Возраст за политика

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ова со зрелоста, е правило, кое кај нас не е многу бенефитно. Сите наши политичари се навистина со минимум триевче на плеќи, но тоа не и помогна на нашата држава да мрдне. Според мене, кој и да е политичар, потребно е едноумие. Ние го немаме. Кога читам за генерациите од пред Втора светска војна, се прашувам дали тој напатен народ сме всушност ние... Бидејќи денешниве генерации, навистина го загубивме сопствениот дигнитет и идентитет позади маските за подобро утре, наречени политички партии. Лично сум сведок дека припадноста во политичка партија, уште од 15 години(во конкретниот пример), довело до тоа да тие индивидуи повеќе просперираат од мене која не сум припадник на политичка партија. Не знам ниту дали ќе го искористам моето право на глас, затоа што сум тотален аутсајдер по однос на темата политика, и супер ми е! Нема потреба да се мафтам со такви прљави игри. Не патам од комплекс за доминација, ниту пак се пикам таму каде што не ми е местото. Дефинитивно, кај нас политичарите следат сопствени идеологии и теории за ,,подобро НИВНО утре".Јас ќе си го изградам на неполитички пат. Иако тој пат може да потрае.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
:nenene::nenene::nenene: Ми ги измеша двата примери, тие беа одделни и се однесуваа за искуствата во животот.


Зошто да ги гледаме минатите избори и што ќе научиме од нив? Само крв, насилство и неколку наместени изборни циклуси. Јас сум да ја прекиниме таа традиција и да си имаме нормални демократски избори.
Е сега за марихуаната можеби претерав со примерот, ама и уништување на млад човечки живот е искуство, ако го преживее тоа уништување.
Не да ги гледаме насилствата, туку да гледаме како се развивале партиите, нивните ставови порано, сега сосема поразлични ставови имаат и други работи кој не можам сега да мешам во темава.

Бтв, Ако не те мрзи прочитај го во целост постот од Bacillus gagous погоре малце. Објаснето е убаво.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Р.Ѕ. за Буцио: во однос на нашата мила и млада членка кит-катче, без разликата дали таа сакала или ти си скала или нејќел кит катче сега се наоѓа во ситуација да е принудена порано и побрзо со сила (нормално со цена по нејзината иднина и евентуално здравје) да го започне процесот на созревање. Дали таа тоа доброволно го прави оли на фин начин е принудена тоа да го прави не навлегувам таа најдобро треба да си знае. Ама јасно е дека кит катче во дадениот момент реално се наоѓа во периодот во кој ги создава своите долготрајни цврсти принципи и цели. Или со други зборови односно селски кажано почнува да сознава како сама да си го избрише својот газ, а за да научи како да им го брише газот на блиските нејзини односно да им го брише газот на поголема група на луѓе (да донесува одлуика за нив) уште има многу векни леб да јаде. Опасноста е само да самата стане колатерална штета на некој што се мисли дека за другите може да носи одлуки а не е дораснат за тоа.
За претходното погоре што го имаш напишано генерализираш со стереотипи, а јас се повторувам со ова којзнае кој пат. Има еден член на форумов со ник Гладиус, не знам колку години има ама според постовите што ги пишува сигурно е средношколец. Отвара теми ко у шале, и да ги видиш темиве се далеку позрели од некои кој што се повозрасни од него. Капа му симнувам на детево и почит од мене.


Извини вака ама ти Клеопатра балканска пророчица да не си, па и ја предвидуваш иднината на Кит катче :smir:. Јас не ја познавам лично нејзе и не и ги знам причините за нејзиното политичко дејствување и не ми е битно тоа. Него битно ми е тоа што луѓево серат, врз нечии човечки соништа, можеби се гледа како голем политичар, а мудриве возрасни јадат бурек за нејзиниот живот. Сигурно нивните животи не им се средени па ќе им го средуваат на друг животот. Не прави ништо лошо тоа што е политичка активна, и ако е паметна колку што е убава самата ќе си се пази од невољи.

За своите принципи и цели нема да шпекулирам, како ги создава и кога ги создава Кит Катче сама ќе си одговори, оти не знам да читам човечки мисли :smir:.

Последново болдирано нема да го коментирам.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не прави ништо лошо тоа што е политичка активна, и ако е паметна колку што е убава самата ќе си се пази од невољи.
Да се надеваме за нејзино добро.
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Политика, Полтика, Политика.
Прво да тргнеме од тоа што е политика. Политика во основа не е ништо повеќе од систем вредности, начини и протоколи како да се решаваат конфликти и да се исполнуваат интереси на големи групи луѓе. Со други зборови менаџирање социолошки проблематики на масивно ниво.
Прва работа, многу збораш малку кажваш. Напиша километарски пост со надеж дека никој нема да го прочита? Не ти држат вода муабетите.
И дај еднаш прекинете со тие мангуплоци, демек вие најголемите, најпаметните, најискусните..најинтелегентните...
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Прва работа, многу збораш малку кажваш. Напиша километарски пост со надеж дека никој нема да го прочита? Не ти држат вода муабетите.
И дај еднаш прекинете со тие мангуплоци, демек вие најголемите, најпаметните, најискусните..најинтелегентните...
Се гледа дека не си го прочитала целиот мој пост ко прво, ко второ искерено многу ме е жал кога не се читаат моите постови пошто јас времето пред компјутеров за пишување на тој пост не го трошам колку за да напишам нешто туку за да развијам поквалитетна дискусија.
Што се однесува до мојот стил на пишување, да им многу објаснување на една иста работа со повеќе детали ама тоа е пошто ако го напишам сижето како што јас го гледам без никакво појаснување и аргументација никој нема да го разбере.
Така да ако навистина сакаш квалитетна дискусија земи прочитај го и обиди се да го разбереш мојот пост. А јас моите тези ќе бидам повеќеќ од среќеќн да ги коригирам ако ти изложиш квалитетни и добро основани контрааргументи.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Прва работа, многу збораш малку кажваш. Напиша километарски пост со надеж дека никој нема да го прочита? Не ти држат вода муабетите.
И дај еднаш прекинете со тие мангуплоци, демек вие најголемите, најпаметните, најискусните..најинтелегентните...
во право си !!!! политиката и водењето на државата треба да и се довери на најмалите ,најнеискусните и најглупите!
 

tete

серанова
Член од
14 септември 2009
Мислења
124
Поени од реакции
5
Јас мислам дека не се битни годините во врска со политиката. И ме нервира што ние децата немаме право на избирачки глас! Зарем ние не спаѓаме во граѓаните на Македонија? А јас секако би гласала за вмро-дпмне! Сите у моја фамилија се за вмро-дпмне ама тоа можеби има мал дел зошто и јас сум за вмро-дпмне. И јас сум за вмро-дпмне затоа што иако сум дете ми се допаѓа како работат! Најдобра партија се!:wink:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Јас мислам дека не се битни годините во врска со политиката. И ме нервира што ние децата немаме право на избирачки глас! Зарем ние не спаѓаме во граѓаните на Македонија? А јас секако би гласала за вмро-дпмне! Сите у моја фамилија се за вмро-дпмне ама тоа можеби има мал дел зошто и јас сум за вмро-дпмне. И јас сум за вмро-дпмне затоа што иако сум дете ми се допаѓа како работат! Најдобра партија се!:wink:
:nesvest:
 

tete

серанова
Член од
14 септември 2009
Мислења
124
Поени од реакции
5
Шо се чудиш?:wink:Сеа не дека многу многу се замарам со политика ама бидејќи темава е таква си кажав:wink:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Шо се чудиш?:wink:Сеа не дека многу многу се замарам со политика ама бидејќи темава е таква си кажав:wink:
13 години имаш, имаш време и за политика и за секакви чуда. Релаксирај си го мозокот, детството уште ти трае. Играј си на компјутер, спортувај, дружи се, излегувај. Живееш години кои никогаш нема да се повторат, најубавите години. Ќе и дојде редот и на политиката во твојот живот, не бега. Само што илузорно е уште од сега да се заморуваш со тие работи и да бидеш изложен на партиски препукувања, а и верувам дека пола од политичките термини не ги знаеш, што не е ништо чудно за 13 годишник. :smir:
 
I

Intex

Гостин
Темата ме погоди. Јас сум дело на политиката (моите се запознале на некој состанок). Јбг, и такви средби бидува. Уште од кога паметам за мене, пред мене се зборело за политика. Задоен сум со некои политички идеи, а би сакал да не се случило тоа. Сепак не е моја вина, до моите родители е.
Сепак за политика пред деца не треба да се збори се до нивната 13-14 година. Не треба нити покасно да биде, зошто пак ептен тупи ќе бидат во врска со оваа тема.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Сакале или не политиката мора да се занимаваме со политика, не може да ја отргнеме од нашиот живот, тоа тие ко да те еби некој а ти да не осеќаш. Реалност кај нас инститиуциите имаат сексуална дејност, да го ебат на народот.

Пардон за речникот:)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Демешната политика со политиката во време на Александар нема никаква допирна точка, така да и не ми е баш јасно зошто Трн ја спомна..
Денешната политика е на исто ниво со Религијата, односно чиста пропаганда.
А јасно ни е на сите дека дете до 18/20 години лесно потпаѓа под пропаганди со оглед дека сеуште го ранат други, други кој за него се најчесто во право, и нивниот говор го зима здраво за готово, со оглед дека му се супериорни..
У една реченица: Чоек што не размислува со своја глава, несмее да има никаква врска со политика..
 
S

smart ass

Гостин
во принцип сум алтруистички настроен....ама политичари мразам бидејќи нивниот најголем успех е НЕУСПЕХ.

Затоа и немам партиска книшка и не планирам да имам-тоа е како душата да ја дадам на ѓаволот!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom