Руска ископирана технологија

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
.
Револуцијата траела од 1917 до 1992 и ја изгубиле, поради некој што сакал да носи фармерки и да џвака мастики :)
Ја изгубија затоа што се противи на човековата природа и затоа што не може да функционира кога е предизвикана од некого и да постои надвор од сурова диктатура.Изгубија затоа што беа инфериорни во секој поглед.

Не се само мастики и фармерки. Слобода му фалеше на тој народ, економска, културна, политичка, социјална.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Видовме дека царската русија а подоцна и она комунистичката, во многу сегменти од својот живот, зависеше од западна а поготову америчка помош и испорака на нивна технологија.
Од областа на машинство, рударство транспорт преработка и експлоатација на нафта, возила, авиони, електрика... сето тоа беше развивано со амерички ум и наука.
Но најголем наплив на западната а посебно америчката технологија дојде во втората светска војна.
Имено Русија беше сојузник и приател на Хитлер и фашизмот додека Англија, Франција и другиот слободен свет се бореше против зло. Дури и заедно руски и германски армии напаѓаа други земји и ги окупираа (Полска).
Русите не сфатија она што Англија и други западни земји го знаеа, дека целта на хитлер е баш Русија, и продор на исток а не на запад. Секој кој ја прочитал книгата Мајн Капф ќе видеше дека тоа е зацртаната идеја на Хитлер, секој кој посматраше како Германија преку Чешка, Полска.. се доближува кон Русија, секој кој ќе видеше трупање на огромни воени сили на исток ќе знаеше дека се спрема војна со Русија, дури и денови пред нападот имаше и германски војници кои пребегнуваа кон русите јавувајќи им дека им престои напад, но најчесто беа стрелани како провокатори. Русите не сфатија се додека германсите армии не почнаа да јурат преку нивна земја дека против нив беше планирана и спреана војна од толкави размери. Недела дена Сталин лежел пијан во својата куќа неспособен да издаде наредба, не верувајќи дека неговиот приател и сојузник Хитлер, го нападна.
Ситуацијата беше катастрофална за Русите, порази од монументални размери, губитоци на цела воена техника и опрема, цели армии исчезнуваа како чад во воздухот, во рацете на германците паѓаа градови, територии, фарики индустриски капацитети, електрични централи, земјоделски површини руската армија беше деорганизирана и нефункционална, уште повеќе паника и неред предизвикуваа специјалните оделенија на НКВД кои бе пратени на фронт на лице место да стрелаат и убиваат секој оној кој се повлекува пред германците......
Ако за момент земеме состојба пред војната, русите можеа да му парираат на германците во воена сила, имаа и војници и тенкови и авиони и артилерија... можеби не толку модерни али имаа бројност и во раце на добри војсководци можеа да дадат добар отпор и да го контролираат фронтот поцврсто од колку да се вданат во бегање. Само првиот ден русите изгубија 1500 авиони, кога се обидоа да возвратат ударот и ги бомбардираат германските цели - изгубија уште 500 авиони, вториот ден изгубија 600 бомбардери а командантот на руската бомбардерска група изврши самоубиство, за 2 месеци руските губитоци во авиони достигна бројка од 5.000 летала!!
во просек 83 уништени руски авиони секој ден!
Не беше ништо подобра ни ситуацијата во другите родови, само на 17 септембар се предадоа 4 руски армии, преку 660.000 војници со се опрема вооружување муниција.... за три месеци изгубија шпто загинати што заробени 3.000.000 војници и 18.000 тенкови!
Како последица од молскавичното германско напредување и нивно окупирање на огромни руски територии, драстично се намалија а некаде и прекинаа снадбувања со јаглен, руди, храна, енергија.... многу магацини и фабрики паднаа во раце на германци, престана снадбување и со некои производи и деловии..
Русија лежеше немоќно како куца девица во рацете на страшниот Германски бог на војната....

Во тој период, како одговор на молитвите на рускиот народ, како зрак на светлина како ангел од небото... се појавија конвоите со америчка и англиска помош. Најголем дел преку тогашна персија, помал дел преку пристаништата, почнаа да идат композиции и товари со спасоносна опрема, оружје, лекови, храна за веќе очајните Руси. Листата на таа помош е грандиозна, Преку 14.700 авиони од најразновидни типови, над 7000 тенкови (доволно да се опремат целосно 24 тенковски дивизии!!), 52.000 џипови, речиси 400.000 камиони, преку 8.000 топови, над 130.000 митролези, околу 2.000 локомотиви, 11.000 вагони, 90 товарни бродови, околу 200 торпедни чунови 7800 бродски мотори, над 2,5 милиони тони нафтени деривати!! храна доволна за неколку милиони војници да јадат за вело време на војната, 15.000.000 чизми, шатори, кабли, експлозиви, милиони и милиони тогашни долари вредни терети на неметали, градежни материјали, хемиски материјали, памук, муниција алати и неброени други видови на помош.
Немаше сегмент на руската војска па и цивлно население кое на некој начин не беше помогнато од страна на америка и англија. Во руски раце дојдоа чудата на западната и америчка технологија, апарати машини уреди кои долго после ќе им бидат инспирација и узор за нивни копии и обиди да се направи нешто слично

Но тука не рестанува вистината за западното технолошко и научно влијание врз русија, следно ќе го видиме перидот после 2ра светска војна и руското земање на напредна технологија од запад
....уухх јеботе бог, па ти го опиша санта клаус со шеширот на вујко сам лично...!!! кој би рекол дека тие светци за 70 години ќе се претворат во дебели, мрсни белосветски крвопии и уништувачи на човечката слобода и околина....:sick:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273

Еми ко не станаа светска сила бушманите па да завладее на планетата мир разбирање почит и меѓусебно уважавање и висока еколошка свест. Веќе ко мора да има светски крвопиец, некако полесно е да ми се пие крв уз рокенрол, кокакола, џек дениелс и мустанг од колку уз сушена харинга со зелка чорба, етил водка москвич и патриотски шлагери уз балалајки
 
Возиш Мустанг или сањаш Мустанг, ај за фалшив виски знам....... :)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Во тој период, како одговор на молитвите на рускиот народ, како зрак на светлина како ангел од небото... се појавија конвоите со америчка и англиска помош. Најголем дел преку тогашна персија, помал дел преку пристаништата, почнаа да идат композиции и товари со спасоносна опрема, оружје, лекови, храна за веќе очајните Руси. Листата на таа помош е грандиозна, Преку 14.700 авиони од најразновидни типови, над 7000 тенкови (доволно да се опремат целосно 24 тенковски дивизии!!), 52.000 џипови, речиси 400.000 камиони, преку 8.000 топови, над 130.000 митролези, околу 2.000 локомотиви, 11.000 вагони, 90 товарни бродови, околу 200 торпедни чунови 7800 бродски мотори, над 2,5 милиони тони нафтени деривати!! храна доволна за неколку милиони војници да јадат за вело време на војната, 15.000.000 чизми, шатори, кабли, експлозиви, милиони и милиони тогашни долари вредни терети на неметали, градежни материјали, хемиски материјали, памук, муниција алати и неброени други видови на помош.
Немаше сегмент на руската војска па и цивлно население кое на некој начин не беше помогнато од страна на америка и англија. Во руски раце дојдоа чудата на западната и америчка технологија, апарати машини уреди кои долго после ќе им бидат инспирација и узор за нивни копии и обиди да се направи нешто слично

Но тука не рестанува вистината за западното технолошко и научно влијание врз русија, следно ќе го видиме перидот после 2ра светска војна и руското земање на напредна технологија од запад
За тоа колку влијание имала таа помош во спречување на напредувањето на Германците не би знаел,но знам дека ова болдираното има клучна улога во брзината на напредувањето на советските офанзиви.
Речиси сите камиони, локомотиви и и вагони што ги користат се амерички и поради нив немаат никаков проблем со снабдувањето иако целата земја е и инфраструктура е спалена од стрна на Германците кои се повлекуваат (а претходно и од самите Руси).
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Имам на стоедното назат налепено 3.0 ТУРБО
Orgibalen si respect @Let 3
ne sekoj pat se soglasuvam so tebe no nekoj pat ima i argumenti vo tvoite pisanija![DOUBLEPOST=1474387078][/DOUBLEPOST]
Имам на стоедното назат налепено 3.0 ТУРБО
Orgibalen si respect @Let 3
ne sekoj pat se soglasuvam so tebe no nekoj pat ima i argumenti vo tvoite pisanija!
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
По бонтон на ( фала ) се одговара - Молам - Благодарам ! Уважен колега !
Сега да се вратиме на копирана технологија !
Веленскта станица Мир е копија на Скајлаб или не е или поголема е или посовремена е и кој држи рекорд на престој во вселената !
Поздрав уважен форумски колега !
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
По бонтон на ( фала ) се одговара - Молам - Благодарам ! Уважен колега !
Сега да се вратиме на копирана технологија !
Веленскта станица Мир е копија на Скајлаб или не е или поголема е или посовремена е и кој држи рекорд на престој во вселената !
Поздрав уважен форумски колега !
Имаа русите гоолема мака со своите вселенски станици, први почнаа со “Саљути“ али тоа беа проблематични, краткотрајни и неуспели најчесто паѓаа назат на земјата или имаа неуспешни лансирања или не можеше екипажот да се приклучи на нив...
Американците ја имаа првата успешна вселенска станица Скајлаб од 73 до 79, после иди Мир од 86 до 96 итаму имаа сериозни проблеми еден од нив е кога изби пожар на станицата, и беше доведено во прашање и животите на посадата, поради токсични гасови мораа да користат аспиратори, па се испостави дека повеќето аспиратори се неисправни, па се испоставија и недостатоции неефикасност на противпожарниот систем, недостатуци на автоматските системи за пристанување шо доведе и до сериозни оштетувања на станицата како и зголемо радиоактивно озрачување на посадата......
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Da toa e fakt !
Momcite od Kolhozite i sovnarhozite nemaa pomosh od nacitckite inzineri tvorci na VAU-FAU-1 .2.....nikd dovrsheniot 3
AJ potsetime kako se vikashe tatkoto na SATURN 5 ![DOUBLEPOST=1474391356][/DOUBLEPOST]
Da toa e fakt !
Momcite od Kolhozite i sovnarhozite nemaa pomosh od nacitckite inzineri tvorci na VAU-FAU-1 .2.....nikd dovrsheniot 3
AJ potsetime kako se vikashe tatkoto na SATURN 5 !
Von -Fon Braun ! Werner!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.075
Поени од реакции
4.722
И каде се наоѓа сега четвртиот степен на Сатурн ракетата ?
Месечева орбита или е станат сателит на Сонцето. Небитно. Последните степени на многу ракети остануваат перманентно во високи орбити, месечеви орбити или евентуално сателити на Сонцето.
Не оди дирекно во TLI, два пати се пали моторот на 3-тиот стенен, првиот пат за да постигне орбитална брзина и вториот пат за да од LEO премине на TLI.
И не е толку, се користи и без третиот степен кога ја лансирале вселенската станица Скајлаб.

Хјуман, дефинирај колку тони имаат во LEO во првата мисија на шатлот, 2 дена кружел горе а товарниот простор му бил празен.

Истото е и за Буран како пандан на Шатлот но нема ракетни мотори, значи тој се рачуна или затоа што неговиот товарен простор е празен Советите не лансирале 62 тони него 0 тони?
Повеќето ракети на својот прв лет немаат товар или носат симулатор на маса. Случајот со шатлите не треба да биде ништо различен.
Последните степени на ракетите во зависност од тежината на товарот, може да се најдат во најразлични траектории, далеку од Земјата. :)[DOUBLEPOST=1474395891][/DOUBLEPOST]
Имаа русите гоолема мака со своите вселенски станици, први почнаа со “Саљути“ али тоа беа проблематични, краткотрајни и неуспели најчесто паѓаа назат на земјата или имаа неуспешни лансирања или не можеше екипажот да се приклучи на нив...
Американците ја имаа првата успешна вселенска станица Скајлаб од 73 до 79, после иди Мир од 86 до 96 итаму имаа сериозни проблеми еден од нив е кога изби пожар на станицата, и беше доведено во прашање и животите на посадата, поради токсични гасови мораа да користат аспиратори, па се испостави дека повеќето аспиратори се неисправни, па се испоставија и недостатоции неефикасност на противпожарниот систем, недостатуци на автоматските системи за пристанување шо доведе и до сериозни оштетувања на станицата како и зголемо радиоактивно озрачување на посадата......
Колку што имаа Американците мака и проблеми со летовите од Аполо и Шатл програмата, толку немаа ни Руси ни Кинези ни Европејци заедно, со неспоредливо повеќе летови. Од декомпресии, губење притисок во резервоари кои доведувале до пропаѓање на цели мисии па се до пожари во кабини кои резултирале фатално по екипажот. Додека Русите конструираа цели замоци во вселената опремени со најсовремена технологија, врвни вселенски лаборатории каде секој напреден универзитет и вселенска агенција во светот сонуваше да има такво нешто за експерименти и развој на технологии.
Претходно Русите имаа редовни човечки летови до своите вселенски станици кои ги имаа и по 2-3 истовремено во вселената. Некои од нив ги користеа за шпионирање на Американците. Ги гледаа одозгора, а Американците се чудеа и восхитуваа на Руската технологија, со години во неможност да летаат во вселената.
За жал, Америчката вселенска технологија се покажа како многу ризична и ден денес од страв и неможност да ги усовршат своите летала, Американците им плаќаат на Русите за безбеден транспорт до вселената.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Da toa e fakt !
Momcite od Kolhozite i sovnarhozite nemaa pomosh od nacitckite inzineri tvorci na VAU-FAU-1 .2.....nikd dovrsheniot 3
AJ potsetime kako se vikashe tatkoto na SATURN 5 ![DOUBLEPOST=1474391356][/DOUBLEPOST] Von -Fon Braun ! Werner!
имаа тие и те каква помош, арно ме потцети да продолжиме со серијалот за западната и америчка наука и техника кои ја направија русија индустриска земја, ја спасија од пропаст а сега и како ја одржуваа во живот.
Имено видовме дека пред втората светска во царска русија (а попосле и во таа комунистичката) главни иницијатори, задвижувачи на технолошки напредок беа западните земји и нивната технологија. Почнувајќи од машини, фабрики ценнтрали опреми за рудници, транспорт и обработка на руди експлоатација и рафинирање на нафта, електрификација, земјоделска механизација, авто и авио индустријата... во русија беше втемелена од запад и америка. Втората светска војна русија ја преживеа благодарение на огромната помош која америка и англија и ја пратија во нивни најкритични денови кога беа над амбисот на поразот и катастрофата. Величенствента америчка индустрија и технологија овозможија не само да води војна на цела планета, од пацифик, индонезија, пацифик африка европа.... туку и да помага со грандиозна воена и невоена помош за да ја сочуваат русија па дури и да продолжи со својот сопствен раст и развој на сите полиња.
Веднаш после втората светска војна русите беа во можност да ја видат за нив зачудувачки високата германска технологија и научен напредок. Свесни дека им се падна седумк н лото веднаш почнаа со размонтирање на германските фабрики и погони кои се наоѓаа на нивната окупирана територија и да ја префрлуваат во русија. Две третини на авионската индустрија на источна германија беа отштрафени и префрлени во русија, сите делови на германската ракетна индустрија беа натоварени на возови и однесени во русија заедно со техниччари и инженери кои таму се затекнаа, речиси целокупната индустрија за електрични уреди беше демонтирана и префрлена во русија, неколку погони за производство на автомобили, неколку стотини бродови беа префрлени во руски пристаништа и превземнени од русија, погони и фабрики за прецизни инструменти, воени погони, замисли дури и во договор со Америка, им беше дозволено да размонтираат и префрлат во русија значајни капацитети и од америчката окупациона зона (фабриката за авионски мотори на Дајмлер Бенц, фабрика за куглични лежаји и неколку фабрики за производство на муниција.
Негде до 50 сетите беше комплетирано префрлање на западната технологија во русија и почнаа со неа да произведуваат, но се покажа дека им недостасуваат многу технички решениа кои не ги најдоа во германија а не можеа сами да ги развијат па пак се свртеа кон запад, во период до 1963 русите КУПИЈА 50тина комплетни хемиски фабрики, а речиси целота флота н атрговски бродови им беше изградена на запад! Во тој период почнува и набавка на компјутерски системи од запад, технологија која русите никогаш не ја совладаја туку се снадбуваа со неа од америка и западни земји.
И од кога почнаа со производство, се покажа дека не е така еедноставно да се монтира туѓа западна напредна фабрика и произведе исто така квалитетен производ. Руските производи кои воглавном беа слаба копија на запдните, својот пазар најчесто го наоѓаа во земјите од третиот свет, и самите неразвиени и технолошки слаби. Еден ппример за неопходноста на западна технологија за русија е и изградбата на асуанската брана, имено русите ја добија работата како приатели и сојузници на Египет, но за да ја завршат работата мораа да користат Шведски и Британски опреми и машини! Најголемата руска (а едно време и светска) железара (која работи и денес) во Магнитогорск, е изградена од Мек Ки корпорација, од старата добра благословена Америка и всушност е копија на железарата во Гери, Индијана. најголемата руска фабрика за челични цевки (едно време и во европа) е опромена со машини од америка и запад (Фриц - Мун, Салем, Аетна, Стандард, Манесман...) најголем број на трговски бродови на руската флота беа изградени во западни земји, а речиси сите нивни бродски мотори - се од западно производство, во 60 сети и 70 десети најголема фабрика за воени камиони и возила во русија беше Горки. Таа фабрика е направена од Форд и Аустин.
Сигурно имаш слушнато и за ЗИЛ фабриката, е таа, дете, е направена од Артур Бранд компанија од Детроит, Мичиген, старата добра Америка.....

Но да подзастанеме сега за сега овде, има уште мнооогу чудесии да се кажат на ова тема....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom