Студентски домови

Член од
2 септември 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дали некој има седено во Гоце Делчев во цртална? Колку се во соба, како изгледа?
 
T

Tetro

Гостин
Извини, што те замасирав, ако знаеш... во кој блок е? И страшно ли е сама да се седи таму?
Цртални имаат В и Г блок.
Страшно не е. Само ходниците што се тесни, ако тоа не ти е страшно, ќе немаш гајле.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Хеј мениците во Гоцета годинава ги бараат пополнети.
Лани празни, преклани пополнети.
 
T

Tetro

Гостин
Фала многу (y)
Повелете и другпат. :)
--- надополнето: Sep 2, 2011 7:04 PM ---
Хеј мениците во Гоцета годинава ги бараат пополнети.
Лани празни, преклани пополнети.
Да, да. И документи пак 300. ДА живее тој едношалтерскиот систем со 300 документи.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
17
Поени од реакции
4
еј а да ве прашам откако ке те примаат во студентски како оди избирањето на цимерите. можеш ти да си одбереш или задолжително они ти одбираат?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Потребни документи за во Гоце се:
- Обврска за жиранти
- Копии од личните карти на жирантите
- Меница од 100 денари пополнета
- Kопија од лична карта на студентот
- Платена станарија за месец септември
- Платено КЗЖ (културно забавен живот кој го немаме) 250 денари
- Три слики со големина колку за на пасош
- Тој картонот за вселување, домска легитимација, картончето кое стои на портирница, друго исто како него и договорот ги купувате 200 денари од портирница.

* да ви се подмирени сите долгови кон студентскиот центар

Памтете го постов за до година.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Колкави се шансите да те примат ако си бил на прелиминарна, не си на конечна, а си поднел приговор? И дали има врска по кој основ ти е приговорот (оценки, семејна состојба, друго..)?
 
T

Tetro

Гостин
Колкави се шансите да те примат ако си бил на прелиминарна, не си на конечна, а си поднел приговор? И дали има врска по кој основ ти е приговорот (оценки, семејна состојба, друго..)?
Само врска пали, не очекувај одговор на приговор.
Лани тие што поднесоа приговори, уште си чекаат одговор.
 
Член од
15 август 2011
Мислења
52
Поени од реакции
14
Еј луѓе во Кузман било истакнато дека меницата треба да е заверена од јавна или државна установа. Само толку. Има некој предлог кај да го напрам то?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom