Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Реално од оваа гледна точка Челзи има најкомплетен тим, уигран и доста квалитетен. Се засилија со Фабрегас, кој мислам дека ќе даде поинаква визија на играта на Челзи, за Диего Коста не коментирам, ќе почекаме да видиме дали е добра инвестиција. Ако Коста ја повтори сезоната од АМ тогаш Челзи и ќе нема конкуренција, бидејќи е силен во сите линии. Со Хазард, Фабрегас, Матич и Оскар на средина и испечените Џон и Бане назад, потпомогнати од Азпи и Кејхил, на „слатки“ маки ќе е Мурињо за да составува тим оваа сезона.

Арсенал по мене е реално втор тим кој може да претендира за титулата. Се засили со Санчез како ол раунд играч од офанзивниот ред кој може да игра лево, десно, на средина и во нападот и можеби тој е најдобриот трансфер за сезонава, до сега во ПЛ. Со Ремзи од лани, Озил од првиот дел на сезоната и Санчез, Арсенал може да добие една поинаква димензија на играта на средина на теренот, каде што Ремзи, Санчез, Озил и Волкот би биле прв „пик“ на Венгер за 4ката на средина на теренот. Напред би бил Жиру, кој ако Волкот и Санчез се здрави може да го повтори успехот од лани, од +20 голови, но овој пат тоа да биде учинкот само во ПЛ. На позицијата на ДМФ се очекува со 100% да пристиген нов играч, кој ќе му даде цврстина на одбраната на Арсенал. Стандардната 4ка назад ќе биде Дебуши, Пер, Косиелни и Гибс, со Шчезни/Осипина на голото.

Трет фаворит по мене е Сити. Единствената работа поради кое е на 3тото место е поради фактот што Туре во еден период и беше доста во центарот на вниманието, а знаеме дека Јаја Туре е носителот на цела игра на Сити. Ако има уште една сезона како ланската, тогаш самиот тој може да го лансира Сити повторно до врвот, но сепак, бледата игра на Светсткото потврдува дека Јаја можеби и нема да биде истиот тој од пред само 2-3 месеца. Почестите повреди на Агуеро се доказ дека на Пелегрини нема да му биде лесно. Негредо е веќе сега во аут, што значи дека Мануел мора да купува повторно. Ако пред 3 сезони, Компани беше лидер на тимот, оваа сезона која заврши имаше неколку бледи настапи, особено во дуелот со Ливерпул на Енфилд кој можеше да биде одлучувачки, но благодарејќи на „ЛИЗГАЊЕТО“ на Стиви Џи, Сити повторно стигнаа до трофејот во ПЛ. Мислам дека Пелегрини ќе го снајди истата судбина како и Манчини.

Ливерпул и Јунајтед се во ист „кош“ и тие ќе бидат кои од позадина ќе се борат за 4тото место кое води во ПЛ. Ливерпул без Суарез, Јунајтед без Мојс. Двата тима изгубија многу.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@Донев & @Peja989 & @Ilumious
Пишете некој ground rules за темава, ќе има ли слики, гифови,дали Јунајтед игра без менаџер и останатите HAARP мистерии...
Слики во соодветната тема, ние без менаџер играме, си кажа народот уште пред месец дена :D
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
Се засиливме таму кај што бевме нај слаби, на тренерската позиција, секој играч + ќе биде од голема помош. Е сега, прифаќам дека од овој тим на Јунајтед можеби само Фергусон можеше да извлече таков максимум, но неможам да прифатам дека Јунајтед е толку слаб, колку што беше минатава сезона.

Очекувам Јунајтед да се издигне како што секогаш го правел тоа и за инат на сите да ја освои лигата, поздрав и се читаме низ сезоната :D
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Очекувам Јунајтед да се врати во топ 4 а Ливерпул да си се врати на своето место во топ 8. Се друго ќе биде изненадување пошто све им зависеше од Суарез.
Ама овие предвидувања сега немаат врска со оние кога ќе заврши трансфер периодот, од кај знаеме може Меси ќе го земат до 1ви.

За титулата главен фаворит сега за сега е Челзи ама Сити сеуште нема купено никој може и они ќе лупнат 100 милки до 1ви така да ќе видиме.
На Арсенал му фалат уште 2 засилувања, ако ги напраи тие до 1ви го ставам рамо до рамо со Челзи.

Јунајтед не верувам дека ќе ја освои титулата, ќе му треба време на Ван гал да си напраи тим дури следна сезона очекувам многу поконкурентен Јунајтед.

Али ај да си почекаме до 1ви па после ќе видиме што како :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Демоде е да се даваат прогнози бе, а па со незавршен трансфер период па нема ни логика. Може до први септември Роналдо ќе се врати во Јунајтед а Арсенал ќе го купи Меси.

Ја само знам дека ќе има уште една забегана сезона и уште позабегана тема за истата.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Би сакал Ливерпул да стигне до титулата ама според пазарот кој го направија досега на трансфер маркетот ќе им биде многу тешко. Лани беа многу блиску до титулата ама ете ја изгубија.
Очекувам Арсенал сезонава сериозно да се вмеша во трка за титулата заедно со Јунајтед, Сити и Челзи, но Ливерпул може да изненади и да биде пак меѓу првите четири. Сепак на крај мислам дека борбата за титулата ќе ја добие Челзи.

За евро-куповите стандард тука ќе бидат Тотенхем, Евертон и Ливерпул.

За останатите клубови само посакувам Сандерленд, Саутемптон, Вест Хем и КПР да не испаднат од Премиерлигата.


Што се однесува до играчите кај Арсенал мислам дека Озил ќе има многу подобра сезона од лани каде сега заедно со Санчез ќе бидат главна опасност за противниците.

Фабрегас би требало да блесне кај Челзи, ја познава лигата, му одговара фудбалот на островот и мислам дека ќе има двоцифрен број на асистенции. Диего Коста мислам дека нема да ги исполни очекувањата и ќе нема така успешна сезона како со Атлетико.

Кај Ливерпул мислам дека Коутињо ќе дојде до израз, заедно со супер брзиот Стерлинг и Стариџ, а мислам дека Марковиќ ќе се вклопи најдобро од новите засилувања.

Од играчите на Јунајтед мислам дека сепак Руни и Ван Перси ќе бидат главна алка на тимот. А не се сомневам дека Ван Гал ќе го извлече максимумот од нив.

Сити речиси ќе бидат со ист играчки кадар како лани, Јаја е главен таму, но ако Агуеро има добра сезона и не се повредува толку често пак ќе имаат многу опасен напад, но за да ја задржат свежината сепак мислам дека ќе треба да купуваат нешто, ама не верувам дека ќе ја одбранат титулата.

Ќе навивам за Ливерпул, а нема да имам ништо против да не освојат Челзи или Манчестер Сити т.е може да освојат и Манчестер Јунајтед или Арсенал, па макар и Вест Бромвич нека освои само не Челзи или Сити :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ќе го напнам Ацид да го инсталира еден ад он со инвајти за членови и „Шпанциве“ да си ја пратат нивнана интересна плеј оф лига :icon_lol:

п.с. после трансфер периодот ќе дадам предвидување, рано е вака, последната недела од трансфер пазарот лудници има во ПЛ:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
За сега викаме ние, со ваква ситуација. После во септември уште една прогноза.

п.с И да, оти слики во друга тема ? Глупо вкрај. Соломонски е да ми речите не иди ако не ти се бендисва, ама муабетот е да му се излезе во пресрет на сите. Не гледам ниту една причина зошто да нема слики поврзани со темата, тука. Нормално не мора слики од фуфици пред огледало со напрчени муциња. :D
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.337
Ќе го напнам Ацид да го инсталира еден ад он со инвајти за членови и „Шпанциве“ да си ја пратат нивнана интересна плеј оф лига :icon_lol:

п.с. после трансфер периодот ќе дадам предвидување, рано е вака, последната недела од трансфер пазарот лудници има во ПЛ:
*Ел Класико лига


Само јас мислам дека Марковиќ ќе грее клупа во Ливерпул ? :unsure:
 
H

HoT IcE

Гостин
Браво Донев, се вредеше чекањето за новата тема, го напнаа последниве денови со прашања кога ќе биде новата тема, еве ја, одличен вовед и интересни прашања на крај.:D

Според мене сезонава ќе бидне неизвесна до самиот крај како и секоја, но овојпат ќе биде интересна за следење посебно поради Ливерпул и како ќе успее да се снајде во Европа и без Суарез, и Јунајтед со Ван Гал за кого сметам дека е одличен тренер.
Главни кандидати за титула според мене се Сити и Челзи во блага предност пред сите затоа што и двата тима се засилија одлично, паметни трансфери со кои го зацврстија тимот. Особено Челзи со Мурињо, и неговата втора сезона за која знаеме сите како минува. Потоа ќе ги ставам Арсенал, Јунајтед и Ливерпул у битката за титула.
Сити се главен кандидат како што веќе споменав поради одличниот ростер на играчи, на кој сезонава ќе ги додадат уште Сања и Фернандо, со одлична бекап инвестиција и конкуренција за Харт. Пелегрини го уште сметам за шарлатан тренер, човек кој не знае да игра у дерби мечеви и против јаки противници, ама битно малите екипи ги коси, и сите знаеме како ја освои ПЛ минатата сезона, ако продолжи исто и оваа, несомнемо ќе бидат главни кандидати.
Челзи се втори најсериозни кандидати за титула судејќи според трансферите и Мурињо. Челзи мора да бидат шампиони сезонава, се друго ќе биде рамно на неуспех кога се работи за ПЛ. Ова е втора сезона на Мурињо во која доби засилувања и го склопи тимот одлично на хартија, како ќе излгеда тоа во пракса и ПЛ допрва ќе видиме, но сметам дека ако успее да ја среди одбраната и наштима нападот со Коста, Лукаку и Торес, Челзи ќе бидат машина, и за гледање, и за мелење противници, извонреден баланс од искуство и млади има у екипата, само прашање е како ќе се воиграт и покажат на чело со Мурињо.
На Арсенал давам блага предност пред Ливерпул и Јунајтед во битката за титула поради Венгер и поради фактот што второ лето по ред платија засилвуање повеќе од 15 милиони. Тоа доволно говори за нив и за порастот на амбиција за освојување нешто што беше беше мисловна именка изминатите сезони пропратени со крајно лузерски менталитет у дербиња. Сезонава добија одлични засилувања во Санчез и Дебуши, Диаби им се враќа у средина, и би требало тимот да биде среден и воигран без проблем, единствен недостаток им е нападот и умешноста на Венгер да постави одбрана и игра против Челзи, Сити и остали конкуренти, доколку го средат тоа, не гледам зошто не би биле во битка за титула до самиот крај.
Ако некој ме праша зошто Ливерпул ми е дури четврти кандидат за титула, еве зошто. Сметам дека Роџерс е квалитетен менаџер, ама не доволно квалитетен за три фронта како ЛШ, ПЛ и купови. Сезонава Ливерпул се враќа во Европа после долго време, и ќе бидне интересно како ќе се снајдат, и како ќе успеат да ротираат и држат форма со оглед на тоа дека ќе играат среда/вторник, сабота или недела. Досега не беше така. Плус заминувањето на Суарез е голем хендикеп за нив затоа што и покрај неговите испади, сам ги носеше на грб многу мечеви кога со индивудални потези му донесе многу бодови на Ливерпул, како ќе се снајдат без него сезонава у напад баш ме интересира. Засилувањава нивни освен Маркович кој е извонреден играч и голем потенцијал, би ги опишал со еден збор, мех. Сметам дека лошо вложија во Лалана, Рики и остала компанија и дека нема да можат да му пружат на тимот тоа што му треба за битка во ЛШ, ПЛ и купови, али видеќемо.
И на крај Јунајтед како последен кандидат за титула. Некој дури и ќе рече на заебанција, абе сериозен ли си, каква титула што ти е, после фијаското што им се деси минатата година. Ама баш напротив. Сметам дека Јунајтед одигра многу паметно со трансферите годинава, го донесе Херера кој е одличен играч, Шо уште еден млад и квалитетен играч и сеа гризат за Видал. Ако успеат да го донесат Видал, и со Ван Гал на клупата, Јунајтед се итекако кандидати за титула, затоа што ЛвГ е одличен стратег кој не се задоволува со слаби резултати и лош пласман, и во многу работи е сличен на Ферги, у дисциплина, принципи, тренинзи. ЛвГ од овој тим на Јунајтед може да направи одлична екипа, екипа за највисок дострел доколку успее да донесе правилни засилувања за среден ред и одбрана кои моментално им се најслаба алка.

Околу другиве тимови немам што коментирам посебно, интересни за следење ќе бидат Сандерленд под Појет кој е еден од најинтересните млади менаџери за следење според мене, со извонреден потенцијал, а и Сандерленд направија добри потези летово така да сметам дека ќе бидат во горниот дел од табелата на сметка на Сотон. Други интересни ќе бидат Евертон и Тотенхем под дифолт, особено Тотенхем под Покетино затоа што ова ќе бидне интересна сезона со нив, со таков тим, добар менаџер и како ќе успее да ги воигра "ѕвездите". Но сметам дека се далеку според квалитетот од топ4, ама за сигурно ќе бидат главни за излез во ЛЕ и блиску до топ4. Другиве екипи да ви кажам право не ми се интересни за следење, особено не Барнли и Лестер, абе факинг Барнли влезе у лигава, шта речи, очекувам да им бидне сезонава едногодишна екскурзија и така. КПР со дрти Хари ќе бидат мех екипа и тук и таму ќе освојат некој поен, и сметам дека ќе останат у ПЛ и следна сезона.

И така.
KTBFFH!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За сега викаме ние, со ваква ситуација. После во септември уште една прогноза.

п.с И да, оти слики во друга тема ? Глупо вкрај. Соломонски е да ми речите не иди ако не ти се бендисва, ама муабетот е да му се излезе во пресрет на сите. Не гледам ниту една причина зошто да нема слики поврзани со темата, тука. Нормално не мора слики од фуфици пред огледало со напрчени муциња. :D
Правен е муабетов по 100 пати. Си има тема за смешни слики и стрипови, кој сака нека си постира таму и нека си се смее цел ден. Кога во една тема успеаа да се караат 3 страни што е смешно, што не, уште на 20 теми да се врти муабетот. И така има најмногу членови што постираат тука, уште тоа фали. Ова завршува тука.

Ај кога веќе за до денес се дава прогноза, Челзи е прв фаворит и нема кај да бегаат под „ама ние не сме/бевме фаворити за титулата“ муабетите на Мурињо. Покомплетен состав амин, дури и двајца класа голмани имаат. Арсенал ми се на второ место кои имаат самодоверба по трофејот во ФА Купот и уште еден класа офанзивен играч иако мислам дека им фали уште еден шпиц, права 9ка. Сити како што кажаа над мене го имаат Јаја кој иако е физикус и пол полека бледнее и ќе го нема цел месец на тој ѓупскиот куп и затоа не ми се толку изразит фаворит. Бонус е тоа што Агуеро најверојатно станува injury prone напаѓач како РвП.

Ние со Ливерпул сме тука негде, за Ливерпул веќе почнаа демек заебанциите (и тоа од Ливерпул настроени новинари) дека станувале како Тотенхем со купувањето иако најпаметен трансфер им е Марковиќ, Челзи мислам дека ќе зажали што се откажа од 50% од играчот. Проблемот е што купуваат офанзива цело време а одбраната и Џерард во фаза на стареење не ги ни пипнаа, затоа ќе почекаме до крај на август за нив. Ние и формација ќе менуваме така да навистина не знам што да мислам, Ерера имаше деби за 10ка, се надевам дека ќе ја пренесе формата и во ПЛ. Ајде позз до 1ви септември со вакви прогнози па да се цитираме на крај од сезона :icon_lol:

p.s. За испаѓање, мислам дека ќе отпаднат Њукасл, Стоук и за жал Свонси. Велам за жал зошто не сакам да отпаднат ама како што ми изгледа, ќе биде тоа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Тие говедата од Стоук не отпаѓаат па и крај на светот да дојде. Секогаш пред испаѓање а никако да испаднат.
 
H

HoT IcE

Гостин
Фросе ти тоа сериозна си дека Њукасл за испаѓање пред Лестер и Барнли. Јок бе, Њукасл остануваат у лига и сезонава, 100%
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom