Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.991
Поени од реакции
6.978
Најжално е што многу мислат дека таа регионална лига е спас за Вардар и Комити, а всушност на подолг рок ќе влијае уште понегативно и врз Вардар како клуб и врз Комити како навивачи.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.312
Поени од реакции
5.556
Најжално е што многу мислат дека таа регионална лига е спас за Вардар и Комити, а всушност на подолг рок ќе влијае уште понегативно и врз Вардар како клуб и врз Комити како навивачи.
Таму кај шо има навика за одење на фудбал не му треба никаква регионална или незнам каква лига. Таму кај шо нема навика (без разлика како било некогаш) работа е на управата на подолг рок да ја привлечи публиката на било каков начин првин да стапни на стадион а после да се потруди тоа да му прерасни во навика.
Многу е погрешна тезата дека нема публика дека не биле атрактивни противниците или дека се играло слаб фудбал.
Едноставно се изгубе таа навика кај луѓето. Фудбалот и спортот воопшто е стил и начин на живот, а кај нас како шо сите гледаме помладите попрво ќе одат на модна ревија од колку на спортски настан.
Така да за да се врати публиката треба национална стратегија и да се работи на подолг рок , но за жал со ова раководство на ФФМ и воопшто со ваква поставеност на ова партиска држава сега за сега тоа е невозможно.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.406
Поени од реакции
22.716
Најжално е што многу мислат дека таа регионална лига е спас за Вардар и Комити, а всушност на подолг рок ќе влијае уште понегативно и врз Вардар како клуб и врз Комити како навивачи.
Ова го базираш на што точно?

За почеток ќе бидеме дел од лига со каде каде повисок квалитет. Ќе гостуваат многу помаркетабилни тимови него сегашните. Ќе се прават повеќе пари од ТВ права.

Комити ќе си имаат редовно интернационални гостувања. Нема повеќе забрани од МВР а и МВР ќе мора да се реструктуира и да обезбедува гостински навивачи ако сака да избегне интернационален скандал.

Нешто мора да се проба, а ова работеше во минатото ќе работи и сега.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.819
Ќе се земам себеси како пример :)
Годишно одам скоро на сите домашни натпревари на ФК и РК Вардар, а во последните неколку сезони и на КК Вардар (со тоа што некогаш има поклопување на термини при што приоритет е ФК, па РК, па КК). На КК лани бев на 4 гостувања, од кои едно во Пробиштип на трета лига баскет. На ЖРК Вардар одам кога можам, како ќе ми текне, ама повеќе мечеви сум гледал на втората нивна екипа.
Одам скоро на сите организирани гостувања, а за другите гостувања финансиите ми се такви што можам да си дозволам само дел од нив на своја рака.
Во глобала, на годишно ниво имам нешто меѓу 55 и 70 натпревари на екипите од СД Вардар, безразлика од која конкуренција.
Паралелно (ако не се поклопи некој термин со Вардар), одам на домашните натпревари на Славија во трета лига, па и на некое гостување.
Муабетот ми е дека кога сакаш нешто, нема никакво оправдување да не го правиш тоа, ако не те спречува некоја работа како семејство (жена,деца, мада може да се најде некој компромис) или работа во исто време со натпреварите. Со тоа што идам на утакмици не сум се откажал од седнување во кафич, од искачање, од женски, од работа, од школо, едноставно твоето слободно време го распределуваш во однос на утакмиците. Нема утакмици во термини за искачање, па имаш доволно време да се вратиш дома и да се средиш.
Ако можам јас да постигнам се, можат и други. Плус стадионот ми е уџум, одам пешки по 50 минути во една насока за секој меч, а со сала по 1 саат.

За гостувања ќе разберам, ама за неодење на домашни натпревари не треба и не смее да има оправдувања од типот има поинтересни работи за правење. Ако клубот ти е дел од начинот на живот, нема да има поинтересни работи за правење.
За жал во Македонија ретко кој го гледа клубот како начин на живот :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Posledniot red na Colt.

Mnogu e prosto, ultras - way of life.

Way of life si nema vrska so kvalitet na fudbal.

Way of life si e way of life.

Malku lugjr ima sto ultras im e way of life.


Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.991
Поени од реакции
6.978
Начин на живот, неразбирлив за останатите.
Да бидеме реални во Македонија и не е нешто премногу до финансиите.Значи просечен ултрас живот на месечно ниво, зборам за еден ултрас од внатрешноста е од 2000-3000 денари, зависност од тоа каде се гостува и колку ќе работи групата на полето маркетинг.Ниту едно гостување во Македонија не е повеќе од 300 денари реално гледано.
А тоа што повеќе им се трошат парите на други работи отколку за групата е проблем до менталниот склоп на луѓето во Македонија.
Како што кажаа Коњаникот и Брус Ли , навивањето е начин на живот а тоа во превод значи : на прво место е групата и одење на гостување во некое село кое не си го знаел дека постои на мапата, а потоа ако останат финансии излевање во кафич со другарите или девојка, или пак идење и опивање у кафана.Навивањето е начин на живот кој бара посветеност и многу жртви.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
До толку сме добри што повеќето што дискутираат на ова тема уште не знаат што значи да бидеш навивач, сега нема да навлегувам на објаснување но само ова ке кажам кај нас народот навивањето го сфаќа како луѓе кои немат цел во нивните животи не сметат како лузери, луѓе без визија,неуспешни со еден збор не сметат како ѓубре , постарите не сметат како лошо воспитани деца, државата криминалци, медиа хулигани со еден збор јавноста не те прифаќа за нив си најлош можен пример ... но ова што го потенцирав можеби и во златните времиња на нашата тифо скена било така со такви предрасуди. сега што е најлошо помладите генерации кои сакат да се приклучат во овој начин на живот тоа го сфаќат сосема погрешно мене лично најмногу што ми смета дека се облекуват идиотите со реквизити на навивачка група одат на стадион смарт телефонот со себе прават слики каде се собират, одејќи накај стадион, пред стадион, на трибина, брзат да постират на фб и цело време ги пратат коментарите или лајковите што ке ги добиват за тоа колку они се опасни и хулигани нели тоа им примарна цел пред друштвото утре задутре на школо, факултет, за навивање кур ги боли, таму воџата што се дере цело време оти ова на се личи само на навивање не личи, ама и такви други луди кои имаат приватни цели и сакат преку навивачка група да ги реализираат но тоа е резултат од минатото нели нашите поранешни воџи сите имаат бизнис, се бават со политика па и до некаде во право се кај нас ако те бива за тоа многу политички имунитет добиваш преку навивачка група . Се е импровизација нема квалитет, нема лубов, нема идеологија
 
Последно уредено од модератор:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.406
Поени од реакции
22.716
Е во регионална гостувања на навивачи,мало морген.Многу се исфилма и ти.:yid:
Кажи ми една причина зошто во СК да не гостува било кој и зошто Комити да не гостуваат било каде? Зошто мора да е универзална забраната, не е ли пологички како и секаде топката да се префрли кај клубовите па сите да се вадат на она познатотот „не пушта домаќинот“. Јасно дека за групи од босна, хрв, срб ќе има некакви забрани меѓу нив ама за нас не би требало да има. Секако за ова треба и Вардар и другите клубови да буткаат ем финансиски им одговара ем ако работи за 10-15 години може да се проба и целосно или делумно укинување на забраната.

Друга работа малку е тешко да ги стоприш делије и гробари да гостуваат во МКД кога они си имаат активни одграноци овде. Еве ти го делијава што коментира овде, што го спречува да купи 100тина карти за “другови из београда“? Ако добро се сеќавам на последното гостување на Партизан баш падна еден битолски транспарент...[DOUBLEPOST=1440919761][/DOUBLEPOST]
Кано според твоите ставови што гу читам ти како што се декларираш навивач или сипматизер?
Ни едното ни друго, нешто измеѓу. Навивач сум во душата меѓутоа далеку сум за да можам да го следам Вардар како што треба за да се нарекувам нешто такво. Што можам од овде а и кога сум таму правам. Значи финансиски си го подржувам клубот и групата, кога сум во МКД се е подредено за да ги фатам сите збивања на Вардар и Комити. За разлика од повеќето овде за мене клубот а не групата е на прво место. Од таа гледна точка не секоја одлука на Комити ме радува.

Симпатизер од друга страна за мене и не е така лош збор ко за повеќето од вас овде. Знам дека повеќето ве нервира таква „флексибилна“ публика ама јас сум бил доволно наокулу и видел доволно други тимови и структури за да знам дека без нив нема ништо од клуб. Ако се исклучат феномените во Буенос Аирес и Истанбул нема друго место на светот каде навивачи ќе исполнат цел стадион. Секаде има и од двата табора. Не сфаќам зашто мора да се створа нетрпеливост кога и двете страни се таму за истата причина. Нема потреба посебно од навивачите толку удирање во гради (ова послебно се гледа на ракомет во СК) за тоа кој се што се, напротив треба тие моменти, луѓе и енеергија да се пренасочат и да се претопат тие симаптизери во навивачи. Тоа не се прави и е голем проблем.[DOUBLEPOST=1440921546][/DOUBLEPOST]
Posledniot red na Colt.

Mnogu e prosto, ultras - way of life.

Way of life si nema vrska so kvalitet na fudbal.

Way of life si e way of life.

Malku lugjr ima sto ultras im e way of life.


Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
И пак се вртиме во круг. За да ти стане тоа начин на живеење потребно е некој да те внесе да те повлече во тоа. Ај сети се на твојте први чекори во такви води или еве нека напише @Colt Willcox како он прв пат заглавил на запад, како започнала таа љубов кон Вардар. Никој не се буди еден ден и решава да биде ултрас.

Проблемот кај нас е што се е партизирано и намерно повеќе не се остава ПРОСТОР за да се развие било какво друго движење. Еве земи ги помалите места, каде ситен маркетинг на отворено е поочигледен, ако порано кога играла Победа во втора ју лига било празинк имало еуфорија, знамиња на победа наокулу, се зборело на радио итн денес што има од се тоа? НИШТО. Градоначалникот ако поставува нешто такво ќе си постави партиски знамиња. Гледај оградите како ги фарбаат не па нешто друго. Плус порано се тоа било „народно“ било ок да се постават натписи едно друго денес одма пари ти бараат и еден постер да залепиш. Времината се сменија а навивачите во МКД концентирани на тоа да пратат некој светски трендови не обрнаа внимание на што им се случуваше пред врата дур веќе не беше касно. Сега секој град има по 200 ултраси и толку дали се и тешко дека ќе дојде до масовност поготово па ако упорно се фура поделбата меѓу навивач и симпатизер.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Член од
19 август 2015
Мислења
153
Поени од реакции
81
Сликите се од вчерашниот протест на градскиот плоштад додека се одржуваше манифестацијата Тиквешки Гроздобер ,поради наталоженото незадоволство од состојбите околу спортот во градот,првенствено околу
состојбите околу концесијата на градскиот стадион и неговото запоставување,организирање на
фудбалскиот клуб Тиквеш,и останатите спортови во градот,се со цел освестување на градскитевласти
да се надминат проблемите и да се реновира градскиот стадион како што заслужува Кавадарци,Тиквеш,Лозарите ,Ние како навивачка група од Кавадарци,сме должни да го презентираме и искажуваме мислењето на 'улицата' во Кавадарци околу состојбите во спортот во градот.Знаеме дека работа на сите медиуми,портали во градот е исто така да пренесуваат ставови ,и да известуваат реално за ситуациите кој се моментални во градот ,оти многу работи не се розови како што ги прикажуват.За нашиот протест нема да прочитате на 'потплатените' медиуми ,освен се надеваме ќе чуете на Ктв телевизија која едина се одзва и заинтересира за и околу протестот.Навивачката група Лозари е независна и така и ќе продолжи во иднина ,се во интерест за подобар спорт ,поголеми успеси на нашите клубови ,за подобрување на условите за работа и развој ,на спортистите во Кавадарци.Заеби газолизци,заеби платеници,заеби лажни подржувачи ,заеби медија,бори се за својот клуб,за својот град.ДА ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНО КАВАДАРЦИ И ДА СЕ ВЕЧНИ ЛОЗАРИ ИСТОК '91! А вечерва настап на нашите пријатели од СУПЕРХИКС на градскиот плоштад и со поддршка на нашите барања за нов стадион и подобар спорт во Кавадарци. 11951241_1486722428311928_3233705323611427362_n.jpg 11953041_1486722358311935_1914260192260588785_n.jpg 11896071_1486722451645259_4935098508319861940_n.jpg 11904717_1486722448311926_3707682285308394281_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom