Во контекст на темава, мора да кажам дека многу ми се допаѓа што на форумов се вклучија неколку објективни бугарски членови. Ете ни пружаат некое релативно објективно гледиште за состојбата во Бугарија. Добро е да се има перспектива.
Браво за објективноста момци. И фала за перспективата.
Истиот тој народ ти прати опрема и луѓе во 2001 за да се одбраниш, сега ти му посакуваш смрт заради стара руска слава. Моч*о ниеден.
И прекините више да го цуцате к*рот на Русија...
...
Каква марионетска хунта, какви глупости. Ти го испрале мозокот линковите од рашатудеј. Те натерале да посакуваш смрт на луѓе за кои незнаеш ништо и тоа само затоа што ни криви ни дужни си ја бранат државата од надворешна агресија.
Ти ниту си стапнал некогаш на украинска почва, ниту си на било каков начин поврзан со украинскиот народ, ниту па знаеш каква е вистинската ситуација во Украина, се што знаеш за Украина го дознаваш седејќи на столче дома, сурфајќи интернет, од курир и russiatodaу и репетитивно мелеш едно па исто. Вакви биле, такви биле, фашисти, марионети хунти, еве ви да видите грст линкови на руски и српски.
Ја валкаш револуцијата на народ за кој не знаеш ама баш ништо од прва рака, како фашистичка и марионетска, против диктатор ист како оној што моментално седи на илинденска без број.
Престани да се резилиш, престани глупости да трескаш. Десетици илјади украинци погинаа за да го отфрлат тоталитаризмот и да живеат во слободна држава и ќе продолжат да гинат за да ја одбранат државата од луѓе кои сакаат Украина да остане тоталитаризам. Ако ништо друго покажи малце почит. Истиот тој народ ти прати опрема и луѓе во 2001 за да се одбраниш, сега ти му посакуваш смрт заради стара руска слава. Моч*о ниеден.
И прекините више да го цуцате к*рот на Русија, Русија историски донела само смрт и мизерија за останатите словенски народи.
Морам да признаам дека подобро можам да разговарам со вакви како тебе, отколку со неколкумина други овде кои се обидуваат да се претстават како „покултурни„ од тебе. Иако се разбира, на истото се сведува.
Морам пак да ти укажам дека не одговори на моето прашање. Да го повторам прашањето:
Што всушност кажуваш: Пошто и ние сме Словенски народ, и Бугарите се Словенски народ, ние заедно треба да ја подржуваме марионетската хунта која моментално го владее братскиот Словенски народ во Украина... против другиот братски Словенски народ во Украина.
Од логикава ме заболе глава.
Обиди се да го разбереш прашањето, и да се обидеш јасно да кажеш што и кого ние подржуваме, со подршка на нацистистичка хунта која е марионета на САД?
Во контекст на твојот, морам да признаам завидно елоквентен, пост... Чуствувам потреба да ти укажам дека РТ скоро и да не следам, освен емисијата на Лари Кинг, екомските емисии на Макс Кајзер и понекогаш дебатната CrossTalk. Moзокот редовно го „перам„ разно-разни алтернативни медиуми... но морам да те разочарам, сето тоа е на англиски јазик. Релативно ретко следам македонски медиуми а српски скоро па ИЧ.
Од тој аспект што читаш/гледаш Ти?
Според напишаново изгледа ништо... освен веројатно партиски вести. (или можеби НВО вести се?)
Нејсе. Како и да е.
Културата секако ти е на завидно ниво. Тоа... фелацио, што велиш дека се и пружа на Русија - како ти сметаш дека треба да се избегне? Преку давање фелацио на САД?
Ако си прочитал барем неколку мои постови, ќе видиш дека јас се залагам за неутралност на Макадонија. Не за приклонување кон Русија, и секако не (како што велиш ти) за давање фелацио на САД.
Многу работи не разбираш, дури за жалење си. - Што мислиш, кој стоеше позади Украина кога се испорачуваше оружје за Македонија? И во истото време кој од другата страна ги помагаше Албанците? МИСЛИ МАЛКУ СО ТОА ГЛАВАТА ПОБОГУ!
- Кој ги обучуваше, оружуваше и помагаше Албанците? Кој ги извлече од Арачиново?? МИСЛИ! Русија ли ги помагаше Албанците, а?
Ај да ти помогнам, пошто изгледа не ти оди размислувањето: АМЕРИКАНЦИТЕ ИМ ПОМАГАА НА АЛБАНЦИТЕ, И СЕУШТЕ ИМ ПОМАГААТ!!!
Јас немам никакви заблуди дека Русите ќе се потепаат да ни помогнат, но зарем Ти сеуште мислиш дека америте ни се пријатели? Па америте ги овозможија Албанците поразот да го направат победа. Нас не натераа да потпишеме капитулација во облик на Рамковниот Договор. Не натераа да донесеме нов закон за територијална поделба што е катастрофа за Македонците. Ден денес не држат заложници во сопствената држава со истите тие Албанци. И ти ќе ми кажуваш дека америте ни се пријатели??
А Украина што ни помагаше? Што и се случува сега на Украина?
Кој го почна ова што сега се случува во Украина?
Велиш демократски избрана власт ја води Украина? Ок, ајде послушај го Обама што кажа.
(обрати посебно внимание на 17та секунда)
И што сега? Обама самиот кажува дека ТИЕ (САД) ЈА СМЕНИЛЕ ВЛАСТА ВО УКРАИНА. Што ќе кажеш сега.... демократски избрана власт а?
Немој те молам мене кој цело време зборувам за неутралност да ми споменуваш фелацио, барем немој со
полна уста. Срамота е, знаеш.[DOUBLEPOST=1424555354][/DOUBLEPOST]
Јас лично сум за целосна забрана на NGO-та со странско финансирање и сум против членството на Бугарија во глобални економски и воени сојузи без разлика дали ЕУ, NATO или Евроазиски сојуз.
Се согласувам потполно со твојот став. И јас сум за целосна нетралност.
Мило ми е што во Бугарија има луѓе што разбираат дека малите земји немаат добра економска перспектива во ЕУ (или други економски сојузи). За НАТО или било какви воени сојузи уште повеќе важи истото.
Овде исто така имаат големо влијане НВО, но од некоја причина ми ги бришат постовите кога пишувам за тоа.