Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.826
Поени од реакции
15.931
Најтрагично е што пола дечурлана плукаат по Кире, а никој од нив не се запрашал зошто баш он шутирал...

Отсекогаш сум ги почитувал оние што во последни мигови се одлучуваат се да преземат во свој раце, во таквите моменти или ќе бидеш херој или се враќаш "мртов" без разлика на дотогашниот учинок. Не плукајте, не кукајте, победата ќе си дојде во четврток! Најубаво да се запрашате едно просто прашање: Кој од ВАС би преземал одговорност во една ваква ситуација!?
Абе одговорност океј, како капитен и како најдобар во репрезентација, ред е да превземи одговорност.
Ама тој низ целиот тек на натпреварот таа одговорност ја превзема, шутира пенали, шутира од неизградени позиции каде му испааѓаат тројца играчи на блок..
Чекај бе малце, има играчи други во репрезентацијата, ти на два меча да неможиш да напраиш простор за крило да постигне гол.. мислам дека стварно научиле една тактика и така ја тупат
Едноставно се гушат ко се во напад.. немаат идеа.
Секоја чест за тоа што го праел за репрезентацијата и што ќе го прај, ама сеа на овој меч да го браниме него за тоа што напраил во минатото мислам дека нема смисла.
И не, не сум дете ;)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И не го менувам насловот на темава, т.е. не го ставам резултатот од денес. Порази не прифаќаме :D
Чекај, ако го смениш, можда ќе треба да го поправаш, ако ни прифатат жалбата... :pos:

ааа да, ќе ни прифатат... :D
 
H

HITCH

Гостин
ГЕРМАНИЈА НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ОДИ ПОНАТАМУ!
Ги гледав Шведска сега, момците одлично играат, Чесите исто, ние исто, Германците само се шлепаат на стара слава. Од ова што го видов, ништо не покажаа посебно и не ни заслужуваат да одат понатаму. Се надевам дека НЕМА!
Абе, читам на нет дека нашиве сепак ќе поднесуваат жалба за последниот гол. :icon_lol:

Ми лајк ит! (y)
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Мора да останеме сплотени во вакви тешки моменти, само така полесно ќе ги пребродиме и психички ќе бидеме посилни. И ние овде што се тресеме пред секој натпревар и играчите што се борат за нас.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 22:25 ---
Не беа последни минути,и претходно шутираше избрзано.Тоа на крај и не е толку трагично како што беше претходно.

Добро,само мене ми се виде дека шутот на Лазаров беше гол или почнав да бладам?
Ќе има приговор до ЕХФ за тој шут
 
П

Паспарту

Гостин
Абе одговорност океј, како капитен и како најдобар во репрезентација, ред е да превземи одговорност.
Ама тој низ целиот тек на натпреварот таа одговорност ја превзема, шутира пенали, шутира од неизградени позиции каде му испааѓаат тројца играчи на блок..
Чекај бе малце, има играчи други во репрезентацијата, ти на два меча да неможиш да напраиш простор за крило да постигне гол.. мислам дека стварно научиле една тактика и така ја тупат
Едноставно се гушат ко се во напад.. немаат идеа.
Секоја чест за тоа што го праел за репрезентацијата и што ќе го прај, ама сеа на овој меч да го браниме него за тоа што напраил во минатото мислам дека нема смисла.
И не, не сум дете ;)
Еј не сум ни прочитал што си пишал ти, ама се најде сега во ситуацијава... Општо зборев за децата по фејсбук :)

Инаку доколку почнеме секако да ги бараме кривците, тогаш ќе треба да тргнеме од тренерот кој очигледно е дека си нема врска со ракометот. Но како што реков, тоа се сосема други теми, можевме да ги победиме два натпревара, но можевме и да загубиме против Шведска... Битен е натпреварот против Чешка и тоа треба на сите да им биде преокупација. Освен Кире нема ниту еден друг што ќе преземе толкава одговорност во една ваква ситуација, затоа и врз него паѓа најголемиот товар. Манасков не го спомнувам тука, единствената замерка за тој промашен зицер е што не требаше на него да му ја дадат топката.

На крај, да бидеме реални и да си кажеме дека Кире е 50% од оваа репрезентација.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Што е Лазаров крив кога нон-стоп фластер му играа?
Не е Кире Чак Норис па преку тројца голови да лупа.
Дали воопшто знаеш што е фластер? Дали знаеш како се игра фластер?
Нон-стоп фластер на него не играа, го удвојуваа и играа поистурено према него што е многу различно од фластер. Убаво му идеше со асистенции, не требаше да форсира на шут толку.

А, јас пак се чудам од каде толкава дрскост ем да седиме дома ем да плукаме по оние кои душата ја остави ја на теренот за Македонија, тоа се истите оние, од пред 2 дена, кои играа 26 - 26 со Шведска. Сега може сите да се правиме стручњаци, а пола дечките не можеме да погодиме на која позиција играат.


Дволичноста и себичноста се лоши одлики на луѓето!
Ако се препознаваш тука секоја чест, те сваќам што си сакала да пишеш ама можеш поубаво да го формулираш тоа.

Од олку ракометни експерти на форумов,баш Шундовски го најдоа да го стават за тренер,срамота.
Нели?
Реално гледано нема авторитет врз екипата, Иле Темелковски двапати поголем стручњак е од него а и има такви кои може да го заменат и подобро да си ја извршуваат задачата.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Да почекаме уште малце, може има некои што од лексилиумите може одма имаат заспано, па кога ќе станат да пренесат впечатоци :D

Виде другите сварете си чај и релаксирајте се, легнете си порано денеска напнат ден беше ова за нас, ќе дојдат и подобри :):)
Признај дека чекаш да го признаат голот и да пишеш 24:24:icon_lol:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу сум лута, навистина сум многу лута. А најмногу на трењерот кој нема никаков авторитет врз играчите, ама апсолутно никаков. Само руска школа за нашиве, шамари да летаат на среде терен!
И овој коментаторов со стручњаков ни се малери!!! Толку среќа да се немало упм.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Најтрагично е што пола дечурлана плукаат по Кире, а никој од нив не се запрашал зошто баш он шутирал...

Отсекогаш сум ги почитувал оние што во последни мигови се одлучуваат се да преземат во свој раце, во таквите моменти или ќе бидеш херој или се враќаш "мртов" без разлика на дотогашниот учинок. Не плукајте, не кукајте, победата ќе си дојде во четврток! Најубаво да се запрашате едно просто прашање: Кој од ВАС би преземал одговорност во една ваква ситуација!?
Се согласувам дека никој нема муда како Кире да ја превземе одговорноста во свои раце, меѓутоа денес тие што даваа реални критики а не се сељачеа и вреѓаа, сигурно не мислеле на последниот негов шут туку општо на неговата игра, на неколкуте клучни а исфорсирани шута, неговата тврдоглавост да шутира пенали и покрај тоа што гледа дека не му иде баш најдобро реализацијата.
Како и да е, дај боже да проработе машината и да ги искине Чесиве макар и само он пуца цела утакмица, греота е ваква генерација да не направи позначаен успех како Репрезентација.
 

David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
Можете што сакате да ми пишете,можете да ми изигравате богородици до сабајле ама факт е дека заради Кире моментално имаме 1 бод а не 4 бода.НЕМОЖЕ играчот што треба да е предводник на репрезентацијата онака да се понаша.НЕМОЖЕ човекот што треба да го диктира темпото на игра да има онакви избрзани шутови од неизградена позиција едноставно НЕМОЖЕ.Во КЛУЧНИТЕ моменти кога треба да се изгради позиција за шут он се понаша како да имаме 10 разлика на 1 минута до крај.Во моментите кога имаме +2 и изгубени Германци на терен он сам тргнува да шутира преку 3 играчи од никаква позиција и нормално промашува.
Секоја чест за Диви ама човеков не е супермен па да се справува со по 2 шута во секој втор напад.Повеќе од 6 пати на брилијантен начин го спасува нашиот гол и тука наместо да биде собрана топката од наш играч они им ја оставаат на Германците кој што таквите ситуации не ги оставаат неказнето.Добра одбрана се играше ама тие топки мора да се собираат од наши играчи а не да се оставаат на противниците.
Дејан Манасков со својте 19 години направи и повече од доволно.Можеби требаше да даде гол во онаа ситуација 1vs1 со голманот на швабите но неискуството излезе на виделина.Стоилов одлично изигра иако имаше и он 3 чисти ситуации но и тој е млад играч кој што нема многу искуство во големи натпреварувања.
Судиите во прво ептен судеа против нас но во второ полувреме се поправија колку толку и неможе вината да се префли кај нив.Единствена забелешка кон нив е тоа што во прво полувреме на 3-4 пати ни им исклучија играч на Германците плус требаше оној волот Рогоња да го исклучат уште на почеток.(знам дека не се вика Рогоња)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom