Конечно, Друцас ги отвори грчките карти

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Конечно, Друцас ги отвори грчките карти

Тој им порача на сите дека не се работи за името на државата, туку за т.н. „македонско прашање“! Стави до знаење дека името е само параван и начин да се постигнат многу подлабоки цели



1. Деновиве, на Генералното собрание на ООН, Друцас докрај ги отвори грчките карти, за да нема никакви дилеми за суштината на проблемот. Во дебатата тој рекол: „Спорот со името не е билатерален проблем и не е ситничарење за историски симболи, како што некои сакаат да го прикажат, туку регионално прашање, со длабоки историски корени, врзано за добрососедските односи!“

Со други зборови, Друцас им порача на сите дека не се работи за името на државата, туку за т.н. „македонско прашање“! Стави до знаење дека името е само параван и начин да се постигнат многу подлабоки цели. Името на нашата држава, која е прогласена во 1944 година, нема толку „длабоки историски корени“ за на него да се однесува оценката на Друцас, ниту тоа може да биде „врзано за добрососедските односи“. Во никој случај името не е ни „регионално прашање“ кое ги вознемирува соседите, како што тврди тој. Тоа можат да бидат само Македонците. Името на државата не им пречи ниту на Бугарија (спорни им се точно Македонците), ниту на Србија (црквата индиректно го оспорува народот), ниту на Албанија (која се држи до референцата надевајќи се дека Атина ќе го обезличи народот). Периодот на кој мисли Друцас е далеку пред Втората светска војна. Тоа е времето кога се делеше Македонија и кога беа оспорувани Македонците.

2. Што повеќе требаше да каже Друцас, или кој било од неговите, за да се разбере суштината на проблемот? Веројатно не сакајќи, тој го девалвира и „силниот“ адут на некои за т.н. „антиквизација“ - која, демек, ја поткопала позицијата на државава во спорот. Точно е дека таа не ни требаше во овој момент, ама тој им плисна во лице дека проблемот е многу подлабок отколку „ситничарење за историски симболи“.

3. Говорот на Друцас, прочитан во ООН, е уште една шлаканица за нашите ‘рбетовиткачи. Тие не смеат да признаат дека ова е обид да се затвори „македонското прашање“ со промена на идентитетот на народот. Ако тоа го сторат, „теориите“ им паѓаат во вода и ќе си ја пресечат гранката од која верглаат бесмислици и создаваат раздор во државава.

4. После говорот на Друцас веќе не мораме да ја прашуваме Атина што всушност таа бара, како јавно во ТВ-дебата предложи еден претседателски кандидат. Намерно како и другите истомисленици, и тој ја игнорира целта на Атина, ама „незнаењето“ воопшто не му пречи да поддржува и да промовира решенија за проблемот, кои се спротивни на нашите долгорочни национални интереси.

5. Тажна е вистината дека Атина настојува да го увери светот дека Македонците се сe' уште јаболко на раздорот на Балканот и дека затоа треба да се прекрстат. Тоа што не сме на крајот на 19 туку веќе во 21 век, за нив - нема значење. Барем кога сме ние во прашање. Позитивно е што Друцас ја откри вистината за спорот, која досега ја криеја. Тоа е убава можност за наша соодветна реакција.

6. Сепак, факт е дека Македонците, во рамките на поранешна Југославија, не „бодеа“ толку очи бидејќи тие ни во самата федерација не доаѓаа (доволно) до израз. За надвор од неа и да не зборуваме. Надворешната политика беше во рацете на Белград, со одредено влијание на Загреб и на Љубљана. Ние (речиси) не се мешавме. Распадот на СФРЈ, меѓутоа, ги промени работите. Атина рано сфати дека независна македонска држава неизбежно ќе го промовира македонизмот. Свесна дека тоа мора да се спречи, во август 1988 година, таа за прв пат во историјата почна официјално да го користи името на регионот, Македонија, и за северниот дел од земјата и за три дистрикти. Целта набргу се потврди: да се оспори постоењето на Македонците, надвор од Грција.

Со тоа, почна ново, современо игнорирање на националниот идентитет на македонскиот народ, директно проблематизирајќи го и самото постоење на негова држава. Крајот на исклучително тешката голгота, и за народот и за државата, која трае речиси 20 години, не се наѕира.

7. Самитот во Лисабон, во ноември, нема што да одлучува за нас. Алијансата веќе го верификува нашиот прием, ама под неприфатлив услов. Засега, понудата е јасна: како Македонци не можеме да влеземе ниту во НАТО ниту во ЕУ. Ние сме на потег. Ако сакаме нешто да промениме, мора да се тргне во офанзива. Нема индикации дека тоа се прави. А на располагање имаме низа практични, политички и дипломатски чекори, кои треба и мора да ги преземаме. Со молчење, само си ја влошуваме веќе незавидната позиција.

8. Пред што било друго, треба да се преиспита нашиот однос кон НАТО. Брисел не заслужува наши војници и лекари да ги ставаат во опасност своите животи за нивните (проблематични) цели, а за возврат, тие да нe' понижуваат. Тоа мора под итно да се преиспита. Зошто би го промениле тие својот однос, ако од нас добиваат се што сакаат? Да биде апсурдот поголем, ние уште и го зголемуваме учеството во нивните опасни мисии. А згора на се' наши „експерти“ тврдат дека ние не претставуваме никаков стратегиски интерес ни за Вашингтон, ни за Брисел! Ако продолжиме вака, сигурно дека ниту сме, ниту ќе бидеме.

9. Без да се преценуваме и не негирајќи го нашиот нагласен интерес за членство во НАТО, треба да тропнеме на маса и да кажеме дека уцени не прифаќаме. Ако немаме кураж за такво нешто - со право (ќе) нe' онадат.

10. Не треба да се заборава дека ниту САД, ниту НАТО, ниту ЕУ немаат никакви „светли точки“ веќе подолго време. Поминува половина од мандатот на Обама - без (некаков) успех. Светска економска криза, Авганистан и Ирак во хаос, еврото под прашање, БиХ... Единствена шанса со нешто да се пофалат, како изгледа, сите гледаат во можноста да се реши нашиов проблем. Би биле среќни ако не се обидуваа тоа да го постигнат со жртвување на Македонците.

Дали ќе успееме да ги спречиме, зависи пред сe' од нас.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=107101533565&id=13&prilog=0&setIzdanie=22103


Да не отварам друга тема ќе прашам овде: Прочитал некој нешто за сослушувањето на Геј Мекдугал во Американскиот Конгрес деновиве? Најдов во Време:

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2139&ArticleID=149734

Ова е извештајот на МекДугал:

http://www.unhcr.org/refworld/country,,,MISSION,GRC,,49b7b2e52,0.html

.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Се чека Геро да го демантира Друцас и да каже дека тоа била негова изјава, а не офцијалната политика на Атина. Пошо Грциве нели ич си немаат проблем со македонскиот народ туку само онака сакаат државата поинаку да ни се вика.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
6.362
сега во 7 ќе има вести на А1, ќе кажат дека овоа е нова лага на груевски.......
 

антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
мислам дека на сите ни беше јацно.
грците ни го сменија надворесното име за сите да не викаат _____ (не сакам да писувам како).
ни го сменија знамето.
ни го сменија уставот.
што остана ?
првен името надворесно и внатресно па нацијата.
јасно е дека грција не може да прифати македонци во две држави.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Абе кој ги е*е... нека го гледаат дворот, зошто заѓубрен им е.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
6.362
А на сител што ќе има ? Монако дека сме станале ? :pos2:
на сител ќе кажат дека 25 европратеници не поддржале, ама сепак неофицијално. во четврточното издание со латас ќе стане и официјално.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И сега очекувајте масовна пропаганда од типот, нема врска, дека они само сакаат “обичен“ компромис, дека без тој компромис одиме кон бездна... :tapp: Ми се повраќа... :pov:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
на сител ќе кажат дека 25 европратеници не поддржале, ама сепак неофицијално. во четврточното издание со латас ќе стане и официјално.
Па 25 ништо не значат со оглед дека има 736 Европратеници.

--- надополнето ---

И сега очекувајте масовна пропаганда од типот, нема врска, дека они само сакаат “обичен“ компромис, дека без тој компромис одиме кон бездна... :tapp: Ми се повраќа... :pov:
Не гледај вести на А1 :D
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
А бе нека кршат глава тие 736 и сите други што се уз гејциве.

Треба да им се вика у лице да си ебат матер, зошто со фино очигледно не бидува.

Имам право да сум тоа што сум? Имам. А ти викаш да се самонегирам. Мрш............... ај кажи ми уште еднаш...
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Па и оној американскиот амбасадор, супер пријателот на Македонија.
Одма ти вели, од многу љубов кон вас, почит кон американската реч према вас каде ве признавме под уставно име, не сонувајте дека со референца ќе влезете во НАТО и ЕУ.
Привремената спогодба каде се пониживме со предавање на бајракот и менување на уставот беше токму за тоа, да не не попречуваат во евроатланските интеграции.
Они не дупат во суштина, инсталиран ни е вирус, се почесто сме на постела, а они како добри пријатели наместо лекот ни даваат книга, како полесно до рајските порти.

Нек се онадат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сите партии во РМ, треба да се прекинат преговорите и да се бара тоа што ни следи, ако умираш да умреш како човек а не како гасеница.
Па ако се пријатели ќе се покажат со дело ако не, што к*р ќе ти се дома да ти се мотаат, да ти пуштаат црви, змии, хемикалии и остали отрвовни работи.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Како што повеќе се влече работава мислам дека нема решение за проблемот со името, уствари единствено можно решение што го гледам е да се прекинат преговорите.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Очигледно е дека се намалуваат аргументите на оние кои се за промена на името, кои тврдеа и сеуште тврдат дека ново име нема да повлече и последици по македонскиот идентитет, култура, јазик, историја.

Македонската посебност и реалност им оди на живци на сите соседи.

Секоја чест за Никовски, докажа човекот дека е солиден патриот.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Линк

Се надевам дека Милошоски блефира за ова!
Ако навистина зборува за евентуална промена на името и ако навистина е сериозен по тој повод, немам зборови...

Да се надеваме дека блефира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom