Пелегрини ја нападна политиката на Реал Мадрид
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини верува дека неговите шанси за успех на Сантијаго Бернабеу биле минирани со хаотичната трансфер политка на Флорентино Перез Чилеанецот доби отказ од Реал Мадрид ова лето по сезоната во која клубот заврши без трофеј и покрај тоа што инвестираше 250 милиони евра за засилување на тимот. Пелегрини, кој беше заменет со Жозе Мурињо, признава дека на располагање имал играчи кои се најдобри во светот но додава дека тимот на Реал не бил балансиран.
“Тие ги ангажираа најдобрите играчи, но не најдобрите играчи што ни беа потребни на одредена позиција.” – рече стратегот за весникот од Чиле,
El Murcurio.
“Не е добро да имате оркестар со 10 најдобри гитаристи а да немате пијанист – Реал Мадрид ги имаа најдобрите гитаристи, но доколку побарам од нив да свират пијано тие нема да можат да го направат тоа толку добро.”
Додека играчи од типот на Кристијано Роналдо, Кака, Чаби Алонсо и Карим Бензема беа донесени минатото лето, Холанѓаните Аријен Робен и Весли Снајдер беа продадени.
Дуото имаше одлични сезони во Баерн Минхен односно Интер, освојувајќи ги трофеите од домашните шампионите и играјќи во финалето од Лигата на Шампионите кои му припадна на тимот од Милано.
Пелегрини вели дека Робен и Снајдер не требале да бидат продадени.
“Перез продаде играчи кои јас ги сметав за важни. Имавме различни мислење кога е во прашање изградбата на тимот.”
“Не ја освоивме Лигата на Шампионите бидејќи немавме состав со соодветна структура за триумф во Европа – тоа беша моето главно несогласување со Флорентино Перез.”
“Во Купот игравме многу лошо, тоа беше срамно и јас ја превземам одговорноста.”
Стратегот исто така верува дека и со триумф во Ла Лига тој ќе го напуштел Бернабеу ова лето.
“Дури и да ја освоевме титулата во Ла Лига јас ќе добиев отказ. Мојот глас не се слушае во Реал.”
Во право е човеков,Робен и Снајдер требаше да останат