Вашите пријатели на Facebook

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.120
Поени од реакции
830
Ме инспирираше темата на Магде “Не кревам на непознати броеви“ за да ја отворам оваа, мислам дека нема ваква.

Колку пријатели имате на Facebook? Дали сакате да ширите познанства и да додавате и непознати или пак се држите строго до оние кои ги знаете и во реалност? Дали ако ви стигне покана за пријателство од непозната личност, ја одбивате или прифаќате?

Имам сретнато профили со по 5000 пријатели, некои и со по 50-100 и од муабети со пријатели, колеги, роднини и сл. сум заклучил дека “прифаќаат непознати личности за пријатели ако се УБАВИ“.

Вие? :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.514
Поени од реакции
33.686
Имам нешто преку 300 и ми се многу.
Претежно онака што ги познавам луѓе, некои со кои имам преку 50 заеднички пријатели и нешто од форум.

И воопшто не е слична темата. Недигањето го направивте параноја. Ако му требам на другар, ќе ми ѕвони од некој заеднички пријател што му го имам бројот, сигурно не од рандом минувач по улица. Навика ваљда. Инаку прифаќам и да не познавам па ако не ваља покасно бришам. Плус профилот ми е ултра-јавен, па некој ако сака нешто да види немора да ме додаде. Што значи не сум многу додаван.
 
V

Vollstandig

Гостин
Имав профил и ме додаваше кој ќе стигнеше, имав прифатено и луѓе шо не сакав да ми се мешат во приватноста па си напраев профил со луѓе строго шо ги знаам околу 100-150 се и доста се :)
Фејсбук е приватна ствар, освен ако не си тука за да се докажуваш со “убајна“ и за флерт:)
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Имам преку 1800 и околу 1000+ од нив ги знам. Останатите воглавно се повеќе како електронски познанства. Дневно имам по неколку понуди за пријателства, ако порано коа имав мал број на пријатели сите сум ги додавал, денес вршам селекција и ги одбирам според профилната слика. Доволно е да ги имаш оние кои ги знаеш.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Јас порано имав малку пријатели на фб, ама откако ставив моја гола слика сите сакаат да ми бидат пријатели. ;)

Шала на страна, прифаќам од секој и секого, ама гледам барем да имаме заеднички пријател, за да знам од каде он/она тоа ме побарал/а мене, пошто луѓе знаат да прават и лажни профили само за да те шпиунираат и реметат. ;)

Инаку што повеќе „пријатели“ на фб може да биде и позитивна работа, ако сакаш бесплатна промоција. ;)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Различно е додавање пријатели на Фејсбук и некревање на телефон. Преку телефон кога ќе се јавам сигурно не се опишувам каква сум или диктирам работи за мене.

Додавам само луѓе што ги знам кои се или па имаат нивни слики да ги препознаам. Онакви профили со глупости полни, ко за ремет правени не ни додавам, ниту па некои што не ги знам. Имам околу 500 пријатели и се` се луѓе што ги знам.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Околу 300, сите ги знам, скоро и да не прифаќам непознати, освен ако не е некоја јака пи&ка! : )
 
E

elena.

Гостин
Кога го отворив профилот све живо прифаќав и имав околу 1000 пријатели. Ама почнав да ги бришам пред околу еден месец и сега имам околу 600 (јеј). Во план сум да ги избришам сите што не ги познавам, да ми останат околу 300, ама ме мрзи во последно време некако...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не прифаќам секого освен ако не е некоја убава цура, а и лесно препознавам фејк профили па така да ако ме адне некој "топ модел" со профајл пикс во бикини, а нема заеднички слики со другари и другарки... игноре.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Околу 800 имам, повеќето ги знам, ни и тие што не ги знам лично ги запознавам и некад кога се сретнеме само едно Здраво :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
307 пријатели моментално. Накај 280 ги знам лично а другите се луѓе со кои си имам комуникација како да се веќе знаеме. Има и луѓе кои ги знам а ги немам на Facebook зашто едноставно не ми требаат, немам комуникација со нив до тој степен за да ги имам на Facebook. Прифаќам кого знам а додавам кој ми е интересен т.е. сум го видел кај мои пријатели како комуницира. Рандом фаци не прифаќам и не додавам.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Јас како најмалце да имам од сите што се изјасниле до сега :).

Имам точно 197, а лично се знам со барем 170... останатото се луѓе од различни интернет заедници, да кажам со тие што почесто контактирам или може да ми се најдат за нешто :). Инаку имам и лица што ги знам лично, (екс)школски, пријатели и сл., но ги немам за пријатели... А голем дел што имам, посебно од женската популација им имам стегнато хајд, оти многу замарат со тоа лајковите од Х сајтови и статуси кога била по ВеЦе и во која поза се онаквела синоќа. :pipi:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Јас како најмалце да имам од сите што се изјасниле до сега :).

Имам точно 197, а лично се знам со барем 170... останатото се луѓе од различни интернет заедници, да кажам со тие што почесто контактирам или може да ми се најдат за нешто :). Инаку имам и лица што ги знам лично, (екс)школски, пријатели и сл., но ги немам за пријатели... А голем дел што имам, посебно од женската популација им имам стегнато хајд, оти многу замарат со тоа лајковите од Х сајтови и статуси кога била по ВеЦе и во која поза се онаквела синоќа. :pipi:
Не нема врска тоа колку пријатели имаш,битно е со колку од нив комуницираш....Познавам личности кои едвај имаат од сила по 50 пријателиња на фејсбук кај кој се додадени само пријатели и роднини за комуницирање...Порано беше со СМС пораки а фејсбукот го замени мобилниот телефон.
Што сакав да кажам,имам 697 пријателчиња,пола ми се школски и колеги останатото роднини и пријатели со кој си го имам муабетот :) а се наога и по некој непознат ама изгледа како што ми се чини брзо ке ги снема од листата на пријатели.Никогаш не знаеш кој може да те додаде за пријател.Имаше еден случај кај нас....на близок член од фамилијата му беа понудиле пријателство со лажен идентитет ко демек колега од факултет и му провали во приватноста,после некој ден јас забележувам дека му имаат направено лажен профил на мојот познајник...јбг треба секогаш да внимаваш кого да аднеш,ми дава слобода тоа кога ги видам и заедничките пријатели,тогаш без проблем ги прифакам :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во овој момент имам точно 499 пријатели на фб :pos:
Директно или индиректно познавам барем 80-90 % од нив... а дргугите појма немам кој се и за жал ич не ме заболуе таковот :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom