Каков рекет, што зборувате? И тоа го има?
Јас си побарав таква агенција, ми го обезбедуваат дуќанот, но си плаќам месечно колку треба и толку е. А и тоа, не е многу. Луѓето нон стоп се вртат тука, едно сме. Воопшто нема таков однос. Баш ме зачудивте.
А со вработените општо имам направено муабет, дека нејќам да навлегувам повеќе. Ми кажале дека не земаат редовно плата (не прашав и нередовната колку е), иако агенцијава е доста позната и обезбедува многу објекти во Охрид и Струга. Но тоа веќе зависи од газдата, ваљда не е секаде исто.