FA & Capital One Cup

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
За 16 милиона добиваш 10тина гола у сезона,3-4 пенала,голем работник,пресинг одбрана,шо знам за тие пари доста,за разлика од тигре и бало :)
Новиот Daren Bent мислам го прогнозираше ти ? :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
За одранбени и изгубени не ми кажувај брат,за Арсенал навивам знам многу убаво.Реално ептен сте за никаде.Викав некаде на средина на Октомври,не ми беше јасно зошто Ван Гал го правите подобар од Мојс.Дупка е бе,дупка и полош е од Мојс тоа мора да си го сфатите.Вие кога ќе се загнете по некој како Мојс и Велбек и толку,подалеку не гледате.Јас да бев навивач на Јунајтед идев во Англија да го бесам копилето.Бетер од Раниери е како се понаша.Па плус на сето тоа што фудбалски ништо не покажа кога го гледам како лагано си седи ни да стане ни да викне црева ми се обраќаат.
Тешко топ 4 за вас оваа сезона.
Најголемиот проблем кај ЛВГ е што е инает и не си го гази зборот. Подобар е од Мојс во секој сегмент. Мојс наследи шампионски тим со обезбедена титула 5 кола пред крај на сезона, за потоа да направи тим кој не знае да сврзи 2 паса. Ван Гал начека тим во кој костурот и искуството го напушти клубот, тим кој мора да се изгради за подоцна да прави резултати. Сега веќе е свесен што му фали и кој треба да лета, а кој да остане. Далеку сме подобрени од минатата година. Е сега се зависи дали ќе обезбеди топ 4. При ваков распоред што не чека до крај и го оствари тоа ќе има кредити да си тера понатаму, ако не успее тоа е друг муабет.

Абе ако гледаш така секој гол паѓа по нечија грешка, дали тој што не го испратил човекот, дали тој што не покрил, дали голманот што не одбранил :D
Епа сега има разлика меѓу тежина на грешки. Точно дека секој гол паѓа по нечија грешка, ама едно е да оставиш играч скроз сам и да го заборавиш, а друго е да те надитри..
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Грешка во организација во одрбана, во позиционирањето, во маркирање.
Така гледано, сите голови, секогаш, се постигнати по грешка на противникот. Тапа муабет.
Велбек беше вчера очај реални да сте и да не беше тој поклон од Валенсија прашање дали ќе завршеше така...
Океј, нека ти биде. Фактот е дека изигра одличен натпревар и со Коклан беа МОТМ според мене.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Така гледано, сите голови, секогаш, се постигнати по грешка на противникот. Тапа муабет.

Океј, нека ти биде. Фактот е дека изигра одличен натпревар и со Коклан беа МОТМ според мене.
Па потенцирав претходно...Има тежина. Едно е да заборавиш играч настрана и да не го маркираш, друго е противникот да те надитри. Вчера Смолинг да не излеташе прво надвор од негова позиција немаше да се направи тој јаз во одбраната и Валенсија би останал бочно кај Монреал, а вака Монреал беше оставен скроз сам. На никому не му избега, туку беше оставен сам, а тоа е грешка во организацијата во одбраната. Од друга страна голот на Руни не беше оставен сам, туку беше лошо покриен и добро ја прочита топката...Мислам Косчелни го чуваше. Е сега различна тежина имаат грешките, но голот на Руни не оди на сметка на Косчелни зошто не можеше подобро да одигра во таа позиција, а и не го заборави на Руни во меѓувреме...а кај нас е друга ситуацијата.

Кокелан беше МОТМ според мене, Велбек просечен меч за играч кој игра на 9ка - едино што правеше пресинг и голот. 2 пати не се спој со топката при проигурвања кон него, дај биди реален малку.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Абе Мојс наследил шампионски тим,Ван Гал распаднат тим. Тој тим ни од далеку не беше шампионски,ако имаше некој шампион тоа беше Фергусон.Немаше шанси никој освен Фергусон со тие играчи да биде шампион да сме на јасно. Не можеш тука со вакви работи да се закачаш.Плус кој е притисокот да го наследиш Фергусон,Мојс буквално Се знаеше дека после Фергусон дека нема да штимат работите. Ви се намалуват аргументите за да го браните Мојс.Верувајте буквално за вашата ситуација,сите буквално сите кои не навиваат за Јунајтед ја гледаат ситуација многу јасно,само вие не.Не знам што направи толку Ван Гал за толку да го браните. Верувајте ама ич Ван Гал не е подобар од Мојс. Ако лани беше катастрофа Манчестер,оваа година се бетер иако котираат повисоко од лани.

Поздрав од Велбек. :)
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Лично од Велбек или?
Само на Јунајтед навивачите или сите не поздрави?

Да знам, дали да се фалам у маало :D
Строго до видок. :) А и до останатите фанови на Јунајтед.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Абе Мојс наследил шампионски тим,Ван Гал распаднат тим. Тој тим ни од далеку не беше шампионски,ако имаше некој шампион тоа беше Фергусон.Немаше шанси никој освен Фергусон со тие играчи да биде шампион да сме на јасно. Не можеш тука со вакви работи да се закачаш.Плус кој е притисокот да го наследиш Фергусон,Мојс буквално Се знаеше дека после Фергусон дека нема да штимат работите. Ви се намалуват аргументите за да го браните Мојс.Верувајте буквално за вашата ситуација,сите буквално сите кои не навиваат за Јунајтед ја гледаат ситуација многу јасно,само вие не.Не знам што направи толку Ван Гал за толку да го браните. Верувајте ама ич Ван Гал не е подобар од Мојс. Ако лани беше катастрофа Манчестер,оваа година се бетер иако котираат повисоко од лани.

Поздрав од Велбек. :)
Епа имаше можност да го среди тимот и да го направи по свој мерак, плус ЛШ како можност за привлекување играчи. Факт е дека на тој тим Хфакторот беше САФ, но Мојс не се носеше со притисокот и тоа е голем факт. Ван Гал ми се чини нема проблем со притисокот...Искрено мене не ми праваеа мерак ни Мојс и Ван Гал, но моментално слободен во тој период лани немаше. Едино Мурињо по пензионирањето на САФ, како комплетен менаџер можеше да ја направи друга ситуацијата според мене, но САФ си го избра Мојс...

Btw РВП рече ќе ве поздравел наредната на ОТ:icon_lol:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Премногу сте разгалени и не знаете да чекате.
Навикнати сте на Ферги и вас 2 години ви се гледаат како деценија.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Премногу сте разгалени и не знаете да чекате.
Навикнати сте на Ферги и вас 2 години ви се гледаат како деценија.
Не бе...што е до мене нека си тера ЛВГ сега. Си има човекот принципи и авторитет и во моментов цел му е да го гради тимот без притисок од трофеј. Гледам дека полека си го чисти тимот од отпадокот и просекот и се фокусира на тоа што му треба. Каде читаш такво нешто во моиве постови? Едино на мојот револт во вчерашниот меч со измените на полувреме, но тоа се однесува на тој меч, а во целост сега ја има мојата подршка. Не е финтата инстант успех и пак по старо зошто ретко кој менаџер може да го направи тоа, поготово во ПЛ...затоа не гледам причина да го јади ЛВГ и да не избори топ 4 годинава. Ептен несериозно е тоа по тоа со Мојс кој за неговиот мандат во споредба со овој на ЛВГ направи доста несериозни пропусти и излети, без план и кон што ќе се фокусира, не се постави како авторитет кон играчите и имаше револт и бунт во соблекувалната ради него. Тоа е и повеќе од доволна причина покрај лошите резултати за негова промена.
 
Премногу сте разгалени, не си разгален. Изгенерализирав, и мислам дека го направив тоа со право.
Тоа дека ЛвГ нема притисок за трофеј, не би се сложил. Нема притисок за титула да ама дека и следна ќе му ја простат без трофеј, мислам дека не.
Не ги споредувам ЛвГ и Мојс. За мене ЛвГ е далеку подобар стратег, поискусен :)
Тоа со Факе :D
 
За трофеј мислев за оваа сезона...За следна е друг муабет.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
За трофеј мислев за оваа сезона...За следна е друг муабет.
Добро, мислам дека Мојс имаше поголем притисок за трофеј него ЛвГ. Пошто го дупнаа човекот со тој шампионски тим и се очекуваше пивскиот. Кога увидовте дека не оди тоа така, сега сте маааалку полабави со ЛвГ ама па он има притисок на парите што ги потроши.
Како и да е, сфативте дури сега дека стариот не се заменува туку така, преку ноќ.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Премногу сте разгалени, не си разгален. Изгенерализирав, и мислам дека го направив тоа со право.
Тоа дека ЛвГ нема притисок за трофеј, не би се сложил. Нема притисок за титула да ама дека и следна ќе му ја простат без трофеј, мислам дека не.
Не ги споредувам ЛвГ и Мојс. За мене ЛвГ е далеку подобар стратег, поискусен :)
Тоа со Факе :D
Па не зборам дека Мојс е подобар од ЛвГ. Правам компарација помеѓу нивните две сезони во Јунајтед.
Со толку потрошени пари и нели тренер ипол на крај ако не обезбедат топ 4,стварно не знам што ќе мислат.Башка што играта им е катастрофа,што тактиката погодувај го Фелаини во повеќе утакмици сум ја гледал како меин,како си седи на столчето како да е неутрален фан,како пробува од Јанг да прави бек,како играч што игра подобро на бек во 352 го игра дмф,како играч што добро игра лев бек го прекомандува штопер,како Валенсија игра десен бек,а Рафаел е на клупа,како плаче на пресови и вади тактики ливчиња,како Ди Марија го игра напаѓач,а Руни средњак на иста утакмица и двајцата во игра,како упорно го игра РВП кој дефинитивно не е истиот,а го има Руни,како има фетиш спрема Холанѓаните без разлика дали играат добро или лошо. Можеби уште ќе ми текне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom