Најдобро е тоа што се споредува мислењето на фанови на Челзи на форум во Македонија, со она на навивачи кои вчера беа на Стемфорд Бриџ во Англија
Јас овде ако сум рекол дека не ми смета и дека може кај сака да игра, тоа значи дека истото го мислат тие таму и ќе му пеат цело време додека игра, и да се радуваат на секој негов допир со топката? Еве најголемиот дел од тие што одат на натпревари и ги следам на твитер, за Лампард зборат дека е змија, предавник и не знам што. И треба мене овде да ми е гајле за тоа?
Мислења на доста навивачи од таму кои ги прочитав и со кои се согласувам беа дека кога и да влезе Лампард, не треба да му се придава некое посебно значење додека трае натпреварот, него да се бодри тимот кој игра натпревар пторив главниот, па и единствен конкурент за титула. Од кога ќе заврши натпреварот, може да му се оддаде почит на Лампард, нешто што го направија и на Етихад. Пред тоа е само уште еден противнички играч кој пробува да не порази. И тоа е тоа.