Jamiroquai во Скопје - 03.07.2011

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не идам. Не ми прави ќејф, не знам зошто. Али песнава е закон:

 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Продавам карта за Jamiroquai во фан пит, кој е заинтересиран нека пише.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.746
Поени од реакции
22.459
Не га можам вај
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.353
Поени од реакции
7.489
Кристијане бе?! Бендот е ТоБ, башка на оваа турнеја во малку повеќе jazzy аранжман ги изведуваат песните. Певаљот ако ти е антипатичен ќе си земеш место на крај на сала и нема да го гледаш :D

Мене ми се иде, ама 1000ка карта и 1000ка такси до кај мене дома, некако прескупо ми се фаќа.
 
П

Паган-др

Гостин
После толку радости фак, нема да одам. -.-
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.626
Поени од реакции
10.898
Се гледаме утре во сала да се потиме, ебем ти организација! А баш мислев на дожд ќе ѕенѕаме и ќе се влажниме :( јбг тоа е...идемо рекордс! Али ако биде истиот звук од џо кокер, ондак ќе има последици...факат.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.626
Поени од реакции
10.898
Многу добра журка, пред се!!! Арно ама тонецот гарант беше надуван до коска, па така сите канали беа на најгласно и се слушаше на моменти сеопшт хаос (за 1000денари :D) но во секој случај, атмосфера на ниво, неисполнето до крај во никој случај, но луѓето беа весели и урлаа...штета што не ги исвире сите хитови и баш canned heat ја опна ко за публика да пее, а они не сваќаат дека сите го чекавме неговото пеење за да би napoleon dynamite плесот, биде у потпун ефекат...nevermind, пмг беа коска, типично западњачки и скопски и многу ми се бендисаа...се на се, за 1000че ок беше...ќе видиме егзит што вика..
 
T

Torchyrus

Гостин
Ма ајде бе до коа ќе носат вакви срања прв пат слушам за овој донесете ги Рамштејн бре Рамштејн или Продиџи некој од тие се барат не овакви глувци шо се кријат по пештери
--- надополнето: Jul 4, 2011 12:15 AM ---
Не идам. Не ми прави ќејф, не знам зошто. Али песнава е закон:

Закон е сврици е закон шо е закон у песнава? да ја стаам на фејсбук и 20 лајка да фанам од тие шо го слушат педечево нишо поише абе ајде ... треба нешо на кое моеш да играш да се разлупаш не на овоа шо ќе прам ја таму на оваква песна коа ќе ја пее ? како ќе играм?
Мислам дечково ај си игра во спотот али ја неможам да сватам шо игра тоа не е за играње само да земеш на едно високо столче да си седнеш и да седеш не е овоа тоа тоа шо се бара ...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
Неминовно е во секоја тема да се исхејта донесениот артист...

^
кога веќе не го познаваш кој е ,зошто ја отвори темата ?Па уште и пост пиша...

онтопик- се надевам дека лудо си поминавте, поради оправдани причини неможев да присуствувам.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Добра финта е за кој и да било концерт да сум прочитал тука ќе пишува дека "ќе идам,ќе се иде" а коа ќе заврши дали двајца ќе дадат осврт на концертот???
Се си мислам дека се прескапи овие концерти за нас или сме прмногу мрзливи да идеме???Или пак важно е само да се напише пост???
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тапа звук. Срамота. Како од мобилен да пуштаа.

Џамир ги сакам од копиљ. Џеј Кеј е дечко што има одличен контакт со публика. Тапа у Борис.

Блазеси им на оние кои си поминаа добро - може си нашле добро место. Јас бев цел концерт пред миксетата и звукот беше ја-ден!

Да беше некоја нормална држава, ќе си ги барав парите назад.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223

Само што ја читав рецнзијата на сајтот, па дојдов навака, да се испукам и јас на темата...

1. Кога слушнав дека од стадион се префрла во Борис, прво што ми помина низ глава беше: кај ќе ги собере сите оние што требаше да дојдат на стадион во Борис, човече??? Ќе испадне дека не е дождот причината за преселувањето, него бројот на посетители... На стадион таа публика ќе изгледаше смешно.
2. ПМГ... воопшто не изненадија. Го понудија истото што го нудат секогаш. Тапа изведба и тапа музика.
3. Озвучењето (кое што наводно е истото што требаше да се користи на стадион) требаше да ни ги искине ушните тапанчиња и да бараме уште!!! Не се случни ниту едното ниту другото.
4. За пивото беше задолжена Прилепска Пивара со тоа мочката нивна Даб. Да го искористам вицот на Monthy Python... Zlaten Dab is like making love in a canoe. IT'S FUCKING CLOSE TO WATER!!!
5. Дечките се здивија на Feels Just Like It Should и особено на Deeper Underground... тоа барем ми направи мерак.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.115
Поени од реакции
5.810
http://kajgana.com/muzika/kako-pomina-koncertot-na-jamiroquai

Посубјективно review не сум прочитал... Nevermind, најверојатно никогаш нема да сфатам што ви е толку посебен бендов (или пејачот, бидејќи само он е фаца), па затоа и пак ќе пишам дека ми е многу overrated. Ниту има нешто посебно во неговата музика, ниту во неговиот глас... Све што прави е се облекува ко индијанец и игра на сцена...
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
3
PREZEMENO OD KIRILICA, KOMENTAR NA TEMATA JAMIROQUAI
Малку е да се каже дека сме шокирани од соопштениево што го имате добиено од "Борис Трајковски" поготово после предпладневниот разговор со директорот којшто буквално не молеше да не пуштаме соопштение во врска со акустиката на салата која не постои и невозможноста за организација на концерти тамо. Единствените светски концерти којшто се подалеку од Белград и Загреб во таа сала ги има организирано Авалон Продукција за да покаже дека во оваа земја и во таа сала може да настапат артисти коишто не се Цеца и Северина. Тоа се концертите на Underworld, ZZ Top, 50 Cent, Joe Cocker и Jamiroquai. Без овие концерти во таа сала настапувале Харис Џиновиќ, Жељко Јоксимовиќ, Цеца, Брена, Северина и Здравко Чолиќ.
Се испоставува дека организаторите на овие концерти се поголеми организатори од Авалон Продукција, а овие изведувачи се многу подобри и поквалитетни свирачи и пејачи од овие што сме ги работеле ние тамо, но има само една вистина. Во таа сала единствен концерт којшто имал нормален звук е концертот на Ѓорѓе Балашевиќ, исто во наша организација бидејќи сопственикот на рентал компанијата од Словенија три дена го местеше звукот и кажа дека нешто вакво страшно никаде во живот не видел, слушнал или доживеал. Можеби поради начинот на свирење на оркестарот на Балашевиќ тоа беше единствена светла точка во организирањето концерти во таа сала. Срамно е да се обвинува Авалон Дека не донел доволно звук и затоа под полна морална и материјална одговорност тврдиме дека:
"КОМПЛЕТНАТА ОПРЕМА ОД ПЕТОЧНОТО ШОУ НА ЈUDAS PRIEST И WHITESNAKE ВО БЕЛГРАДСКА АРЕНА, KOJA E 2,5 ПАТИ ПОГОЛЕМА ОД САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ И ДЕКА ИСТАТА БИНА И ИСТАТА КОЛИЧИНА НА ЗВУК И СВЕТЛО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ НА ГЛАВНАТА СЦЕНА НА EXIT ФЕСТИВАЛ 2011-ТА ГОДИНА". Да не заборавиме да напоменеме дека со оваа продукција ги работевме концертите на Iron Maiden во Белградски Саем и во Белградска Арена на кои присуствуваа 3 пати повеќе посетители одколку на вчерашниот концерт. И ако на ниеден од споменатите концерти немало никаква замерка за озвучувањето како е можно тоа озвучување секаде да свири освен во Борис Трајковски.
Кратко резиме: Никогаш повеќе во Борис Трајковски додека не се среди акустиката што значи дека македонската публика ќе биде лишена од светски концерти во затворен простор со што се отвара слободен простор да се реализира предвидената турбо фолк агенда во салата во наредниот период.
Уште една мала напомена во текот на минатата година на наша иницијатива и на наш трошок го донесовме во спортскиот центар Борис Трајковски, проф. Миомир Мијиќ, најугледниот балкански акустичар, да изврши мерење и да ја испита акустиката во спортскиот центар Борис Трајковски. Професорот заедно со своите асистенти утврди дека во салата има "ехо" или "delay" во времетраење од 9-12 секунди.
Заради информација, според светските стандарди за добар звук и одржување на концерт, максималното дозволено каснење е 2-3 секунди. Повторно на наше барање и на наш трошок професорот Мијиќ изработи проект за акустична санација на објектот. До денешен ден од спортскиот центар "Борис Трајковски" не прифаќаат тој да се реализира, а повеќе од очигледно е дека не превземаат никакви чекори проблемот да го решат. Уште да ве информираме дека професорот Мијиќ ја има изработено акустиката и во Белградска Арена, која исто така е наменета пред се за спортски настани, и каснењето на звукот го има намалено од 12 на пропишаните 3 секунди. За се претходно наведено имаме релевантни докази, па ако некој е заинтересиран спремни сме да му ги презентираме,
Авалон Продукција
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
WOW... Насловот на статијата: "Спектакуларен настап на Jamiroquai во Скопје"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom