Ако би ја зела Библијата како апсолутна вистина (ама не ја земам бидејки гледам објективно на работите) тогаш би кажала дека смртниците не ми изгледаат паметни. Но тоа не му дава право никому да се однесува на начин кој е опишан во Библијата.Иако не се паметни како што се претставени, сепак се креација на нешто што е совршено. Зошто „совршениот“ направил „расипан“ производ? (Леле луѓе се вртиме постојано во круг со исти прашања и исти одговори... Дај бидете покреативни....)
Напишаното погоре е хипотетички кажано, и е објаснување за делот од библијата која го тврди тоа. Само наместо родител замисли Бог, наместо дете замисли Адам и наместо мобилен замисли „ветување“...
Се обидов да те внесам во реалниот поглед на разумот. Еве повторно ке се обидам. Велиш Библијата. Но Библијата не е една книга. Да разгледаме неколку книги, кои ти ке ги избреш, за да дискутираме за христијанскиот Бог, дали казнува. Еве избери некои книги, кои сакаш, како на пример Книгата Евангелие по Јован, Католичкото (Соборното) Послание на Јаков, Посланието на Павле до христијаните во Рим, или неговото послание до Евреите.
Втора работа, овде исклучиво се зборува за христијанскиот Бог Исус Христос. Не сакам и нема смисла да се мешат богови кои се продукт на човчеката имагинација (Алах, Буда, Зевс...) кои имаат човечки карактеристики бидејќи се измислени од човек.
Бидејќи Исус Христос е Бог, тој е истиот Бог кој се јавува на Авраам, на Мојсеј, на еврејските судии, пророци итн., што значи дека за спознавање на вистината за Исуса Христа, како Бог никако не смее да се отфрлат објавите кои порано се дадени, а некои се запишани во книги.
За дискутирање избери некои од книгите, можеш од таканатечените историски книги, поучни книги или пророчки книги. Од пророчките книги можеш да предложиш некоја од големите пророци или некоја од малите пророци.
Еве сега имаш едно големо пространство во кое може да се дискутира и разменува миселење на основа сопствениот разум и објавите во оние книги кои ќе ги одбереш за дискусија.
Многумина се зафаќаат со дискусија по Првата книга Мојсеева (Битие), па ако ја предложиш за дискусија, за да може озбилно да се дискутира, те молам потруди се да најдеш материјал за истата од изворни толкувања. Тука мислам на толкувањето на Еврејската теологија имајќи го во предвид времето кога е пишувана, начинот на размислување на тие луѓе тогаш, нивниот морален и општествен живот, воспитувањето, уредувањето на меѓусебните односи помеѓу себе и помеѓу себе и Бог, поимањето за Бога, кој е за нив Бог, Бог во нивниот живот, влијанието на околните религии врз нивното верување.
Познавајќи го ова има можност за објективно дискутирање.
Ќе ти кажам дека многумина на овој форум млатат прзна слама. Не им е до дискусија, туку едноставно претурат од шуплливо во празно со истите излитани постови.
Не биди таква.
Чекам одговор.
--- надополнето: Dec 3, 2011 11:52 AM ---
С
Скршен мобилен на сите нешто им значи
Зарем не разбираш дека за оној кој не умира нема потреба од мобилен?