Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Сурогат мајчинството стана реалност во Македонија. Измените во Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување на крајот на октомври стапија на сила, а деновиве отворени се и регистри за пријавување на сурогат мајки и брачни двојки кои ќе одлучат на ваков начин да добијат дете. Министертвото за здравство ги повика да се пријават заинтересираните брачни парови и жените со над 25 години, кои имаат родено барем едно дете и се македонски државјани. Им порачаа дека три чекори ги делат од одлуката за сурогат мајчинството. Првиот е да се регистрираат во министерството.
„Вториот чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки е да се обратат до Министерството за здравство за барање за увид во соодветниот регистар заради вршење на избор на гестациски носител. Изборот не го врши министерството, туку самата брачна двојка која има пристап до податоците во регистарот на жени гестациски носители“, вели Татјана Васиќ-Бозаџиева, државен советник во МЗ.
Министерствто мора да ја гарантира законитоста на постапката, но не и да се вклучува во поврзување на брачната двојка и гестацискиот носител, велат оттаму. Последниот чекор е писмена согласност заверена кај нотар, од страна на сите инволвирани во постапката по нивно претходно стручно советување за психолиошките и правните последици. Право на сурогат мајчинство имаат и брачните двојки во кои жените претходно имале најмалку три неуспешни бремености.
„Најзначајната новина којашто беше прифатена е ова да им се овозможи на брачни двојки не само онаму каде што жената нема или има оштетена матка, туку и на оние без јајници или со оштетени јајници, што подразбира донирана јајце клетка. Исто така и кај мажот кој има стерилитет“, потенцираше Васиќ-Бозаџиева.
Сурогат мајката или брачната двојка согласноста можат да ја повлечат најдоцна два дена пред почетокот на оплодувањето. Брачните двојки имаат право на овој начин да добијат две деца, а сурогат мајка може да се биде само еднаш. На жената која ќе роди и`следуваат 45 дена породилно отсутсво, а биолошката мајка има право на цело породилно отсуство.
Што мислите вие за сурогат мајчинството? Би прифатиле ли да бидете сурогат мајка? Дали би прифатиле сурогат мајка да ви носи дете кога веќе од одредени причини не би можеле да родите?