Во светот да има волонтирање, но кај нас волонтерството е фактички искористување на трудот на младиот(невработен)човек, кој во последно време во голем процент е и високо образован ...
Познавам минимум 10ина личности кои волонтирале/ат по неколку години(и никој сеуште не е вработен), некои по 2-3, некои по 4-5, а да има и такви со 5+ години волонтерство, некои од нив се со средно, но некои имаат и факс ...
Се бара редовност на работа, полно 8 часовно работно време, секој работен ден, исти работни обврски како и редовно вработените, исто делење на одговорност и.т.н. но редовно вработениот зема плата, има здравствено, пензиско(му тече стаж), има годишен платен одмор од +30 работни денови и.т.н. а волонтерот зема само неколку илјадарки на месец, а притоа ниту има здравствено, ниту пак пензиско(не му тече стаж), ниту пак одмор и сл. !
Значи волонтерството во никој случај не е пракса, туку е редовно работење со месеци/години само без плата, без стаж, без ништо, значи пракса е едно, волонтирање е друго, привремено вработување(или договор на дело уште што се нарекува) е трето а вработување за стално(со решение) е сосема четврто ... море кај нас дури и праксата претставува искористување, а не пак волонтерството ... не споредувајте Македонија со западен свет !
На запад волонтираат деца кои имаат доволно пари и волонтираат доброволно од хумани причини(хуманост), а кај нас волонтираат питачите(се извинувам за овој навредлив израз но за тие смешни пари морам така да се изразам) !