ИСИЛ на бојното поле ќе биде поразен за брзо време,причини има премногу.Како прво,отворија премногу фронтови со кои нема да можат да се носат.Во Сирија војуваат со неколку спротивставени групи,со ЈПГ и ал-Акрад во курдските региони,каде што доживеаа катастрофални порази,а губат борци и ден денес,со ривалските сунитско исламистички групи ал-Нусра,Ахрар ал-Шам и др. којашто битка генерално ја добиваат,со поумерените групи како ФСА околу Алепо,а во последно време и сириската авијација поинтензивно бомбардира позиции на ИСИЛ во Хасака,Раках и Деир ез-Зор.Истотака и турската авијација неколку пати изврши напади врз конвои на ИСИЛ,пред се поради нападите и егзекуциите на терористите над туркменски села и градови на север од Сирија.Очекувам наредниов период и САА,НДФ и Хизболах да започнат пожестоки копнени напади врз позиции на ИСИЛ на истокот од земјата.
Во Ирак,во курдските региони во и надвор од автономниот курдски регион,се судираат со курдската пешмерга,одлично обучена и мотивирана војска,и тука битките им завршуваат со порази.Пешмергата контролира веќе 95% од регионите населени со курди.Ирачката војска е другиот непријател,и покрај тоа што ги начекаа во раздор и недоволно мотивирани,сепак и тие се консолидираат и со помош на Кудс,америте и др.,веќе превземаа силна офанзива во и околу Тикрит,така што ИСИЛ се силно притиснати и се речиси пред пораз таму.Очекувам следниве денови страшна офанзива на север о земјата.Од друга страна,многу брзо ќе се соочат и со добро обучени и силно мотивирани шиитски милиции,пред се мислам на армијата Махди на влијателниот Моктада ал-Садр,која е распуштена неколку години,но е одлична во битки во урбани средини.Истотака и тука ИСИЛ вршат напади врз места населени со туркмени,Тел Афар,па не е исклучена и интервенција на Турција за да ги заштитат туркмените тука.
Друга битна работа е и слабата обука на голем дел од борците на ИСИЛ,кои по само неколку неделен тренинг се испраќаат на воените жаришта.На виделина излегоа и првите меѓусебни судири помеѓу ИСИЛ и останатите групи кои им помагаат во офанзивата во Ирак,како Накшбанди,организации формирани од бившите баатисти,во судирите има информации и за многумина загинати.Сепак нетрпеливоста и лошата комуникација кај овие групи кон странските борци е видлива на теренот.
Мое мислење е оти териториите врз кои ИСИЛ има контрола ќе бидат поприлично намалени,а групата повторно ќе се сведе на ќелии,самоубиствени напади,и др. за нив препознатливи тактики.