Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Некоа тура правеше ? пушти линкче од bikemap ако ја има,
јас неделава ќе ја возам
http://www.bikemap.net/en/route/2365950-skopje-salakovi-ezera/

иначе исто многу многу убава тура е Седларево, ја возев минатата недела, преубав предел

http://www.bikemap.net/es/route/2305635-skopje-sedlarevo-gostivar-tetovo-skopje/
Денес испадна да возам Салакови езера, според линкот погоре и благее везе нема, немој некој да се заебал според таа рута да вози, не знам дали ја снимал некој човек или што е работата...рутата оди по патека каде што само коњ минуа, бразди по едно метро, цел човек да пропадне а не точак.
Кој сака да оди за Салакови езера, само преку Црни Врв, до таму е асвалт и после тоа земја...
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
74
Друже, се во ред тоа, но сакав да ти кажам и пак ќе ти кажам дека нема секој ист буџет за точак. На некого му требало години да собере 500 ЕУР, дури и да се позајми пари што многу тешко ќе ги враќа. Знам некои луѓе. 200-300 ЕУР плус на таа сума се многу за некого. Или пак да почека неколку години да ги собере и до тогаш да не вози ништо ??
Инаку Rock shox Dart амортизерите веќе 2-3 год. не се произведуваат, сега се заменети со XC серијата, каде XC32 може да се најде и во воздушна (моно) варијанта.
Да, точно, на точациве до 500 ЕУР не може да се најде добра (просечна) вилушка, но сепак тоа нема да биде Zoom како што викаш. И SR Suntour ќе заврши работа за почеток, сум возел порано таква и знам што зборам. Не е кој знае што, но врши работа. Лазе од Пробајк исто ми вика : "Јас со SR Suntour, на времето, сите тури и планини во МК ги поминав и немав проблем, маста и ја извадив." :)
Е сега, ако сакаш "да си ги мериме" или пофалиш што возиш, тоа е друга работа. :)
извини вака што се надоврзувам на твојот пост....

и јас тоа викам нека каже Вивакастро што вози....нека се пофали, чим седиштето е од 100еур мора опасно нешто да вози, ме мрзи да барам по претходни постови, ама знам дека се фалеше бесни машини има само немал време кога да ги вози. Ме замислува да не е од овие што прават увоз :) тие обично се експерти за точаци и ги имаат најубавите ама на кратко дур не ги продадат.

Идејата е секој да сподели лично искуство, какво такво јас моето го споделив, ете Лазе е барем меродавен да каже нешто, а од читање по странски форуми дека најдобро е фокс да се вози, сите знаеме. кога ќе имаш 3000км свртено со риба, фокс, и со xtr, раскажи ни го искуството пријателе. А за другари, братучеди, може и ја да споделам, имам еден роднина кој има бајк од 1400еур (да не објаснувам модели, цената си кажува) искрено повеќе го носи од мене на сервис а помалце го вози дупло,тип на тури исти, секако неговиот е постар 2 години од мојот.

Некако не ми иде да купиш точак од 700-800еур со едвај собирани пари....таков точак се купува кога имаш џеб да си го дозволиш тоа. После дечкото што едвај ги собрал за точак тие пари, што ќе прави?! едвај ќе собира 40еур за кацига (недајбоже ќе изгине негде), или едвај ќе собира 40-50еур за бициклистички пошто г`зот ќе го убие, или едвај ќе собира 20-40еур за дрес пошто со памучно маиче ќе си го вози бајкот? а да не зборам за други задожителни работи, бидони, држачи, светла, брзинометри (се само не кинез, еве да се согласам со Вивакастро), значи.... секој треба да е свесен дека ова се уште дополнителни 200еур за секој просечен велосипедист.

...попатно гледам да си купам Sigma Rox 6.0 со каденца и HR ...8900 мкд од оутдор, па ако некој е расположен да ми каже искуство со овој брзинометар однапред сум му благодарен, може и вооптшо со Sigma брзинометар искуство, само не тие од 1000мкд, некој посаглам модел. Ако може да ми каже лично искуство, не од другар на другар на негов братучед, за по форуми на интернет сам ќе си читам. фала на време и простор. поздрав до Зоц, многу реална мисла и препорака, мислам дека и мене ми беше од корист кога купував бајк.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
дај кажете некоа тура, кај да возиме, искуства, убави предели, убави стази...патчиња...
 
Последно уредено:

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019

Модел: MEN - 860
Величина: 26"
Механизам: SHIMANO MFTZ-21
Преден Амортизер
Алуминиумски Рам
Алуминиумски Бандаж
Алуминиумско Педало
Крапонка гума наменета за црни патишта
Диск напред и Диск назад V-Brake
Најновиот модел за пренос на брзини од Shimano
Велосипедот е со 21 брзини

Добар е за асфалт?
Дискови едно друго , а 11.000ден овака ми стои убав ајде бајкери совет дали е добар ?
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Дискови едно друго , а 11.000ден овака ми стои убав ајде бајкери совет дали е добар ?
Koлега зема на работа.Веројатно е истиот.Не ми ја отвара голема сликата која си ја ставил за да ти кажам.дали е истиот.

Не сум ги видел.Имам видено низ град неколкумина како ги возат.Цената не им е лоша,но рамката не ми е позната.Ако е за низ град не би требало да имаш проблеми.За нешто повеќе треба подобар.[DOUBLEPOST=1407968861][/DOUBLEPOST]
извини вака што се надоврзувам на твојот пост....

и јас тоа викам нека каже Вивакастро што вози....нека се пофали, чим седиштето е од 100еур мора опасно нешто да вози, ме мрзи да барам по претходни постови, ама знам дека се фалеше бесни машини има само немал време кога да ги вози. Ме замислува да не е од овие што прават увоз :) тие обично се експерти за точаци и ги имаат најубавите ама на кратко дур не ги продадат.

Идејата е секој да сподели лично искуство, какво такво јас моето го споделив, ете Лазе е барем меродавен да каже нешто, а од читање по странски форуми дека најдобро е фокс да се вози, сите знаеме. кога ќе имаш 3000км свртено со риба, фокс, и со xtr, раскажи ни го искуството пријателе. А за другари, братучеди, може и ја да споделам, имам еден роднина кој има бајк од 1400еур (да не објаснувам модели, цената си кажува) искрено повеќе го носи од мене на сервис а помалце го вози дупло,тип на тури исти, секако неговиот е постар 2 години од мојот.

Некако не ми иде да купиш точак од 700-800еур со едвај собирани пари....таков точак се купува кога имаш џеб да си го дозволиш тоа. После дечкото што едвај ги собрал за точак тие пари, што ќе прави?! едвај ќе собира 40еур за кацига (недајбоже ќе изгине негде), или едвај ќе собира 40-50еур за бициклистички пошто г`зот ќе го убие, или едвај ќе собира 20-40еур за дрес пошто со памучно маиче ќе си го вози бајкот? а да не зборам за други задожителни работи, бидони, држачи, светла, брзинометри (се само не кинез, еве да се согласам со Вивакастро), значи.... секој треба да е свесен дека ова се уште дополнителни 200еур за секој просечен велосипедист.

...попатно гледам да си купам Sigma Rox 6.0 со каденца и HR ...8900 мкд од оутдор, па ако некој е расположен да ми каже искуство со овој брзинометар однапред сум му благодарен, може и вооптшо со Sigma брзинометар искуство, само не тие од 1000мкд, некој посаглам модел. Ако може да ми каже лично искуство, не од другар на другар на негов братучед, за по форуми на интернет сам ќе си читам. фала на време и простор. поздрав до Зоц, многу реална мисла и препорака, мислам дека и мене ми беше од корист кога купував бајк.
Пола си призна барем ова за кинескава километража,а малку си поднаучил од порано дека гаќиците не се викаат боксерици
па ќе ти се прости.:):):)

И напротив мојот велосипед не е толку скап со FOX вилушка,

туку со RECON (која си дојде како фабричка),
Точакот го имам постирано малку поназад во темава така да може да се види што возам.(не кријам воопшто и не се фалам како некои дека возам ауди,а на крај ги гледам како југото не им пали)Сите совети што сум ги дал до сега биле добронамерни,и не сум гледал никакво лицемерие,туку напротив желба ми било и сега и порано да луѓето имаат што поубаво.Се разбира ако се може



Инаку за седиште возам она кое ми го прати човекот од кој го купив велосипедот,односно од кого ги имав купено двата велосипеда мои.Ми напомена дека фабричкото е лошо и ми прати квалитетно кое е 80 евра на интернет за 1/3 од сумата.Разлика навистина има,особено за вака осетливи како мене.На крај те молам само не ја полни темава со каденци,кога тешко би купил ти такво нешто.
сепак од кинез на каденца да се рипне тоа е навистина малку чудно нели ;)[DOUBLEPOST=1407969865][/DOUBLEPOST]
Друже, се во ред тоа, но сакав да ти кажам и пак ќе ти кажам дека нема секој ист буџет за точак. На некого му требало години да собере 500 ЕУР, дури и да се позајми пари што многу тешко ќе ги враќа. Знам некои луѓе. 200-300 ЕУР плус на таа сума се многу за некого. Или пак да почека неколку години да ги собере и до тогаш да не вози ништо ??
Инаку Rock shox Dart амортизерите веќе 2-3 год. не се произведуваат, сега се заменети со XC серијата, каде XC32 може да се најде и во воздушна (моно) варијанта.
Да, точно, на точациве до 500 ЕУР не може да се најде добра (просечна) вилушка, но сепак тоа нема да биде Zoom како што викаш. И SR Suntour ќе заврши работа за почеток, сум возел порано таква и знам што зборам. Не е кој знае што, но врши работа. Лазе од Пробајк исто ми вика : "Јас со SR Suntour, на времето, сите тури и планини во МК ги поминав и немав проблем, маста и ја извадив." :)
Е сега, ако сакаш "да си ги мериме" или пофалиш што возиш, тоа е друга работа. :)
Јасно ми е тоа за парите.И кај мене била иста ситуацијата.Всушност кога доаѓало време за купување сум собирал од 10 тина места,па заради тоа и ги дадов овие два совети и претходно.

Да завршам за членот.Јас дадов 3 совети.Едниот беше да небрза и да собере уште пари,
Вториот беше доколку неможе да собере пари да оди на поскап велосипед од надвор т.е половен.

Инаку да се пофалам конечно си купив падобран,па сега влегувам во нови авантури.....По толку време барање конечно најдов нешто половно.Јбг знам дека ново е подобро,но кога се нема 8000 евра морав да се одлучам за половно.

Инаку кога веќе го споменавме Лазе морам да кажам дека не ми се допаѓа како тип.Таму имам влезено неколку пати,и искрено не сум бил задоволен од услугата односно многу ми беа фалбаџии луѓето на времето.Токму тој на времето велеше да се стават што повисока класа на делови,бидејќи слабите врска немале.
Едно време се правеа доста важни и кога возеа,па многумина и ги избегнуваа и несакаа да возат со нив.

Сега гледам дека малку се оправиле веројатно гледајќи дека не бива тоа што се прават сезнајковци и фалбаџии,па луѓево почнаа да ги почитуват повеќе и да не ги избегнуваат како порано.Мило ми е што е така и се надевам дека така и ќе остане понатаму
 
Последно уредено:

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Дискови едно друго , а 11.000ден овака ми стои убав ајде бајкери совет дали е добар ?
Ова е Кинез, само нашминкан со Shimano - non series (колку што можам да видам од сликата) опрема, значи во класа подоле од Shimano Tourney. Јас би те советувал за оваа сума пари да си земеш некој друг бренд, не мора да е со дискови, вибрејкот сигурно подобро ќе кочи од овие диск кочници што ги носи. :)[DOUBLEPOST=1407997214][/DOUBLEPOST]
Инаку за седиште возам она кое ми го прати човекот од кој го купив велосипедот,односно од кого ги имав купено двата велосипеда мои.Ми напомена дека фабричкото е лошо и ми прати квалитетно кое е 80 евра на интернет за 1/3 од сумата.Разлика навистина има,особено за вака осетливи како мене.
Ново седиште кога се купува, најдобро е карличните коски да ви ги измерат на Ass-o-meter за да знаете која ширина на седиште ви одговара на задникот. Ако не е погодено, џабе си го купил и најскапото да е т.е. си ги фрлил парите.
Јас така се зезнав порано, купив еден добар модел на седиште (San Marco) но се испостави дека не ми одговара ширината (имав болки на задникот и грбот). На крај отидов во Проспорт ме измерија на Ass-o-meter и си земав ново Specialized седиште и сега немам никаков проблем, уште прв пат кога седнав осетив огромна разлика од старото.
 
Последно уредено:
Член од
1 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
74
изјава на Вивакастро: На крај те молам само не ја полни темава со каденци,кога тешко би купил ти такво нешто.
сепак од кинез на каденца да се рипне тоа е навистина малку чудно нели ;)

Инаку да се пофалам конечно си купив падобран,па сега влегувам во нови авантури.....По толку време барање конечно најдов нешто половно.Јбг знам дека ново е подобро,но кога се нема 8000 евра морав да се одлучам за половно.

МОЈ ОДГОВОР : Стварно не те разбирам зошто не би смеел да ја полнам темава со прашање за брзинометар со каденца??!! дали е единствено поради твојата претпоставка дека неможам да си ја купам?!

Дополнително ти, бидејќи можеш да си дозволиш падобран, можеш и да ја полниш темава со нешто што никако не е поврзано со велосипедизам, м?!?!

Мислам дека, или си малку нефер или си добар шегобиец.
А бидејќи си експерт да читаш стари постови, можеш да видиш што сум купил без собирање на пари, за моја среќа во моментов можам да си дозволам и многу повеќе од точак од 700-800еур и еден мочан брзинометар од 9000мкд, само се е прашање на тоа дали навистина ми се потребни и дали може некогаш човек да помине со кинеско/поефтино и да не се сведе се на расфрлање пари.
 
Последно уредено:

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
@Ogi777 и @vivakastro ајде доста препукување, нема крај ова, дајте да правиме конструктивен муабет. Кој што вози и поседува, негово си е.
Него возите ли некаде ?? Јас летово ич, јеби га, здравствени проблеми, не смеам угорници сезонава. Машината си стои дома, некој круг до кеј, ама тоа не го рачунам за возење. Тоа е. :sleep:
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
74
ете јас да кажам мое искуство и идни планови последниве 2 месеца, до козјак видиковец, 3-4 пати неделно до водно (кога средно, кога врв), нешто ново е што бев у банско за продолжениот викенд на 3 дена и таму рентав бајк, искрено има топ рути за возење, микс на асфалт и лајт оффроад, одлични угорници, екстра природа, па така летниов одмор 7дена ќе го поминам таму секако си го носам бајкот :) , а после малце на море.[DOUBLEPOST=1408121195][/DOUBLEPOST]http://bansko-mtb.com/en/ еве една веб страна за банско, а секако и на bikemap има рути.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Преубави се езерата, кога одите нагоре по патот не може да ги видите, на некој 200 метри под врвот, скршнето десно, во дупката се под врвот.
 

Attachments

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
@Ogi777 и @vivakastro Него возите ли некаде ??
Во саботата, со уште тројца далеку поискусни другари - офроудери и уште еден другар со мало офроуд искуство, тргнавме да го возиме големиот Мавровски маратон. Позајмив Cube CMPT од другар и тргнавме.
Јас и другарот со малку искуство успеавме да го извозиме само малиот маратон, т.е. се искачивме до спустот кај Лазарополе, ама по мала консултација со искусните, решивме дека качување за дента - е сосема доволно. Се вративме назад до Чафкарник и продолживме да се движиме кон Галички пат, од каде што се спуштивме до Маврово - почетната точка.

Ни другите за жал не можеа да го завршат големиот маратон, зошто на еден од нив му експлодираше задната гума на скоро 60 км/ч. За среќа не ни паднал, само го оштетил обрачот малку. Ги спасував од Лазарополе со кола, и тука морам да го пофалам држачот за точак од Веро - Џамбо, кој успешно носеше точаци во вредност од 6000+ евра од Лазарополе до Маврово, без никакви проблеми. :)

Се на се, мислам дека ќе се задржам на асфалтни вожњи наредниов период. Камењата и ужасно нерамниот терен ме истоштија психички, а психата ме падна и физички, па во многу наврати го пцуев и денот кога сум се родил :pos:

П.С. Пејсажите, погледите, и сонцето што те пече, а не го осеќаш, се нешто за кое вреди да се страда 6 и пол саати!

Log од Страва: http://www.strava.com/activities/180997064 (сецна GPS сигналот на едно место).

EDIT: Заборавив да кажам дека ова беше моја прва off-road тура. Седнав на точак што искрено прв пат го видов во живо (среќа М величина), и прв пат се соочив со таков терен. Со нула техника за качување по камења и песок, прилично сум задоволен. За спустот знаев како, доволно крос кантри видеа сум глеал :rolleyes::rolleyes::rolleyes:
 
Последно уредено:

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
И тука морам да го пофалам држачот за точак од Веро - Џамбо, кој успешно носеше точаци во вредност од 6000+ евра од Лазарополе до Маврово, без никакви проблеми. :)
.
да де најлесните точаци, да ти го дадам од дедо ми точакот да видиме дали ќе издржи :D
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
да де најлесните точаци, да ти го дадам од дедо ми точакот да видиме дали ќе издржи :D
Рејсерски држач е, наменет само за Gary Fisher и Specialized крос кантри карбонски велосипеди :cool: Јех бе, ем ефтино, ем хај енд. Ово нема ни у Београду :pos:
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
изјава на Вивакастро: На крај те молам само не ја полни темава со каденци,кога тешко би купил ти такво нешто.
сепак од кинез на каденца да се рипне тоа е навистина малку чудно нели ;)

Инаку да се пофалам конечно си купив падобран,па сега влегувам во нови авантури.....По толку време барање конечно најдов нешто половно.Јбг знам дека ново е подобро,но кога се нема 8000 евра морав да се одлучам за половно.

МОЈ ОДГОВОР : Стварно не те разбирам зошто не би смеел да ја полнам темава со прашање за брзинометар со каденца??!! дали е единствено поради твојата претпоставка дека неможам да си ја купам?!

Дополнително ти, бидејќи можеш да си дозволиш падобран, можеш и да ја полниш темава со нешто што никако не е поврзано со велосипедизам, м?!?!

Мислам дека, или си малку нефер или си добар шегобиец.
А бидејќи си експерт да читаш стари постови, можеш да видиш што сум купил без собирање на пари, за моја среќа во моментов можам да си дозволам и многу повеќе од точак од 700-800еур и еден мочан брзинометар од 9000мкд, само се е прашање на тоа дали навистина ми се потребни и дали може некогаш човек да помине со кинеско/поефтино и да не се сведе се на расфрлање пари.
Другар гајле ми е што си купил без и со пари.90% од моите мислења се совети.
А твоите 90% се не купувајте крадени точаци туку нека го купат твојот,
прашување за седишта и брзинометри(кои никогаш нема ни да ги купиш)Не ми е криво и да купиш.Напротив ќе ми биде мило.Но гледајќи ги мислењава јасно е само дека тролаш во темава.
Прво ќе купуваш седиште скапо,па за 2 месеци даваш мислење.Еј тоа е глупост.
Врз која база го даваш мислењето.Купи ли скапо седиште па се разочара или онака од тепка.Се мислам дека е ова второто.
Друже Оги прочитај си ги старите мислења пред да тресеш нови глупости.
И ти ќе се изнасмееш.
Немам ништо против прашања,ама не некои напишани безвезе кои немаат логичко објаснување,.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom