките деффекти баш во магнитогорск, или во фабрика за куглични лежаи во Запороже или кога францускиот експертски тим од Дистик, поради такво понашање на русите демонстративно напушти нивниот проект за фабрика и со се нацрти планови - се вратија во Франција.
Руската зависност од амерички ум и технологија се виде и во уште еден гигантски потфат - иpигацијата на пустинската централна азија. Овој монументален проект беше остварен под директно раководство на големите амерички инженериски умови Артур Дејвис, Вилард Гордон и останати кои на покана од самите руси дојдоа во русија беа поставени на највисоки положаи да го испланираат и спроведат планот за иригација на стотици иљади пустинско земјижте а за потребите на руската текстилна индустрија (одгледување на памук)
..која морска наивчина си ти , наш драг пријателе Let3.... :) :)[DOUBLEPOST=1474748789][/DOUBLEPOST]
Да патони беа амерички тенкови, имаше од добрите американци и Шермани и Стујарти и некои самоодни ПТ топови кои личеа на тенкови
Патон:

Прегледај го приврзокот 156872

Патон во ЈНА

Прегледај го приврзокот 156873
....лапаат ли лапаат регрутиве кајгана од Труманови јајца, а Let3, од добрите величенствени труманови јајца. Уште да ми е да знам зошто господинот направил кајгана за нас.., најверојатно од големо човекољубство, посебно пак кон некои балкански домородци.... таму некаде... :) :) :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Основите и развојот на руската воздухопловна индустрија лежи на западни и амерички темели. Во царска русија немаше некое позначајно производство и развој на авио индустријата, а подоцна кога во комунистички режим се увиде дека не можат туку така едноставно да го надминат огромниот јаз во авијатиката и дека воздухопловите конструирани и направени од руски инженери и техничари се тешки, бавни, со слабости во конструкциите, се обратија за помош и асистенција кај американци, германци, французи.... слично како што правеа и во сите други свои области (тешка индустрија, хемиска индустрија, автомобилска индустрија, машиноградња, рударство, нафтна индустрија......

За таа цел беа склучени низа договори за изградба на фабрики за авиони и авионски мотори, земање лиценци, испорака на алати и машини како и техничка помош со бројни амерички и западни фабрики за авиони и авионска опрема, од старата добра Америка тоа беа Вулте, Консолитејд, Мартин океан, Репаблик, Даглас, Феирбек, Глен мартин..... од Италија Савоја, Маки, Исако, од Франција - Потез, Германија - Хајнкел, Дорнијер, како и компании и фабрики од Чешка и Британија.

Од амерички компании е исто купена и опрема и машини за производство на авиони, (Лејк ери инженеринг, Билсбори челичани и машини, Валас манифактурниг компани... се работеше за специјализирани машини, преси за производство на секции и конструкции на авиони како и делови од мотори, русите купуваа и технички документаци како и иинструменти за ваиони, така зедоа меѓу многуте и цела документација за тестови за алуминиумски делови од авиони од овионското депо во Дејтон, документација за производство на Врајт авионски мотори, документација и производство на бомбардерски нишани од Спери, документи и извоз на специјални маслени вентили за авиони од Фултон Силфон компанија......

На почеток руските фабрики произведуваа во најголем број лиценцирани западни и амерички летала (Де Хавиленд 9а, Хејнкел 43, Авро 504, Морајн-Саулниер, Јункерс 30, Савој 62, Либерти (М5), како и авионски мотори од западно потекло - БМВ, Бристол Јупитер, Моно Гном.

Големото влијание на одличните американски и западни авиони се гледа и во нивно копирање или превземање на идеи од страна на руските инженери, така бомбардерот ДБ-3 е настанат врз основ на америчките Мартин 10 и 12 бомбардери, Поликарпов И-15 беше копија на Боинг 12, а и И-16 има голема сличност со Боинговиот П26, Поликарпов-17 е базиран на англискиот Спитфајтер а Миг-3 на англискиот Харикен, Сухои-2 на Бревстер Б2 Бермуда, ЗКБ 26 е базиран на Мартин 139, Jаковлев-2 на Потез 63 (а и до некаде Пе 2 е базиран на тој концепт), да го наведиме и примерот со транспортни авиони, русие никако не можеа да направат солиден транспортен авион, таа техника на повеќемоторни авиони способни да носат голем товар на големи далечини со поголеми брзини им беше непозната, во почеток на 30 сетите тие го купија америчкиот сјајен Мартин 156, го расклопија го однесоа во русија и долг низ години го користеа за транспортни цели, друг авион кој го копираа е Дагласовиот одличен ДЦ-3, отпрвин го прекрстија во ПС-84 а потоа во Ли-2, но беше тој технолошки голем предизвик за русите и им требаше неколку години за да почнат сериски да го произведуваат и покрај големата асистенција и помош од америка
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..гола вода овие русиве, фала Let3 ми ги отвори очиве да не налетав на муабетов ќе си останев затуцан и дилетант , непросветлен од величенствената американска мизантропија и љубов кон смртниот непријател... ( барем така Клингтонка и црнчево уште малку пресидент викаат...дека им е смртен непријател глупиот пијан русин :) :) )
Стварно која дилеја сум бил , не можам да се опасуљам.... Ова русиве саде лопови на знаење и умеење и копиранти, кинези можат вода да им носат...
Па ај да ги бива и за тоа ...што направиле од крнтија понатака не отишло...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Уште една непознатица на русите беа и моторите, меѓу кои и авионските мотори. Од појавата на авијацијата, речиси сите мотори за авиони русија ги увезуваше од запад и америка. Кон средина на 20 сетите почна уз западно америчка помош и надзор, почна изградба на руски фабрики за авионски мотори и нивно опремување, секако со западна технологија за произвпдство на одличните амерички и други западни мотори. Две фабрики беа подигнати во Москва, едната правеше копии на Врајт циклон мотори (под свои ознаки М25, М34, М63, М64), другата произведуваше делови за истите мотори. до 1938 овие фабрики вработуваа 12.000 работници и правеа по 250 мотори месечно. Русите се обиудуваа да дојдат до барем по еден примерок од секој авионски мотор направен во светот па дури и прототипови кои не влегоа во сериско производство, набавуваа мотори од Пакард, Конкуер, Ролс Ројс, Кестрал, Хиспано Суиза, Фиат, Исета, ги расклопуваа до најмал дел ги проучуваа, и некои од нив ќе ги ископираа и произведуваа. На некои од моторите ставаа и свои решенија кои не секогаш беа добри и успешни но речиси и да немаа свој оригинално развиен и произведен авионски мотор, пример, во 1944 постоеа околу 130 основни модели на авионски мотори во светот со отприлика 275 нивни варијанти. Од тие 130 основни модели, 48 беа правени во старата добра америка, 28 во англија, 20 во германија, 17 во италија и 3 во русија, и тоа тие три руски беа превземени западни модели М38, В модел со 12 цилиндри настанат (преку постариот М34 од америчкиот Врајт циклон, 14 цилиндриски звездаст М88 кој настана од францускиот Гном Рон 14 (произведуван во Харков) и кој русите имаа мака да го научат добро а го прават, и М105 12 цилиндриски настанат од Хиспано Суиза М105

Овде ќе опишам како изгледаше отпочнувањето на производство н “рускиот“ Ли-2. Кога во 1935 се појави америчкиот Даглас ДЦ-3 русите беа воодушевени и веднаш вложија сите напори за да добијат лиценца за негово производство. Година дена подоцна русите потпиша договор со Даглас за техничка помош и асистенција и во рок од 30 дена добија:

3 комплети на сите планови и технички цртежи за ДЦ-3 заедно со комплетна спецификација на материјалите
4 комплета од по 250 фотографии во врска со производство на ДЦ-3
4 компети на инструкции и сервисни книги, пилотски книги
4 комплети на инструкции и спецификации за набавки на делови за ДЦ-3 од други производители
3 комплети на статички и лабараториски испитувања и резултати
3 комплети на пресметки на цврстина
4 комплети на испитувања и резултати во аеродинамички тунели
3 комплети на истражувања пресметки и тестови на аеродинамика и стабилност
3 комплети на документи со спецификации на опрема машини и алати потребни да се изработе ДЦ-3 заедно со адреси на производители на такви машини и алати
3 комплета со описи на методи и начини на тестирање на авио деловите

Е сега со сите ове документи и спецификации, човек би рекол дека русите без проблем ќе почнат да го прават тој величенствен авион (со слични документи и добиена лиценца, јапонците мошне брзо тргнаа во производство на авион со помош на своја опрема, машини и материјали, но на русите не им беше доволно па порачаа уште:

1 комплетен ДЦ-3
1 ДЦ 3 изграден делумно (прва фаза)
готови алуминиумски делови за ДЦ 3 доволни за правење на 50 авиони
материјал за алуминиумски делови за уште 25 авиони
гомила завршни делови (од дрво, бакар, пластика....)
хидраулични преси, опрема за заварување, калапи, машини и алати за сечење и обликување на делови од метал.....
се шо требаше да направат русите за да направат сместа 50 ДЦ-3 беше да гледаат во фотографиите и почнат со штрафење и заварување....

но не беше така, поминаа уште 3 мачни години додека на го совладаа заварувањето, спојување на алуминиумските плочи, работа со хидраулични преси.... цел тој период беше исполнет со нови нарачки на алуминиумскиу делови (пошто старите ги уништуваа со нестручна работа) , посети на руси во амерички фабрики да гледаат како се работи, уцени со неплаќања, американците дури и вложија протест кај русите пошто нивни “стручњаци“ дојдени да видат и научат работа на специјални машини, беа фатени како прават скици и нацрти на америчките фабрики и тамошните машини..... али да не должиме.

ДЦ-3 беше на времето најмодерен авион и русите не можеа со години да направат негова копија иако имаа сите документи и материјали, шо кажува колкав беше јазот меѓу западна и америчка технологија и она на русија
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.783
Поени од реакции
39.048
страшно, они навикнати на чекан и наковална им даваш такво современо орудие и цели збунети
 
Let3 дефинитивно ме убеди, Русија е населена со промитивно, кретеноидно население кое не може ни пр'с у г'з да си брцне , а камо ли да заврту имбус штраф у коцкаста навојница... :)
Нешто овие твоиве извори слабо кажуваат од каде им се доселија пола од главните втемелувачи на нивната аеро-индустрија откако им ги начукаа Ленин и бољшевиците во Русија....па имаше бегање и бранови пред се т.е ... наајмногу на образувани и стручни ко сега од источна-јужна европа,а и Сирија и блискиот исток... :)
Да не заборавам Ли2 како во русија се викаше лиценцата на DC3, во колку парчиња е произведена?? Мора да има некаде во тоа твоите тефтери...
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Да не заборавам Ли2 како во русија се викаше лиценцата на DC3, во колку парчиња е произведена?? Мора да има некаде во тоа твоите тефтери...
миљарда направија!

не е битна бројката, битно е шо во 1936 ја добија сета горенаведена документација за секој дел и материјал, скица нацрт и фотографии како се составува, материјали и готови урнеци од авионот... и не можеа да почнат сериски да го прават следните 4 години.
поарно шо не знаеш низ шо се маки и патешествија не поминаа русите дур научија да го склопат ДЦ-3 уз помош на шеми и делови, инаку ќе батлеше скроз авијатика и ќе се преорјентираше на мода и дизајн на венчаници
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Нова епизода -
Латала на АТОМСКИ Погон
еве еден пропаганден филм.

[DOUBLEPOST=1474834786][/DOUBLEPOST]и ова

[DOUBLEPOST=1474835015][/DOUBLEPOST]И уште една уникатна технологија

РАНЕТС -Е

[DOUBLEPOST=1474835046][/DOUBLEPOST]В России создали уникальныј военно-техническиј комплекс, которыј не имеет аналогов в мире. Речь идёт о новинке, которују разработали в ходе усовершенствованија ЗРК «Бук». Сверхвысокочастотное оборудование, предназначенное длја зенитно-ракетного комплекса, или так называемаја «СВЧ-пушка», может обеспечивать оборону на все 360 градусов. При этом технологија способна вывести из строја электронику других летательных аппаратов, а также нејтрализовать высокоточное оружие. Дальность воздејствие «пушки» - 10 километров. Она будет представлена на форуме "Армија-2015".

Игорь Николајчук, старшиј научныј сотрудник Центра евроатлантических и оборонных исследованиј Россијского института стратегических исследованиј (РИСИ): «Честь и хвала нашим разработчикам, которые вспомнили о том, что электроника ујазвима. И дејствительно, беспилотники очень благодатныј об'ект длја того, чтобы их выводить из строја с помоштьју электромагнитного оружија или, скажем, аналогичного. Можно каким-то рентгеновским лазером облучать, но это уже другој разговор. Вот. Что касаетсја высокоточного оружија, то, мјагко говорја, здесь еште надо подумать, как организовать боевое воздејствие электромагнитных пушек на летјаштују из ниоткуда с огромној скоростьју крылатују ракету или там «Томагавк». Но, скажем, вот тихие беспилотники, которые, к тому же, еште и маленькие, незаметные и прочее, - это просто, так скажем, идеальныј вариант длја того, чтобы выводить их из строја».
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Нова епизода -
Латала на АТОМСКИ Погон
еве еден пропаганден филм.
Се надевам дека знаеш дека ова го постираш во тема “Руска ископирана технологија“ каде се укажува и докажува дека руските технички достигнувања се базираат на копирани и превземени западни и амерички решенија?
 
Angry Koala

U wot m8 ?
Член од
18 декември 2015
Мислења
5
Поени од реакции
3
@Let 3 Може само да ни дадеш линк од каде ги даваш овие податоци за да читаме и ние .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom